Connect with us

свет

Што е ChatGPT за коjшто сите зборуваат?

Вештачка интелигенција

објавено

на

Компанијата OpenAI го претстави деновиве ChatGPT, четбот  со вештачка интелигенција способен да генерира импресивно детални текстови врз основа на само неколку клучни термини. Тоа е најновото издание на технологијата GPT (Generative Pre-Trained Transformer) што создава текст многу сличен на она што човекот може да го напише.

Пред десетина дена во Сан Франциско, компанијата OpenAI, ко-основана во 2015 година со инвеститори од Силиконската долина, вклучувајќи ги Илон Маск и Сем Алтман, го претстави ChatGPT, четбот (chatbot, дигитален асистент што може да комуницира со вас, н.з.)  со вештачка интелигенција способен да генерира импресивно детални текстови врз основа на само неколку клучни термини.

Тоа е најновото издание на технологијата GPT (Generative Pre-Trained Transformer) што создава текст многу сличен на она што човекот може да го напише.

Бидејќи ChatGPT може да пишува детални описи и одговори на сложени прашања, стихови, па дури и да пишува програмски кодови врз основа на куп информации достапни на Интернет, тој веќе е прогласен за голем конкурент на Google.

Пробавме да видиме како ChatGPT работи, па му поставивме прашање „Дали знаеш нешто за Македонија?“  Ни одговори дека “Македонија е земја во балканскиот регион на Европа, којашто стекнала независност од Југославија во 1991 година и е членка на Обединетите нации“. ChatGPT  знае и дека земјата е позната по својата богата историја, култура и природни убавини, вклучително езера, планини и национални паркови.

ChatGPT знае за Македонија

За само неколку дена, поради својата едноставност и точност на резултатите, ChatGPT го привлече вниманието на бројни корисници, технолошки ентузијасти и експерти. Со таков брз развој на вештачката интелигенција, со право се поставуваат прашањата дали системите како ChatGPT можат и дали на крајот ќе  ги заменат професиите кои зависат од создавањето содржина, а тука се на удар новинарите, па дури и програмерите. Загрижени се и професорите кои стравуваат дека студентите би можеле да ги злоупотребат таквите системи во нивните академски трудови.

Пробавме да видиме како ChatGPT работи, па му поставивме прашање „Дали знаеш нешто за Македонија?“.

Ни одговори дека “Македонија е земја во балканскиот регион на Европа, којашто стекнала независност од Југославија во 1991 година и е членка на Обединетите нации“. ChatGPT  знае и дека земјата е позната по својата богата историја, култура и природни убавини, вклучително езера, планини и национални паркови.

Но, кога станува збор за новинарството, на пример, на ChatGPT сè уште му недостасуваат нијанси, критичко размислување и етички вештини за донесување одлуки кои сè уште не можат да се генерираат со вештачка интелигенција.

Развојот допрва следи

Ко-основачите на OpenAI  сакаа овој четбот да му користи на човештвото, да функционира на принципот на материјали со отворен код (open source) и да работи како непрофитна организација. Судејќи според неодамнешниот твит на Маск, ниту една од овие цели не е постигната досега, што на крајот и го оддалечи него од компанијата од којашто ја напушти управата во 2019 година.

Исто така, ко-основачите на компанијата  сакаа овој четбот да му користи на човештвото, да функционира на принципот на материјали со отворен код (open source) и да работи како непрофитна организација. Судејќи според неодамнешниот твит  на Маск, ниту една од овие цели не е постигната досега, што на крајот и го оддалечи од компанијата од којашто ја напушти управата во 2019 година.

Целта на OpenAI беше да создаде лесен за користење четбот и успеаја. Од компанијата, пак, признаваат дека четботот може да даде сосема погрешни одговори и дезинформации кои звучат уверливо, но се целосно неточни. Проблемот е што неговата сегашна информативна база не содржи податоци од 2022 година, туку заклучно со 2021. Како што правилно заклучи OpenAI, овие проблеми тешко се решаваат бидејќи идеалниот одговор на прашањето зависи од тоа „што знае системот, а не од она што го знае човекот“.

Но, како што објави The Guardian, Сем Алтман, кој е и извршен директор на OpenAI, изјавил дека ChatGPT е само „демо верзија“ на она што ќе стане возможно да се генерира со помош на вештачка интелигенција.

„Наскоро ќе можете да имате корисни асистенти кои ќе разговараат со вас, ќе одговараат на прашања и ќе даваат совети. Подоцна, ќе може да имате нешто што ќе  ги заврши задачите наместо вас. На крајот ќе можете да имате нешто што се  активира и открива ново знаење за вас“, објасни Алтман.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор