Connect with us

регион

Што напишаа светските медиуми за преземањето на Бугати од страна на Римац

објавено

на

Веста досега ја објавија Си – Ен – Ен (CNN), Ројтерс (Reuters), Фајненшл Тајмс (Financial Times), Си – Ен- Би – Си (CNBC),  Врџ (The Verge и други, како што пренесува порталот Index.hr.  

Цела низа влијателни светски медиуми ја објави веста за преземањето на автомобилскиот бренд Бугати (Bugatti)  од страна на хрватскиот претприемач Мате Римац. Веста досега ја објавија Си – Ен – Ен (CNN), Ројтерс (Reuters), Фајненшл Тајмс (Financial Times), Си – Ен- Би – Си (CNBC),  Врџ (The Verge и други, како што пренесува порталот Index.hr.  

Си – Ен – Ен  наведува дека Фолксваген групацијата (Volkswagen) и Порше (Porsche) се договориле за создавање нова компанија која ги спојува Римац Автомобили (Rimac Automobile), хрватска компанија што произведува електрични супер – автомобили  и славниот италијански бренд на ултралуксузни супер – брзи автомобили, Бугати. Седиштето на новооснованата фирма Бугати Римац ќе биде недалеку од Загреб, пишува Си – Ен – Ен, додавајќи дека Бугати ќе продолжи да функционира како посебен бренд, иако Римац и Бугати заеднички ќе развиваат нови автомобили на Бугати.

Си – Ен – Ен пишува дека Римац во автомобилската индустрија влегол како 21 – годишник, и дека прво го развил Concept One, а потоа и Rimac Nevera, автомобил од 1.900 коњски сили вреден 2,4 милиони долари. Во написот на американската новинска куќа се наведува и дека Римац досега се специјализирал за развој на технологија за електрични автомобили, вклучително и батерии. Меѓу клиентите на Римац се компании како Јагуар (Jaguar), Астон Мартин (Aston Martin) и шведскиот производител на супер – автомобили Кенигсег (Koenigsegg). Си – Ен – Ен ја спомнува и соработката помеѓу Римац и италијанската Пининфарина (Pininfarina), компанија своевремено позната како дизајнер за Ферари (Ferrari).

Римац во автомобилската индустрија влегол како 21 – годишник, и прво го развил Concept One, а потоа и Rimac Nevera, автомобил од 1.900 коњски сили вреден 2,4 милиони долари.

Мате Римац рече дека спојувањето со Бугати не значи дека Бугати отсега ќе произведува само електрични автомобили, но навести дека во блиска иднина сигурно ќе има и електрични модели на Бугати. Најави и дека наследникот на славниот модел на Бугати, Chiron, многу веројатно ќе има хибриден погон.

Фајненшл Тајмс: Римац во 2009 почна во гаража, а сега е меѓу најбараните иноватори

Преземањето на Бугати од страна на Римац Фајненшл Тајмс го опишува како “зделка којашто ја цементира позицијата на Римац како етаблирана сила во автомобилската индустрија“.

Новата компанија ќе се вика Бугати Римац и ќе ја води Мате Римац, наведува ФТ, додавајќи дека Римац својата компанија ја основал во 2009 година во гаража, и оттогаш станал еден од најбараните технолошки иноватори во индустријата.

Фактот што Бугати ќе биде контролиран од специјалист за електрични автомобили е голем исчекор за брендот, познат по своите бучни хипер – автомобили и мотори од 16 цилиндри,  смета ФТ. Меѓутоа, напредокот во технологијата на батериите, доведе до постигнување на брзини што не можат да ги достигнат ниту најнапредните возила придвижувани со мотори на внатрешно согорување, истакнува ФТ преку примерот со Nevera на Римац, кој би требало да е најбрзиот сериски автомобил произведен во историјата. (таа титула досега ја држеше Bugatti Chiron).

Римац, како што пренесува ФТ, рекол дека до крајот на деценијава Бугати ќе произведе потполно електричен автомобил, а дотогаш ќе се фокусира на хибридни модели.

„Можеме да имаме две паралелни, потполно различни производни линии“, рече Римац, којшто Бугати го спореди со швајцарските часовници, а Римац Автомобили со часовниците на Епл (Apple).

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка