Connect with us

lifestyle

Што научи Ричард Бренсон од своите најголеми неуспеси

Најголемиот авантурист меѓу претприемачите и најголем претприемач меѓу авантуристите

објавено

на

Милијардерот Ричард Бренсон поседува толку многу бизниси во рамки на неговата групација Вирџин, па во една прилика има кажано дека и самиот веќе не може да води сметка што сеима во неговото портфолио. Неговото богатство денес се проценува на над 5 милијарди долари и според таа сума тој дефинитивно не е меѓу најбогатите 10 или 20 луѓе на планетава. Но поради неговиот карактеристичен глад за иновации и успех, неговата популарност во глобални рамки е огромна, а британската кралица му има дадено титула “сер“ поради неговиот придонес во развојот на претприемништвото.
Сепак, и еден Бренсон, којшто во моментов е преокупиран со обидите да стане прв што ќе нуди комерцијални летови во вселената преку сопствената компанија Вирџин Галактик
, немал баш цело време ѕвездени мигови во кариерата. Магазинот Entrepreneur ни дава преглед на неколкуте најголеми грешки што ги направил Бренсон и што може да научиме од нив.

1. Кога неговата прва компанија не можела да заработи ништо.

Бренсон го напуштил училиштето во 1967 година, на 16 години, со намера да го почне својот прв бизнис: магазинот Студент. Сакал весникот да стане глас на неговата генерација, и за волја на вистината, Студент објавил интервјуа со неколку големи имиња, но не направил и големи пари. Кеш-флоуто наскоро станало проблем за амбициозниот издавач. Доколку се држел до првичниот план, Бренсон би можел наскоро да потоне во бизнисот. Но, тој решил да биде флексибилен и скршнал во друга територија, што подоцна се покажало како вистински потег, а тоа е музиката. Основал бизнис за нарачки на музички плочи преку пошта со попуст, и она што почнало како потфат за да се плати за магазинот, потоа прераснало во музичка империја вредна милијарди долари, позната како Вирџин Рекордс.

2. Кога Вирџин Атлантик Ерлајнс  за малку ќе “слетала“ уште пред да полета.

Бренсон ја лансирал  авиокомпанијата Вирџин Атлантик Ерлајнс  во 1984 година со цел да им овозможи на патниците подобро искуство во летањето. Гледал голем потенцијал во тој бизнис, но имал малку искуство и неговиот нов бизнис потфат речиси и ќе пропаднел уште пред да полета официјално првиот авион.

 За време на првиот тест лет на единствениот авион на Вирџин, изнајмениот Боинг 747, јато птици влетало во моторот, предизвикувајќи голема штета. Компанијата не можела да добие дозвола да почне со превоз на патници без функционален авион, а не можела да најде пари за поправка доколку не е сертифицирана. Наместо да паничи или да се откаже, Бренсон останал оптимист. Работел брзо, ги реструктурирал своите компании, па извлекол пари од други бизниси за да може поправката да се направи што побрзо. Авиопревозникот ја добил потребната дозвола и првиот лет на Вирџин од лондонски Гетвик до њујоршки Њуарк бил успешен.

3. Кога неговата компанија за газирани пијалаци пропаднала.

Вирџин повторно влегла на нова територија во 1994 година со лансирањето на Вирџин Кола, газиран пијалак создаден со цел да им конкурира на Кока – Кола и Пепси. Првичните тестирања на вкусот биле ветувачки, и на почетокот Бренсон имал големи надежи. „Кока – Кола е најпознатиот бренд во светот, и ако успееме да ja разнишаме, би било многу забавно“, рекол тој во една прилика.

Но доста брзо станало јасно дека Вирџин Кола не се продава. Била премногу слична со другите кола пијалаци така што не можела да изгради свој идентитет. Компанијата пропаднала за неколку години, а Бренсон научил важна лекција притоа – ако не си уникатен, нема да бидеш забележан.

4. Кога патот околу светот за малку ќе го чинел живот.

Личните амбиции на Бренсон се големи колку и професионалните. Тој се обиде да сруши неколку светски авантуристички рекорди и беше првиот човек во историјата што пилотирал балон со топол воздух над Атлантикот. Но, неговиот пат околу светот не беше толку успешен потфат. Откако случајно испуштиле добар дел од горивото, Бренсон и неговиот ко-пилот се нашле над Пацификот соочувајќи се со силни ветрови. Без надеж за спас, тие пресметале дека имаат само 5% шанси да останат живи. Брансон има кажано дека се соочиле со две опции, или да се спуштат долу и да си ја прифатат судбината, или да останат горе уште три дена обидувајќи се да дојдат до Северна Америка. На крајот успеале некако да стигнат до копното, а ова искуство го научило Бренсон за значењето на упорноста. “Никогаш не се предавајте“, рекол во едно интервју. “Дури и да звучи малку излитено, секогаш бори се, бори се, бори се за да преживееш.“

5. Кога Вирџин Автомобили го промашија знакот.

Вирџин Групацијата постигна голем успех со авионите и возовите, но со автомобилите беше друга приказна. Во 2000 година, Бренсон реши да ја лансира Вирџин Автомобили, онлајн бизнис со цел да го промени начинот на којшто се продаваат автомобили. Компанијата почна силно, но наскоро загуби здив и се затвори по неколку години.

Бренсон за овој неуспех рече дека причина е тоа што се фокусирал на погрешна иновација. Заклучил дека она што треба да се менува кај автомобилската индустрија не е начинот на којшто се продаваат возилата, туку какви горива користат. Оттогаш тој многу инвестира во креирање на повеќе еколошки горива. Исто така, тој воведе ново правило за сите негови бизниси: Не може да има профит без јасно дефинирана цел.

6. Кога потрошувачите не ги прифатија неговите фустани.

Бренсон имаше неколку безуспешни обиди за влез и во модната индустрија. Основаше и компанија за облека, козметички бренд, дури и марка на долна облека што требаше да ѝ конкурира на Викторијас Сикрет.

Можеби најизненадувачко беше отворањето на Вирџин Брајдс, бутик за венчаници што Бренсон го отвори во 1996 година. Бренсон дури си ја избричи и брадата и облече еден од венчалните фустани по повод лансирањето на брендот, но неговата краткотрајна кариера на модел не успеа да ги предизвика значителни продажби.

Неколкукратните обиди на Бренсон да ја направи Вирџин модерна ја рефлектираат неговата спремност на неуспех. Иако не се предава лесно при спроведувањето на проектите, тој исто така е непоколеблив и кога нештата не излегле според планот. Почнува одново со нов пристап.

7. Кога Вирџин Диџитал не постигна даунлодирања.

Вирџин Диџитал ги отвори своите врати онлајн во 2005 година. Тоа беше сајт за даунлодирање на музика, замислен во стилот на iTunes на Епл, којшто тргна со импресивна библиотека на песни и албуми. Исто така имаше и сервис за претплати на дигитална музика којшто беше предвесник на платформите што подоцна се појавија, како Спотифај и другите.

За жал, она што Вирџин Диџитал го немаше беше iPod. Платформата се бореше против Епл и пиратските музички сајтови околу две години пред да се затвори конечно во 2007 година. Овој неуспех беше потсетник за Бренсон дека секогаш е подобро да си поставиш своја патека одошто да следиш туѓи чекори.

Секој од овие неуспеси на Бренсон би можел да ја уништи целата негова кариера доколку тој го дозволел тоа, но одлика на вистинскиот претприемач е способноста да се адаптира на променетите околности. Вистински авантурист како во животот, така и во бизнисот, Бренсон продолжува да ги поместува своите граници, а ние сите може да научиме нешто од неговата сторија.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

свет5 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет6 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија10 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија20 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија5 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија3 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет6 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис

здравје6 дена ago

Дали новиот лек против ковид на Мерк може да донесе пресврт во пандемијата?