Connect with us

македонија

Што носи европскиот „План за раст“ за Македонија и земјите од регионот?Македонија има шанса да повлече 860 милиони евра, од коишто една третина неповратна поддршка за инфраструктура

Што носи европскиот „План за раст“ за Македонија и земјите од регионот?

објавено

на

Повеќе инвестиции, поголем економски развој, но и решавање на споровите во регионот, како и споровите поврзани со минатото нуди Планот за раст што го предлага Европската унија за земјите од Западен Балкан. Покрај конкретни социо-економски реформи, се споменува и владеење на правото, демократијата и почитувањето на основните човекови права и слободи. Транспарентност и надзор на буџетите, здраво управување со јавни финансии, како и макрофинансиска стабилност. Но, оние земји што  стагнираат со реформи, не напредуваат на патот кон ЕУ и не ја усогласуваат својата надворешна и безбедносна политика со политиката на Европската Унија, нема да можат да добијат пари од новиот Фонд за реформи и раст на Западен Балкан, порачаа од Унијата.

Земјите од Западен Балкан се исправени пред историска шанса, со напорна работа низ сериозен реформски процес конечно да се влезе низ портите на Европската унија (ЕУ). Планот за раст кој го усвои Европската комисија (ЕК) минатиот ноември, пред неколку денови  во Скопје ја започна својата реализација, на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан. Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија пред себе имаат “условени“ 6 милијарди евра“, но на располагање ќе ги имаат само доколку ги исполнат реформите.

Според предлогот на ЕК, станува збор за две милијарди неповратна помош и четири милијарди заеми, наменети за реформа на политичките, правните и економските системи, со цел да се намали разликата меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и да се поддржи процесот на приклучување на тие земји во ЕУ.

Герт Јан Копман од ЕК, рече дека конвергенцијата на Западен Балкан во однос на бруто домашниот производ по глава на жител изразена во стандардите на куповната моќ останува ниска и изнесува околу 30 отсто од просекот на Унијата и не напредува доволно брзо, и затоа е неопходно да им се помогне на реформските процеси на идните членки на ЕУ.

Тој истакна дека е поттикнат од работата која досега Северна Македонија ја има постигнато и напомена оти смета дека Планот за раст може потенцијално да го промени регионот, но може и да го забрза процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Охрабрен сум од работата која што досега Северна Македонија ја има сработено од агендата за реформи. Вашите преговарачи со нашите тимови напредуваат многу и ова не помина незабележано во ЕУ. Денес го гледаме заедничкиот регионален план во рамките на Планот за раст и сметаме дека тоа е клучно за поттикнување на растот но и на зголемување на економијата. Често го споменувам и фактот дека со пристапувањето во ЕУ, трговиите растат. Ние сме тука да ви помогнеме“, рече Јан Копман, генералниот директор за соседство и преговори за проширување во ЕК и креатор на Планот за раст. Тој додаде дека е охрабрен од личната посветеност на Северна Македонија и потенцираше дека е потребно земјите да соработуваат меѓу себе, да не постојат блокади, бидејќи трошокот од несоработката е многу висок.

Лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот за Планот за раст за регионот што се одржа деновиве во Скопје  се обврзаа за развој на шесте држави по европски стандарди и го нагласија огромното значење на соработката во регионот, како стратешки сојуз на државите од Западен Балкан, за постигнување на заедничка цел – членство во Европската Унија.

Поддршка од САД

Оценет како “добра шанса за земјите“, ЕУ ги исправи лидерите пред сериозен предизвик. За периодот од 2024-2027 година мора ревносно да се работи на Реформи за усогласување со правото на ЕУ и со нивните фундаментални вредности и принципи, посебно во однос на владеењето на правото и судската независност. Повеќе инвестиции, поголем економски развој, но и решавање на споровите во регионот, како и споровите поврзани со минатото. Покрај конкретни социо-економски реформи, се споменува и владеење на правото, демократијата и почитувањето на основните човекови права и слободи. Транспарентност и надзор на буџетите, здраво управување со јавни финансии, како и макрофинансиска стабилност.

Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ, изјави Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД којшто присуствуваше на лидерскиот состанок за Планот за раст во Скопје.

„САД секогаш стојат зад Македонија и ја поддржуваат Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма“, рече О’ Брајан.

Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија
„Планот за раст нуди значителни придобивки и за постојните 27 земји членки на ЕУ. Повеќе царински олеснувања, подобра гранична инфраструктура, интегрирање на системот за регистрација на компаниите е се она што може значително да го намали трошокот на трговијата.“

Се очекува 860 милиони евра за Македонија

Што нуди Планот за раст на Западен Балкан?
Целта на Планот е да се поддржат земјите кандидати за членство или аспиранти за кандидатски статус да ги забрзаат реформите и да се зголеми нивниот економски потенцијал со цел побрз напредок во евроинтеграцискиот процес.

Планот се состои од четири столба: 1) Зголемување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија; 2) Поттикнување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан; 3) Забрзување на структурните реформи и поддршка на евроинтеграцискиот процес на Западен Балкан, подобрување на одржливоста на економскиот раст, привлекување странски инвестиции и зајакнување на регионалната стабилност и 4) Зголемување на финансиската поддршка за реформи и раст на земјите во регионот преку Фондот за реформи и раст, пишува Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна деновиве.

Планот за раст е Отворање на единствениот пазар на ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Според Бесими, приближувањето на земјите од регионот кон единствениот пазар на ЕУ би претставувало придобивка за сите граѓани од регионот. Всушност, ова е најсуштинскиот дел од Планот за раст на Западен Балкан. Во Планот се идентификувани седум првични приоритетни области, кои може да се отворат за земјите од Западен Балкан: 1) слободно движење на стоки, 2) слободно движење на услуги и работници, 3) пристап до Единствената европска платежна област, 4) интегрирање на патниот транспорт, 5) интегрирање на енергетските пазари, 6) единствен дигитален пазар и 7) интеграција во индустриските синџири на снабдување.

Планот на Унијата ги опфаќа четирите слободи на единствениот пазар на ЕУ, односно слободно движење на стоки, услуги, работници и капитал, како и одредени потсегменти на пазарот. Планот за раст може да се зголеми во просек за 10% БДП на регионот. Преку прифаќање и примена на стандардите на ЕУ, заедничкиот регионален пазар се очекува да делува како отскочна штица кон европскиот единствен пазар. Во бројки, изразено, регионална економија со нешто над 100 милијарди евра БДП и 17 милиони жители, претендира да се приклучи на пазар од 450 милиони жители, со БДП над 15 трилиони евра. БДП на земјите од регионот во однос на ЕУ е само 0,6 отсто. Воедно, со воспоставувањето и зајакнувањето на воспоставениот регионален пазар се очекува економиите на шесте земји да пораснат за околу 10 отсто.

ЕУ ќе обезбеди финансиска поддршка од 6 милијарди евра за следниот четиригодишен период од кои 2 милијарди евра во форма на неповратни грантови и 4 милијарди евра во форма на заеми со поволни услови, кои ќе се обезбедат со ребаланс на повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ.

Се очекува за Северна Македонија да бидат доделени 860 милиони евра, од кои околу една третина треба да бидат неповратна поддршка за инфраструктурни инвестиции.

Џејмс О’Брајaн, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД
Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата, ајде да ја завршиме практичната работа. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Во следните неколку месеци се очекуваат и практични иницијативи, а освен за слободниот проток на луѓе, стоки и услуги и за единствената европска зона за плаќање, меѓу лидерите се разговараше и за други идеи како што се производството, преносот и трговијата на електричната енергија.

Нешто што досега беше можно за земјите само откако ќе станат членки на ЕУ

Лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот за Планот за раст за регионот во Скопје усвоија Заедничка изјава, со која се обврзаа за развој на шесте држави по европски стандарди и го нагласија огромното значење на соработката во регионот.

Сега веќе поранешниот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан по состанокот на лидерите, истакна дека Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан.

„Во овие клучни моменти за прогресот на регионот, а пред сè за македонската европска иднина, ЕУ и САД од овде, од Скопје испратија јасна порака за поддршката на ефикасната интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Воедно, испратија и порака дека во тој процес, сметаат на проевропските државни лидерства“, рече Ковачевски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за Планот за раст на ЕУ,  вели дека ќе дадат сѐ од себе да ги спроведат реформите за да добијат можност за пристап до тие финансиски средства што е можно порано заедно со сите останати земји. Уверен е дека работејќи само сите заедно на тој план, можен е голем напредок.

„Ова е прв пат да се состанеме, а да зборуваме само за економија, а не за големи политички прашања за кои постојат значајни разлики меѓу нас и мислам дека тоа е добар предуслов за напредок на самиот регион и луѓето да ги почувствуваат придобивките од она што го работиме“, изјави Вучиќ. 

И албанскиот премиер Еди Рама истакна дека новиот План за раст и интеграција на заедничкиот пазар, е нешто што досега беше можно само за земјите откако ќе станат дел од ЕУ.

Тоа е важна промена и одлична можност што не треба да ја пропуштиме. Затоа е од клучно значење сите шест земји од Западен Балкан да ги ставиме нашите граѓани на прво место и да ја оставиме политиката и историјата, бидејќи се што ќе направиме и успееме да завршиме во следните месеци, ќе го дефинира начинот, како нашите држави ќе изгледаат на крајот од оваа декада, изјави Рама.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, порача дека Планот за раст на ЕУ претставува одлична можност за сите и претставува важен сигнал, не само за земјите од Западен Балкан, туку и за бизнисите, кои што сакаат да инвестираат во регионот.

Косовскиот премиер Албин Курти, истакна дека средбата во Скопје за Планот за раст, е многу важна, бидејќи ќе овозможи поголема регионална соработка и забрзан напредок кон ЕУ што е, вели, наша цел и наша судбина.

Со реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, нагласи тој, земјите од Западен Балкан треба двојно да го зголемат БДП по глава на жител, односно од просечни шест илјади евра по глава на жител во регионот, на просечни 12 илјади евра по глава на жител во следните 10 години.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?