коментари
Што се случи? Многу просто!

ВМРО ДПМНЕ не победи на овие локалните избори! Напротив, ако си ги анализираат сопствените гласови немаат простор за радост! За конечна оценка ќе го почекаме вториот круг! Во секој случај Мицкоски во Скопје поддржа демек независен кандидат, а всушност класичен „командос со специјална мисија„ (многу брзо ќе видиме што е) … Во Куманово Мицкоски го шутна својот глумец и го „киднапира„ кандидатот кој беше останал без ангажман. Го зема демек за трофеј! Инаку …„Длабоката држава„ ја имате, како што гледате на политичката сцена овде, но, ја имате и во министерствата и во судовите, особено во јавните обвинителства, ако сакате ја имате и во медиумите … Пред Заев да го потпише договорот со Грција, и Македонија да влезе во НАТО, таа „длабока држава„ беше против (не против договорот со Грција), тие беа против влез на Македонија во НАТО! Се виде нејзиното силно влијание и на референдумот и на претседателските избори … Таа групација, зад завесата, и тогаш работеше против Заев и СДСМ! Сегашната цел им е ново парламентарно мнозинство, Мицкоски да ја преземе власта и потоа релативизација на се’ што се случува низ обвинителствата и судовите каде имаат свои јатаци. Затоа пред изборите повикаа на седнување на една маса на сите политички чинители. Демек трета светска војна. При тоа не понудија ни агенда (за агендата читајте на крајот од овој текст). Резултатот на овие локални избори е токму тоа … Опозицијата не победи, и не мрдна со гласовите нагоре! СДСМ изгуби од своите кои не можат да ја видат голема шума на можности од само едно дрво …
Малку од друг агол …
На првиот круг на локалните избори во Македонија се случи диверзија од страна на точки на моќ во земјата кои сигурно не се ВМРО ДПМНЕ, но, сепак некогаш беа СДСМ или моќ произведена од владеењето на СДСМ од почетокот на деведесеттите и подоцна после војната 2001. Заклучокот е дека е минирана силната демократска енергија (произведена од политичкиот концепт на Зоран Заев, а поддржана од меѓународната заедница САД и ЕУ) кој се нафати низ реформи да обезбеди длабоки демократски процеси, и искрен обид за правилно и по закон функционирање на институциите. Да наметне една нова парадигма за идниот развој на општеството преку концептот „Едно општество за сите“, да промовира минимум политичка идеологија, и длабока демократија кај партиите тргнувајќи со сопствен пример во својата партија, систем на политички вредности и цели до кои треба се стигне, како и коректна партиска демократија. Да промовира длабоки реформи со битни решенија кои не секогаш им се допаѓаат на граѓаните, но сето ова да не’ однесе и во остварување на втората стратешка цел, а тоа влез во ЕУ во догледно време (првата стратешка цел влез во НАТО е остварена).
Овие две стратешки цели беа дефинирани како главна мантра на опстанокот на Македонија како држава уште на почетокот на независноста пред триесет години. Тогаш од Глигоров преку Љубчо и Бранко и Кљусев, сите ламентираа дека само остварувањето на овие две цели може да го гарантира опстанокот на државата. Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, дури во една колумна во Капитал порача дека Македонија е држава модус вивенди – поскапо ќе ја чини меѓународната заедница да ја распадне отколку да ја сочува ваква. Но, со крајна цел влез во НАТО и ЕУ.
Политички сили кои искрено ќе работат на овие цели не се беа појавиле со години наназад, се’ до Зоран Заев. Напротив, земјата потона во организиран криминал, корупција, во голема мерка криминална приватизација, па финансиски криминали преку банките во годините потоа, шпионажи, па се’ до војната во 2001 година … македонските граѓани станаа модел за „деца на вечната транзиција„ која продолжи и во времето на долгото владеење на Никола Груевски.
Оваа денешната енергија на Заев, проверувана секоја година во неговото владеење на некакви избори и „силувана„ од страна на опозицијата заради спасот на криминалците, денес е минирана од полови на моќ во општеството кои имаат сосема друга агенда за Македонија! Ним никогаш НАТО и ЕУ не им биле опција. Во таква опција тие се чувствуваат заложници. Немаат идеја како да работат. За нив не е добро НАТО и ЕУ оти нема да можат да работат со државата на тендери и далеку од законите.
Сепак, на првиот круг на локалните изборите не победи ВМРО ДПМНЕ, туку изгуби СДСМ … Како и зошто ќе има време неделите и месеците нанапред да анализираме. Тие анализи ќе се прават врз основа на два сегменти на идни случувања … Прво, дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ (значи некакво бандажирање на односите со Бугарија). Јас мислам не, но да проследиме. Вториот сегмент е процесот на борбата со организираниот криминал и корупцијата во годините наназад. Ќе засили или ќе забави. Мислам дека ќе засили, но да видиме!?
Македонија има проблем не само со корупцијата од времето на Груевски, туку и со ресловите од корупцијата од пред триесет години. Оти прапричините и празлосторите за ова што денес се дефинира како колосална корупција која го убива општеството, едноставно се случија тогаш. Денеска ги гледаме само бруталните последици од тоа време, и во облик на менаџирање и инженеринг на изборен процес или појавата на многу евтини лица на политичката сцена … Затоа овие процеси ќе одат тешко …
Наместо сега да ја зграбиме шансата и тргнеме напред ние одлучуваме да останеме во улогата на „фрустрираните деца на транзицијата„, жртви на таа „партиско-полициска- тајкунска фондација„ од раните деведесетти, производ на приватизацијата, чии, жени, деца, вујни и вујковци, и со се нивните деца, истите тие ги запоседнале институциите на државата, и не даваат простор за она на што упорно ние останатите слободоумни, демократи и пазарно ориентирани либерали работиме да се оствари – успехот за Македонија. Не … ние сме глупави заложници на „едно туце ликови„ кои си го гледаат единствено својот интерес.
„Длабоката држава„ ја имате и во министерствата и во судовите, особено во јавните обвинителства, ако сакате ја имате и во медиумите … Сега НАТО да објави дека дава илјада безбедносни сертификати на македонски граѓани ќе се избрукаме. Ќе нема кој да добие безбедносен сертификат. Пред Заев да потпише со Грција и Македонија да влезе во НАТО, токму тие сили беа против (не против договорот со Грција), тие беа против влез на Македонија во НАТО! Се виде дејството на таа „длабока држава„ и на референдумот и на претседателските избори … Се виде и во неколку други ситуации. Се виде и на овие избори … опозицијата не победи и не мрдна со гласовите нагоре. СДСМ изгуби од своите добро изменаџирани …
Потоа, малку се наштимаа, видоа кај дува ветерот, па почнаа да говорат … ок НАТО, но не ни треба ЕУ!? Сега го живееме тоа време … Истите тие точки на моќ слушам секојдневно денес лобираат по институциите како да добијат работа на проекти на НАТО (нели е објавено дека македонски фирми ќе можат да работат), но не сакаат почеток на преговори со ЕУ затоа што тука ќе бидат под дејство реформите (главите за преговарање) … длабински снимања, „дебело црево„, „слепо црево„ систематски преглед … Ќе ја нема темнината, помош на државата преку дотации и субвенции, со корупција …!? Ќе има светлина …
Второ, евентуалната комплетна победа на ВМРО ДПМНЕ во вториот круг на локалните избори, секако ќе го блокира процесот на борбата со организираниот криминал и корупцијата. Оваа борба е започната прв пат сериозно со оваа влада на Заев. Затоа што претходно долга беше власта на ВМРО ДПМНЕ, видовме и слушнавме какви злодела беа креирани и направени. Дел од тоа е и правосилно пресудено. Резултат на тие процеси е фактот дека „капиталци„ од тие редови денес се во затвор, првиот меѓу нив е избеган во Унгарија, а уште дузина „капиталци„ чекаат да им биде пресудено. Зошто овој расплет со криминалот долго трае? Па просто е … поради тоа што процесите се тераат демократски без реваншизам и со барање докази. Но, силно е влијанието на „длабоката држава„ во судовите и обвинителствата, што, пак, со право ги разгневи граѓаните кои гласаа во првиот круг. Токму тоа беше краткорочната политичка цел на Христијан Мицкоски и неговата партија, а беше помогнат од „сцената„ што ја опишав погоре. Тоа е еден длабоко менаџиран процес од страна на силите на „длабоката држава„, со која ова општество никогаш не успеа да расчисти.
Оттука, имајќи го сето ова погоре напишано, и она што допрва ќе биде напишано овде, моето приватно мислење е дека чудното и контроверзно „дерење„ одненадеж, после подолго дремење, на Бранко Црвенковски, од салата на МАНУ, институција не чепната со реформи цели 30 години, и институција која квалитетно ги спиеше сите години на транзицијата немајќи став по ниту едно прашање важно за Македонија, е тој Бранко и од таа институција денес не може да понуди искрена агенда за седнување на маса на сите политички чинители, оти ја нема агендата!? А и кој воопшто повикува!!?? Всушност, тој имаше агенда … Агендата беше да се осуети победата на СДСМ на овие избори, добар дел од членовите и симпатизерите да не излезат да гласаат, и евентуално така да се принуди Заев на следниот чекор – седнување на масата, во темна просторија на семинар за тоа како да се суспендира тоа што почнал.
Попрво овој нервозен повик од Црвенковски (а очекувам да биде уште појасен после овие избори во кои евентуално тој и ВМРО би ја однеле комплетната победа) е порака до Заев да прикочи со борбата со организираниот криминал и корупцијата, и евентуално да размислува како да ги „релаксира„ веќе обвинетите и сите затечени во криминалната мрежа на власта на Никола Груевски до 2016 година …!? Да видиме … тука сме ако треба нешто да додадеме. Во следните колумни ќе тераме едно по едно …