Connect with us

економија

Што ја очекува светската економија во 2024: Ќе биде полошо пред да стане подобро

Што ја очекува светската економија во 2024

објавено

на

На глобално ниво, организацијата предвидува намалување на растот на 2,7% во 2024 година, од 2,9% оваа година, пред да се зголеми на 3% во 2025 година, поради обновувањето на растот на реалниот приход и пониските каматни стапки. Напредните економии се соочуваат со генерално побавен раст од пазарите во развој, а перформансите на Европа заостануваат зад Северна Америка и големите азиски економии.

Посилниот одошто беше очекуван раст на БДП во 2023 година,  ќе забави затоа што заострените финансиски услови, слабиот трговски раст и пониската доверба на бизнисот и потрошувачите продолжуваат да го земаат својот данок врз глобалните економии, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) неодамна.

Во својот најнов извештај за економската перспектива, ОЕЦД проектира во својата анализа што ја прави два пати годишно,  околу главните глобални трендови и перспективи за следните две години, „меко приземјување“ за напредните економии.

На глобално ниво, организацијата предвидува намалување на растот на 2,7% во 2024 година, од 2,9% оваа година, пред да се зголеми на 3% во 2025 година, поради обновувањето на растот на реалниот приход и пониските каматни стапки.

Меѓутоа, претходно ОЕЦД прогнозираше забавување на растот поради слабите PMI извештаи (анкети  што го покажуваат бизнис сентиментот) во многу големи економии, забавување на кредитниот раст и постојано ниско ниво на доверба на потрошувачите.

Темпото на раст е нерамномерно

Напредните економии се соочуваат со генерално побавен раст од пазарите во развој, а перформансите на Европа заостануваат зад Северна Америка и големите азиски економии.

Европа, каде што економијата е под силно влијание од високите каматни стапки и каде што повисоките трошоци за енергија ги исцицаа приходите на граѓаните и бизнисите, се соочува со особено тежок пат за целосно закрепнување.

Спротивно на тоа, растот на БДП се движи подобро во САД и многу други економии базирани на производство на стоки. Економиите  во развој колективно одржуваа стапки на раст блиски на оние забележани пред пандемијата.

Според ОЕЦД, еврозоната може да очекува годишен раст на БДП од 0,5% за последните три месеци од 2023 година. БДП на блокот се очекува да порасне за 0,6% 2023 година, проследено со 0,9% во 2024 година и 1,5% во 2025 година соодветно.

Растот е прилично задушен во Европа, каде важноста на банкарските финансии е релативно висока и притисокот врз приходите од повисоките трошоци за енергија е особено силен. Гледајќи напред, сепак, се очекува потрошувачката да биде силна поради затегнатите пазари на труд и зголемувањето на реалните приходи, како што инфлацијата забавува.

Од друга страна, прогнозата, исто така, проценува дека целосното влијание на построгата монетарна политика во блокот допрва ќе се појави и активноста може да биде посилно погодена од очекуваното.

Европа, каде што економијата е под силно влијание од високите каматни стапки и каде што повисоките трошоци за енергија ги исцицаа приходите на граѓаните и бизнисите, се соочува со особено тежок пат за целосно закрепнување.

Инфлацијата се намалува, но останува загрижувачка

Вкупната инфлација опадна речиси насекаде во текот на изминатата година, главно под влијание на умереното ниво на цените на енергијата во првата половина на 2023 година.

Сепак, кратењето на производството  на ОПЕК + членките и прекините на снабдувањето на пазарот на нафта резултираа со повисоки цени на нафтата од јуни. Ова во комбинација со неизвесноста поради зголемените геополитички тензии моментално ги заматува изгледите за инфлација.

Се проценува дека основната инфлација (без трошоците за храна и енергија) да падне под 3% во економиите на Г7 како целина во третиот квартал од 2023 година, во споредба со претходниот квартал, забавувајќи се од над 4,25% во првата половина од годината.

Според ОЕЦД, инфлацијата во еврозоната ќе забави на 2,9% следната година по 5,5% оваа година и ќе се смири на 2,3% во 2025 година.

Целта на ЕЦБ од 2% нема да  е реалност уште две години, прогнозата сигнализира 2,1% единствено за самиот крај на испитуваниот период, т.е. последните три месеци од 2025 година.

Невработеноста останува ниска

Низ земјите на ОЕЦД, стапките на невработеност остануваат ниски со очекувани 5,1% и за 2024 и 2025 година.

Се предвидува дека стапката ќе се зголеми во САД, Обединетото Кралство, Канада и Австралија. Сепак, во Јапонија и во еврозоната невработеноста се очекува да остане ниска и блиску до сегашните нивоа од 6,5%.

Растот на работната сила остана силен на глобално ниво, има забавување на годишниот раст на вработеноста, пониски слободни работни места, а во некои случаи и благ пораст на стапките на невработеност.

Во моментов, затегнатите пазари на труд продолжуваат да ја поддржуваат приватната потрошувачка. Сепак, паралелно со ова, се предвидува дека приватните инвестиции ќе бидат намалени поради високите каматни стапки.

Ова, исто така, има влијание врз пазарот на недвижнини, инвестициите во недвижности генерално беа слаби меѓу економиите на ОЕЦД во втората половина на 2022 година и првата половина од оваа година, во услови на високи стапки на хипотекарни кредити. Зголемувањето на цените е забавено од крајот на 2022 година, а во некои случаи и обратно. Што се однесува до Европа, продажбата и инвестициите сè уште не се видно намалени, но продолжуваат да омекнуваат.

Економските последици од кризата Израел-Хамас

Проширениот конфликт на Блискиот Исток би можел да ги промени сосема сегашните глобални економски очекувања, особено за европските економии каде што шоковите се покажуваат како многу опипливи преку зголемените цени на енергијата и храната.

Засенувајќи ги глобалните економски перспективи, поширок конфликт на Блискиот Исток може да создаде значителни нарушувања на енергетските пазари и главните трговски патишта, а доколку финансиските пазари го ценат дополнителниот ризик, тоа дополнително ќе го забави растот и на крајот ќе ја зголеми инфлацијата.

Нагорно движење на инфлациските очекувања би можело да ги поттикне централните банки да ги задржат стапките  повисоки од очекуваното, што доаѓа со построгите кредитни стандарди кои го забавуваат понатамошното трошење и резултираат со зголемување на невработеноста и банкротите.

Низ земјите на ОЕЦД, стапките на невработеност остануваат ниски со очекувани 5,1% и за 2024 и 2025 година. Се предвидува дека стапката ќе се зголеми во САД, Обединетото Кралство, Канада и Австралија. Сепак, во Јапонија и во еврозоната невработеноста се очекува да остане ниска и блиску до сегашните нивоа од 6,5%.

„Мораме да ја оживееме глобалната трговија“

„Глобалната трговија е слаба“, рече главниот економист на ОЕЦД, Клер Ломбардели. ОЕЦД вели дека глобалната трговија со стоки и услуги се проценува дека пораснала за само 0,1% во годишна споредба во првата половина на 2023 година.

Секторот е погоден од зголемени трговски ограничувања, протекционистички политики и преструктуирање на глобалните синџири на додадена вредност. Неизвесната перспектива за глобалната трговија е клучна грижа, со оглед на нејзината важност за продуктивноста и развојот.

ОЕЦД, исто така, побара мултилатерална соработка за заживување на глобалната трговија.

Што треба да се направи за да се поддржи долгорочниот раст?

Глобалната економија е на пат кон враќање на таргетираната инфлација без значително забавување на растот или нагло зголемување на невработеноста, што би резултирало со подобар од очекуваниот раст во 2024 година.

Со цел да се одржи оваа перспектива, ОЕЦД предлага да се остане во чекор со тековната затегната монетарна политика додека не се појават јасни знаци дека инфлацијата се држи под контрола, оставајќи простор за дополнителни зголемувања на стапките доколку е потребно.

„Потребата да се одржи надолниот притисок врз инфлацијата ќе го ограничи опсегот за намалување на стапките до 2024 година“, се вели во извештајот.

ОЕЦД, исто така, повикува на претпазлива фискална политика, истакнувајќи дека владите се соочуваат со зголемени трошоци за рефинансирање на нивните зголемени долгови додека жонглираат со дополнителни трошоци за стареењето на населението, климатската транзиција и одбраната.

Некои од најсилните економии во еврозоната забележаа вртоглаво зголемување на нивните трошоци за задолжување во изминатата година, приносите на 10-годишните обврзници на Германија се зголемуваат сè поблиску до 3%, додека Италија неодамна надмина 4,5%.

Со цел да се избегнат идни шокови, јасните планови за трошење и даноци се важни, а зајакнувањето на инвестициите, особено „побрз напредок кон декарбонизацијата е исто така суштински“, се истакнува во извештајот.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават