Connect with us

економија

Ѓорги Самарџиев, градинарски центар „Фоја“: Создадовме решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

објавено

на

Неколкугодишната идеја за инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, компанијата успеа да ја претвори во реалност. Во фаза на реализација е иновативниот индустриски дизајн со комерцијално име Семпервел, производ, за кого што сопственикот на „Фоја“, Ѓорги Самарџиев, вели дека има голем развоен потенцијал.

Градинарскиот центар ФОЈА е компанија со долгогодишно искуство во доменот на хортикултурата. Компанија која покрај градинарски центар, проектира, изведува и одржува најразлични пејзажни проекти од цветни корита, паркови до вертикални и  кровни градини. Создава креативни и рационални решенија за различни типови на градини. Ги следи светските трендови, активна е во земјава во едукација на граѓаните за потребата од зелена и чиста животна средина.

Неколкугодишната идеја за инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, компанијата успеа да ја претвори во реалност. Во фаза на реализација е иновативниот индустриски дизајн со комерцијално име Семпервел, производ, за кого што сопственикот на Фоја, Ѓорги Самарџиев, вели дека има голем развоен потенцијал.

-Како дојде до развој на Семпервел, што е всушност производот  и за кого е наменет?

Идејата дојде по искуствата во минатото при подигањето на екстензивни кровни градини, каде фазите на изведба се правеа одвоено. Прво се поставуваат дренажно акумулационите елементи, па се качува и поставува на супстрат и на крај се садат или постилаат готови ролни со перени (растенија). Со цел да го намалиме времето поминато на градилиште, да се намалат трошоците за реализација и други непредвидени трошоци, дојдовме на идеја сите три фази однапред да бидат направени во расадник.

Дренажно акумулационите елементи (еден вид гајбички) да бидат претходно исполнети со супстрат, посадени и одгледани до целосна покриеност на површината од растенијата – покривачи. Така подготвени од расадник се пакуваат на палета, се транспортираат до објектот и со едно качување одеднаш сите три фази се пренесуваат на кровот. Дизајнирани се лесно и цврсто да се спојуваат. Имаат можност да бидат поставени на систем за полевање. Отпорни се на предвидливо механичко оптоварување од движење и товар, како и на екстремно ниски и високи температури.

Овој начин на озеленување не е непознат во светот. Но е недоволно распространет, посебно на Балканот. Нашиот индустриски дизајн е уникатен, практичен, функционален и траен. На пазарот ќе се појави наесен оваа година. Наменет за мали и големи градини, едноставен е за монтажа. Глобалната идеја е екстензивните кровни градини да бидат физички, материјално и технички подостапни. Масовно да се проектираат и изведуваат, бидејќи ефектите од нив се многу корисни не само за сопствениците туку и за сите нас, за целата заедница.     

-Кои се предностите  за некој инвеститор на објект  да има ваков производ?

Да се надоврзам на претходниот одговор, целиме бенефитот првенствено и долгорочно да биде на инвеститорите и на општеството. Есенцијално наша е големата одговорност за да обезбедиме континуитет во квантитетот и квалитетот на производството. Иновативноста не застанува со овој производ, напротив планираме да следат неколку нови верзии. И следствено во тој функционален круг, духовното задоволство сигурно ќе биде неизмерно.     

-Последниве години тренд во светот е изработка на кровни градини. Колку е кај нас популарен овој концепт?

Трендот е присутен. Точно, но конвенционалните кровови далеку водат наспроти зелените. Причини има повеќе, најглавни засега се цената и достапноста, донекаде оправдано. Но гледајќи како трајно исчезнуваат зелените површини во нашите градови, како загадувањето, затоплувањето и нехуманото домување рапидно растат, неопходна е брза законска регулатива која ќе биде задолжителна минимална компензациска  мерка во таа насока. 

Искрено се гордеам со сите оние кои адаптирано или алтернативно одгледуваат зеленило во жардиниери или пак во големи саксии на терасите и крововите!  

-Што сенудите во вашиот градинарски центар?

Градинарскиот центар Фоја е место за пасионирани вљубеници  и    љубопитни  новајлии во градините, растенијата и убавите работи. Растенијата не се производ на стандардно пазарување. Благодарение на моите колеги со кои го делиме овој став, настојуваме сите посетители да ги пречекаме со топло добредојде, што подобро да се запознаеме со нивните услови и можности. Па потоа да ги советуваме и да им понудиме

решение или растение за нивните реални потреби.

Изборот на растенија и градинарски додатоци е голем, но желбата искрено да препорачаме е поголема. J  

-Која е тајната на убавите дворови?

Одгледувањето и одржувањето!

-Што би им порачале на сограѓаните?

Да го цениме и почитуваме зеленото богатство кое го поседуваме и кое пред нас многумина го оставиле. Грижливо да го негуваме и одгледуваме. Таму се темели `благословот` на младите паркови и идните пејзажи.  

Иако егзотичните и ретки растенија вообичаено пленат, еднакво да им се радуваме и на домашните. Столетните дрвја се непроценливо богатство.

Ако јас посадам дрвја за мене и моите, Вие за вас и вашите, тие за нив и нивните, не треба да ни биде гајле дали моите се ваши, вашите се нивни или пак нивните се мои. Зошто сите тие се за нас и за нашите деца !

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација