Connect with us

интервју

Јанис Јанопулос: Една деценија сме стабилен снабдувач и сигурен партнер на пазарот за електрична енергија

Јанис Јанопулос, главен извршен директор на ЕДС

објавено

на

„ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис на пазарот за електрична енергија. Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.“

Energy Delivery Solutions (ЕДС) во текот на октомври годинава одбележи 10 години успешна работа на македонскиот енергетски пазар. Компанијата во текот на изминатата деценија со своето делување, кое е секогаш во согласност со највисоките професионални и корпоративни стандарди, изгради имиџ на лидер во областа на трговија со електрична енергија на пазарот за квалификувани потрошувачи.

Преку деловната одлука на грчката национална енергетска компанија PPC SA (Public power corporations) стратешки да инвестира во земјава, ЕДС во 2018 година стана дел од корпорацијата која што важи за енергетски гигант во југоисточна Европа. Со главниот извршен директор на ЕДС, г-дин Јанис Јанопулос разговаравме околу успесите на компанијата, но и предизвиците со коишто се соочува поради добро познатите состојби на пазарот за електрична енергија изминатиов период.

Господин Јанопулос, првин честитки за успешното 10-годишно работење на ЕДС на македонскиот пазар. Кои се најзначајните постигнувања на компанијата изминатава деценија, односно како  е позиционирана таа денеска во бизнис- сегментот трговија со електрична енергија?

Од самото основање на ЕДС, постигнувањата се навистина значителни за една компанија која како локален субјект прерасна во препознатлив регионален бренд. Клучни моменти кои денес ја дефинираат ЕДС се: членување на  HUPX/HUDEX берзата за електрична енергија, трговско одделение со лиценцирани трговци на релевантните европски берзи, одржување на најголемата балансна група на македонскиот електро -пазар, водечка позиција на пазарот како и тоа што ЕДС е дел од ППЦ групацијата.

Во своето едно – децениско работење, ЕДС, практично, беше најинтензивниот лобист за либерализација на пазарот на електрична енергија во Република С. Македонија заедно со имплементацијата на потребното законодавство – директивите за внатрешен пазар на енергија на Европската Унија.

Денес ЕДС е акционерско друштво со најголем основачки капитал помеѓу останатите снабдувачи со 5,5 милиони евра.

Кои се новитетите во работењето што ги промовирате по повод значајниот јубилеј?

Портфолиото на ЕДС просто експлодира во периодот од крајот на 2021 година кога голем број помали снабдувачи не можеа да ја издржат променливоста и нестабилноста на пазарната цена на електрична енергија, им ги раскинуваа договорите на своите клиенти и ги зголемуваа своите обврски кон МЕПСО АД во рамки на балансниот механизам.
ЕДС покажа дека е компанија која може сето ова да го издржи без да ги наруши сигурноста во снабдувањето на својата балансна група како и стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Несомнено, во таквиот потфат ЕДС беше поддржана од својата мајка фирма со корпоративна гаранција кон финансиските институции кои го подржуваат нашето секојдневно оперативно работење.

ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис. Први почнавме да откупуваме енергија произведена од обновливи извори кои немаа статус на повластен производител со што придонесуваме кон енергетската транзиција, први воведовме понуди и снабдување по индексирани цени кога пазарот не нудеше долгорочно хеџирање по фиксни цени, први воведовме договори со претплата за да можат клиентите да искористат најниски цени на пазарот, први воведовме формирање цени по часовен профил на потрошувачите за оние   индустрии кои работат ноќно време за да можат да ги намалат трошоците за енергија користејќи ги ноќните ниски часовни цени.

ЕДС, во новиот Закон за енергетика од јуни 2018 година, се избори за обезбедување пристап (на сите снабдувачи) до базата на податоци на сите комерцијални потрошувачи, со што оперативниот дел од работењето на снабдувачите се искачи на многу помодерно ниво со современи IT алатки обезбедени од операторот на дистрибутивниот систем.

Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Изминатиов период, откако почнаа проблемите со високата берзанска цена на електричната енергија, голем број корисници се соочија со несигурни снабдувачи, договорите им се раскинуваа и слично. Колку, во вакви околности, е значаен токму капацитетот на ЕДС, поткрепен од 2018 година и со поддршката од новиот сопственик PPC, да одговори на ваквите предизвици?

Портфолиото на ЕДС просто експлодира во периодот од крајот на 2021 година кога голем број помали снабдувачи не можеа да ја издржат променливоста и нестабилноста на пазарната цена на електрична енергија, им ги раскинуваа договорите на своите клиенти и ги зголемуваа своите обврски кон МЕПСО АД во рамки на балансниот механизам.

ЕДС покажа дека е компанија која може сето ова да го издржи без да ги наруши сигурноста во снабдувањето на својата балансна група како и стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Несомнено, во таквиот потфат ЕДС беше поддржана од својата мајка фирма со корпоративна гаранција кон финансиските институции кои го подржуваат нашето секојдневно оперативно работење.

Негативните искуства на потрошувачите кои во есента 2021 година останаа со раскинати договори за снабдување со електрична енергија и беа изложени на  нови договори по многу повисоки цени, покажаа дека во овој бизнис од особена важност е капиталната структура на снабдувачите. Имено, штетите кои засегнатите потрошувачи ги претрпеа не можат да се надоместат од друштва со ограничена одговорност во кои основачкиот капитал е на ниво на законскиот минимум. Тој минимум не обезбедува никаква гаранција при евентуално кршење на договорните обврски од страна на снабдувачот.

Меѓутоа, од друга страна, се соочувате и со зголемено неплаќање на испорачаната струја од страна на ваши корисници, претежно јавни претпријатија формирани од општините. Како ги менаџирате овие проблеми, и кои се вашите препораки за да се ублажат и надминат овие состојби?

И покрај нашето разбирање дека станува збор за комунални претпријатија кои обезбедуваат неопходни услуги за нормален живот на граѓаните, сепак, сметаме дека во јавниот сектор недостасува чувство на одговорност кон добавувачите, особено кон добавувачите на, исто така, неопходни услуги. Се обидуваме да соработуваме со оние јавни институции чии долгови кон ЕДС се пораснати на критично ниво. Во соработката очекуваме да видиме дека јавната институција навистина е заинтересирана за решавање на проблемот и дека ги исцрпува сите можности за подмирување на долгот, но најважно од сѐ очекуваме заемно почитување.

Еден од принципите кои овие проблеми можат да ги минимизираат е  законската обврска на јавните комунални претпријатија да издадат банкарска гаранција кон снабдувачот за сервисирање на своите обврски, но искрено, оваа  законска обврска ниту една институција ја нема испочитувано – додека, редовно, во јавните набавки се бара симетрична обврска од снабдувачот.

Законот предвидува дека и најкритичната инфраструктура може да биде исклучена од мрежата за снабдување со електрична енергија доколку не се испочитува оваа обврска.

ЕДС ги користи сите можни начини да не дојде до исклучување на снабдувањето со електрична енергија во институции како што се, на пример: здравствени домови, образовни институции, водоснабдувачки капацитети и слично, но доколку институцијата не покаже минимум способност и желба да се справи со проблемот, ЕДС наместо исклучување, се одлучува да им ги раскине договорите со цел побарувањата да не продолжат да растат, а институциите да не останат без електрична енергија.

Нашите препораки до јавните институции, со цел намалување на ваквите проблеми, е прецизно определување на буџетите за јавните набавки на електрична енергија како и крајно рационално трошење на енергијата.

Какви се вашите прогнози за тоа што нѐ очекува на европскиот енергетски пазар,  ќе се доведе ли цената на струјата во некакви „разумни“ граници во догледно време?

Прогнозирање на развојот на берзанските цени е многу неблагодарно и невозможно. Никој не може да знае до кога би траела безбедносната криза на истокот од Европа и дали истиот предизвик ќе има помало влијание врз цените на енергенсите во остатокот од оваа зима. Веќе е извесно, и објавено, дека земјите на Европската Унија ги имаат наполнето своите задолжителни резерви на природен гас на ниво од 90 % што претставува 15 % поголеми количини од истиот период минатата година.

Доколку потрошувачите на природен гас во Европа се придржуваат кон препораките за штедење на гасот, и во извесна мера се откажат од удобноста на која Европа е навикната, тогаш може да се очекува дека цените на гасот по Нова година ќе се намалат, а со тоа ќе се намали и притисокот врз цените на електрична енергија.

Што се однесува до „нормалното“ ниво на цените, тие во догледна иднина нема да се вратат на ниво од пред пандемијата. Но, и покрај евентуалната стабилизација на цените, на подолг рок тие многу ќе зависат од политичкиот однос помеѓу Европа и Руската Федерација.

Какви се вашите размислувања во врска со енергетските перспективи на Европа на долг рок, вклучително и Балканот и Република С. Македонија? Дали сметате дека „зелената агенда“ претерано се исфорсира, без да се размислува дека во транзицискиот период ќе бидеме оставени на милост и немилост на руските геостратешки интереси, што како ситуација сега во овој период гледаме дека ни се удира од глава?

ЕДС ги користи сите можни начини да не дојде до исклучување на снабдувањето со електрична енергија во институции како што се, на пример: здравствени домови, образовни институции, водоснабдувачки капацитети и слично, но доколку институцијата не покаже минимум способност и желба да се справи со проблемот, ЕДС наместо исклучување, се одлучува да им ги раскине договорите со цел побарувањата да не продолжат да растат, а институциите да не останат без електрична енергија.

Како што споменав претходно, Европа има голема слабост кон удобниот живот кој во голема мера е обезбеден од пристапните цени за енергенсите увезени од Русија. Иднината на благосостојбата во Европа ќе мора да биде обезбедена по повисока цена од досегашната. Европа не мора трајно да се откаже од руските енергенси и потребната инфраструктура, но мора да обезбеди диверзификација во снабдувањето со енергенси и да ја плати потребната цена за алтернативните енергенси.

Во таа смисла, и Република С. Македонија мора неодложно да работи на  гасоводно поврзување најмалку со Грција (и дополнително со Србија и втор крак кон Бугарија) со цел да обезбеди високо ниво на безбедност, независност и сигурност во снабдувањето со природен гас.

Пенетрацијата на природен гас на поголемиот дел од територијата на Република С. Македонија ќе обезбеди продолжување на животниот век на термоцентралите Битола и Неготино каде лигнитот, односно мазутот би биле заменети со природен гас и би се искористила со децении изградената оперативна експертиза на персоналот во овие македонски енергетски капацитети.

Во државава  цената на струјата за домаќинствата се субвенционира, сега и некои бизниси ќе преминат на регулираниот пазар и слично, а каква е ситуацијата во Грција, на пример? Како беше организиран пазарот за електрична енергија до пред кризата, а како е сега?

Пазарот и мерките во Грција и во Република С. Македонија не се разликуваат многу.

Во Грција пазарот за домаќинствата и за бизнис – секторот е либерализиран во согласност со европските регулативи. Цената на струјата за домаќинствата се субвенционира како што се субвенционира и цената на струјата  на бизнис- секторот. Субвенционирањето се реализира преку Фондот за енергетска транзиција и варира од 30 до 300 €/MWh во зависност  од потрошената енергија.

Со таков агресивен начин на субвенционирање се очекува дека околу 80 % од зголемувањето на цените ќе биде апсорбирано од страна на Владата. За бизнис- секторот, исто така, постои и субвенционирање не само на потрошената енергија, туку и посебно таргетирана финансиска помош за енергетската транзиција  и зголемување на енергетската ефикасност како и за инсталирање на фотоволтаици на покривите и за батериски системи од голем обем. Буџетот на оваа програма беше речиси 650 милиони евра.

Најавувате  и активности што треба да придонесат за подобри услови за работа на енергетскиот пазар, па објаснете ни накратко за што се работи?

ЕДС ќе ѝ предложи на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да воведе измени во правилникот за лиценцирање,  во смисла да се воведе минимален основачки капитал за друштвата кои аплицираат да добијат лиценца за снабдување со електрична енергија. Со некој разумен цензус ќе се спречи нанесување штети кон потрошувачите од снабдувачи кои во основа се однесуваат шпекулативно на пазарот на електрична енергија. Тоа, исто така, ќе ја зголеми конкуренцијата меѓу снабдувачите што ќе биде од корист за потрошувачите.

Еден од предизвиците со коишто се соочуваме произлегува од непрецизното планирање на буџетите за електрична енергија и проекциите за потрошувачка, особено кај јавните институции и претпријатија. Од особена важност е, и, секако, тоа ќе биде во корист и за ЕДС и за клиентите, надлежните сектори во компаниите и претпријатијата тендерите за набавка на електрична енергија да ги подготвуваат во согласност со прецизните процени за потребната количина на електрична енергија.

Поради тоа, ќе организираме едукативна работилница во којашто би вклучиле претставници на општините, јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа и нашите клиенти на која работилница предмет ќе бидат правилно планирање и буџетирање на потрошувачката на електрична енергија во компаниите, иднината и инвестициите во енергетскиот сектор во Македонија и, секако, начините како разумно да се користи електричната енергија и да се заштеди.

Исто така, потребна е поголема контрола од страна на пазарниот оператор во однос на однесувањето на снабдувачите кои кога ќе западнат во ликвидносни проблеми тоа не го соопштуваат и покрај законската обврска, и се обидуваат да го злоупотребат балансниот механизам со цел да не купуваат енергија на пазарот а, сепак,  нивните клиенти да бидат снабдени со енергија (од МЕПСО како оператор на балансниот пазар на електрична енергија). Ваквото однесување се забележува веднаш, но надлежните досега во два наврата одбраа да го толерираат таквото однесување – во пролетта 2017 и есента 2021 година. Резултатот и во двата случаја беше катастрофален и за засегнатите потрошувачи, но и за МЕПСО АД.

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија4 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија1 недела ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија1 недела ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки1 недела ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити