Connect with us

економија

Јапонскиот амбасадор во работна посета на „Алкалоид“: соработката со Јапонија е долгогодишна и плодна

објавено

на

Соработката на „Алкалоид“ со јапонскиот гигант „Фуџи“ е трасирана во 1978 година, кога компанијата била еден од најголемите увозници на рендген-филмови во земјава.

Делегација на јапонската Амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности.

Во текот на презентацијата беа истакнати големиот број инвестиции и проекти што ги реализира „Алкалоид“ во континуитет, како и определбата и фокусот на компанијата во делот на извозната политика и големиот број проекти и заложби во делот на општествената одговорност.

Соработката на „Алкалоид“ со јапонскиот гигант „Фуџи“ е трасирана во 1978 година, кога компанијата била еден од најголемите увозници на рендген-филмови во земјава. Денес, со користење на најновите сознанија и на модерните јапонски пракси, програмата билкарство на „Алкалоид“ е сертифицирана во согласност со јапонскиот стандард за органско производство, а алкалоидови вработени, преку Јапонската асоцијација за техничка соработка и за одржливи партнерства (AOTS), ги зајакнаа своите вештини и компетенции на разни едукативни програми во тренинг-центрите на АОТС во Осака, Нагоја и во Токио.

Амбасадата на Јапонија во Скопје е голем поддржувач на македонското здравство, со голем број остварени донации и доделени грантови на неколку здравствени капацитети во земјава.

По официјалниот дел, при обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, амбасадорот Хиронори имаше можност да стекне увид во целокупниот синџир на производство и да се запознае со производствените процеси, техничко-технолошките можности и со применетите стандарди во работењето.

Одблизу се запозна и со високото ниво на технолошка опременост, со применетите високи стандарди и со обучениот кадар кој управува со процесите во Институтот за истражување и развој.

Имајќи ја предвид главната стратешка определба на „Алкалоид“ како извозна и како глобално ориентирана компанија, оваа посета на јапонскиот амбасадор е од особено значење и претставува одлична можност за изнаоѓање нови форми на соработка меѓу „Алкалоид“ и компаниите од јапонскиот пазар.

свет21 час ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија23 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија23 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.