Connect with us

интервју

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

Јелена Спасова, директорка на Занаетчиската комора на РСМ

објавено

на

Занаетчиите со својата уникатност, умешност, стручност и постигнати вредности во производството го збогатуваат стопанството со високо квалитетни и автентични производи кои по својата природа се и високо конкурентни на пазарот. Како Занаетчиска комора ќе се бориме за унапредување на нивниот статус, зачувување на старите занаети со сет на мерки, како и за зајакнување на родовата и секоја друга еднаквост при развојот на малите бизниси и претприемништвото.

Г-ѓа Спасова, кажете ни нешто повеќе за вашиот професионален бекграунд, како и за улогата и мисијата на Занаетчиската комора на РСМ во домашната економија?

Во улогата, а во исто време и мисијата на Занаетчиската комора на РСМ, влегов со голем ентузијазам и силни и веќе осмислени идеи кои ќе ги реализирам. Сето тоа ми го овозможува токму мојот богат професионален бекграунд, на кој сум многу горда, затоа што се вложив и во иднина ќе се вложувам за поголеми успеси еве сега на Занаетчиската комора на РСМ. Како дипломиран економист во насоката финансии, банкарството и осигурување мојата професионална кариера ја имам започнато во финансиски институции, во домашни и странски компании, односно како раководител и директор во Уника Осигурување и Рајфајзен Банка, потоа и во две сопствени компании. Исто така сум и сертифициран тренер на повеќе обуки од областа на претприемништво и финансиите, обуки за бизнис консалтинг, тренинг и деловна комуникација, а сум била и предавач-обучувач на голем број предавања и обуки. Како потврда на се она што сега го истакнав се и веќе видливите први успешни резултати и реализирани идеи со Занаетчиската комора на РСМ.

Пред точно една година бевте избрана за директорка на  Занаетчиската комора, па сега кога ги сумирате изминатите 12 месеци, кои се најзначајните достигнувања што ги постигна Комората под ваше водство?

Во следниот период планираме работилници и состаноци низ државата во која ќе ја истакнеме борбата за родова еднаквост на пазарот на трудот и достоинство и интегритетот на жените, дека ќе работиме против нивна дискриминација, родова сегрегација на работни места, несигурност на работното место и женско претприемништво.

Го напоменав погоре моето задоволство од реализираните активности, а сега би ги набројала.  Како нова извршна директорка на Републичката занаетчиска комора си дадов себеси за цел  дека ќе ги застапувам интересите на членовите пред надлежните институции и ќе работам само за доброто на Комората и ќе се залагам за реализација на нејзините социјални и економски цели. Во изминатиот период ја подигнавме свеста за значењето на Занаетчиската комора на РСМ во секојдневието и во системот, добивме и ќе имплементираме проекти преку кои што  ЗКРСМ ќе работи и на развивање на своите 15 регионални комори во  Скопје, Куманово, Велес, Струмица,  Виница, Штип, Дебар, Гевгелија, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар и Тетово. Со нив заедно имплементираме проекти за учење на нови вештини кај занаетчиите од тој регион за подорување на работните позиции за кои што постои траен недостиг на пазарот на трудот. Републичката Занаетчиска комора во наредниот период горе наведените регионалните комори ќе ги снабди со нова АТ опрема и ќе организираме обуки за сите вработени со кои што ќе можат по професионално да им одговорат на барањата на вршителите на занаетчиска дејност.

Ова е она што ни следи во овој најблизок период, а за понатаму секако во план се и остварувања со кои само би се унапредувала целата работа на ЗКРСМ, како и работата на сите занаетчии.

Кои се најголемите предизвици со коишто се соочуваат занаетчиите во земјава? Познато ни е дека многу од старите занаети практично веќе згаснаа или се пред згаснување, особено во старите чаршии во македонските градови, па како може Комората да придонесе во нивно зачувување? Добивате ли поддршка од државните институции во вашите напори?

Сакам да напомнам дека без разлика дали станува збор за скромната работилница на уличниот ќош или некој мал семеен бизнис, занаетите се основната градбена, функционална единка на малото стопанство, клетка која што води до формирање на плодна средина за развој и напредок на индивидуата и на нејзините творечки можности и колективот во кој истата делува.

Занаетчиите со својата уникатност, умешност, стручност и постигнати вредности во производството го збогатуваат стопанството со високо квалитетни и автентични производи кои по својата природа се и високо конкурентни на пазарот. Секако дека старите занаети се практично пред згаснување, но ние со нашата професионална посветеност се бориме против ова секојдневно. Иницираме состаноци со државните институции и со локалните власти за субвенционирање на старите занаети и имаме позитивни резултати. Само во 2023 год. од страната на општинските буџети беа субвенционирани старите занаети во скоро десет градови. Она што ќе го направиме и ќе биде приоритет во иднина, а тоа е донесување на трајно решение за нивно зачувување односно иницирање на барање за донесување на одлука со која трајно ќе се субвенционираат старите  занаети од страна на државните институции. Само на ваков начин ќе се истакне нивната важност која што преку своите вештини ја имаат во економијата. Остануваме како единствена Занаетчиска комора во РСМ, да се грижиме за занаетите и занаетчиите.

Со вашето поставување на директорското место вие всушност станавте и првата жена што ја менаџира Занаетчиската комора на РСМ. Како го коментирате родовиот момент во контекст на занаетчиството во Македонија, колкав дел од занаетчиите и сопствениците на малите бизниси членки на вашата комора се жени и кои се најголемите предизвици со коишто тие се соочуваат?

Во изминатиот период направивме анализа чиишто резултати ни покажаа дека 35-38 проценти од регистрираните занаетчиски дејности во нашиот регистар се во сопственост на жените. Сакам да наведам дека во иднина планираме работилници и состаноци низ државата во која ќе ја истакнеме борбата за родова еднаквост на пазарот на трудот и достоинство и интегритетот на жените, дека ќе работиме против нивна дискриминација, родова сегрегација на работни места, несигурност на работното место и женско претприемништво. Како прва жена директор на Републичката Занаетчиска комора секако многу ќе придонесам како пример за сите жени дека ние смееме, дека ние можеме, дека знаеме и дека само така поддржувајќи се една друга ќе одиме напред. Во нашето општество потребни се повеќе жени на значајни функции, за да покажеме и докажеме дека можеме да направиме и да постигнеме големи резултати во секоја област од нашиот домен.

Според статистиките жените во македонската економија што се претприемачки или менаџерки, раководат претежно со микро и мали компании. Ако гледаме и во другите општествени области, забележлив е родов јаз, и покрај извесни подобрувања низ годините. Како да се стимулира и зголеми бројот на жени претприемачи или  на раководни позиции во поголеми бизнис субјекти или организации? 

По многу анализи кои се забележани и сме ги прочитале може да забележиме  дека јазот помеѓу мажите и жените  во Република Северна Македонија е сè уште голем. Скоро 2/3 повеќе се активни мажите во однос на жените. Но, таа бројка секојдневно се менува и  забележуваме дека улогата на жените во бизнисот станува сè поизразена, дека потребата за нивно истакнување станува сè поголема,  но мораме да признаеме дека сè уште не е на она ниво на кое треба да биде. Во наредниот период ќе правиме активни работилници  каде што на потенцијалните нови жени претприемачки ќе им го разбудиме претприемачкиот дух преку примери и успеси. Само со вакво засилено темпо ќе се постигнат позначителни резултати. Исто така ќе иницираме и нови субвенции и активни мерки од страна на Министерство за економија во делот на субвенционирање на женското претприемништво односно жените занаетчии. Вложувањето во родовата еднаквост и женско лидерство ќе придонесе кон инклузивни и одговорни политики кои ќе ги решаваат сите постоечки предизвици. Решена сум и на овој план да се вложам максимално, затоа што верувам дека ќе охрабрам многу жени кои ќе прифатат и ќе раководат со големи институции успешно.

Сакам да напомнам дека без разлика дали станува збор за скромната работилница на уличниот ќош или некој мал семеен бизнис, занаетите се основната градбена, функционална единка на малото стопанство, клетка која што води до формирање на плодна средина за развој и напредок на индивидуата и на нејзините творечки можности и колективот во кој истата делува.

Според некои истражувања компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа според вас, која е компаративната предност на жените во лидерството?

Ова прашање би го започнала со еден цитат од американската политичарка Ненси Пелоси која вели: „Жените се лидери каде и да погледнете, од високи позиции на големи компании, до домаќинки кои ги одгледуваат своите деца и кои се глави на семејството. Секоја држава е изградена од силни жени кои ги рушат ѕидовите и им пркосат на стереотипите“.

Токму во овие зборови јас го пронаоѓам одговорот на вашето прашање за успешните резултати кои многу компании ги постигнуваат и сето тоа благодарение на жена-лидер. Јас сум силно убедена дека во овие сложени времиња вложувањето во родовата еднаквост, како и поттикнувањето на женското лидерство ќе придонесе кон одговорни, инклузивни политики кои ќе ги адресираат и решаваат проблемите на ранливите маргинализирани групи, а со тоа ќе го подигнат нивото на социјална заштита. Водејќи се со Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 нашата визија се темели на постигнување родова еднаквост во општество во кое жените и мажите  имаат еднакви права, можности и заштита во сите сфери на животот, пристап до ресурси,  социјален развој и напредок на земјата, односно општество, во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство. 

Кои се клучните вредности на коишто вие инсистирате како раководител, што се ваша водилка, и коишто сакате да ги видите и кај вашите соработници?

Би сакала да истакнам, без разлика дали се жени или мажи, критериумите со кои се оценуваат вработените се врз база на образованието, искуството и квалификациите. Во тимот каде што жените се оние што носат одлуки, што имаат идеи и што со тоа ја градат перспективата на таа работа, тој тим е тим за победа, тоа секогаш им го кажувам на своите соработници. Работејќи во услови каде што не постои завист едни кон  други, работејќи сплотено, фокусирајќи се на ефикасноста, одговорот на секојдневните работи ќе биде многу повеќе предизвикувачки и само така ќе можеме заедно да ги постигнеме сите наши цели и да ја направиме Комората постабилна и одржлива.

Би завршила исто така со еден цитат од Нелсон Мандела кој вели: „Секогаш изгледа невозможно дури не се направи“. Јас она што изгледа невозможно ќе се потрудам да се направи и со тоа ќе биде и возможно и видливо и ќе биде успех за сите.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?