Connect with us

македонија

Љубовта над сѐ – Празнична донација на УАКС и АХСС

објавено

на

Среќата е вистинска само кога се споделува со друг, а чувството кога ќе подарите нешто свое е она што ја создава вистинската вредност на празниците.

Токму ова е пораката што сакаат да ја пренесат студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје и учениците од Американската Гимназија Скопје, кои организираа голема празнична донација за да го означат крајот на првиот семестар од академската година. Водени од мотото Love Above All, учениците и студентите ја донираа својата користена и зачувана облека, играчки, книги, костуми за маскенбал, постелнина и разни предмети за домашна употреба, а собираа и донации од сува и конзервирана храна, хигиенски и козметички производи.

Донацијата траеше три недели, и во тој краток временски период, студентите и учениците успеаја толку многу да ја прошират информацијата за овој проект, што со свои донации се вклучуваа голем број нивни пријатели, роднини и други граѓани, што на крајот резултираше со неочекувано големи количини на облека, книги, играчки и разни други производи.  

Во рамки на часот по Менаџмент, заедно со нивната професорка д-р Венера Крлиу, учениците од четврта година во Американската Гимназија Скопје работеа вредно и посветено, водени од желбата секое парче облека да си го најде својот нов, вистински дом. Михаела Милиќ, Михаела Митреска, Зорица Ѓоргиева, Димитра Николова, Ева Марија Лазарова, Филип Мандевски, Ахил Жугиќ, Ивана Здравеска, Кирјана Давкова, Евгенија Николовска, Андреа Димовска, Лина Муслија и Фартун Саид, нашата ученичка што е на размена од САД, внимателно ги групираа, ги сортираа и ги спакуваа сите донирани предмети и производи, и денес ги однесоа до пунктот од каде што ќе им бидат дистрибуирани до лицата од социјално загрозените категории, односно нашите сограѓани на кои помошта им е најпотребна.

Со насмевка на лица и ведрина во духот, овие млади луѓе направија вистински подвиг и успеаја да организираат неверојатно голема донација и да ги разубават празниците за голем број наши сограѓани. Оваа зима, многу бебиња ќе добијат нови топли капчиња, ракавички и јакнички, стотици деца ќе добијат нови играчки и корисни книги, но и топли чевли, тренерки, дуксери и зимски јакни. Со донираната храна ќе се подготват здрави и вкусни празнични оброци, а постарите лица ќе добијат и нова, топла постелнина, прекривки и ќебиња, кои ќе им ги згреат срцата овие празници.

Но, најсреќни овие празници ќе бидат нашите ученици и нашите студенти, затоа што знаат дека вистински помогнале таму каде што помошта е најпотребна. Тие продолжуваат со своите хуманитарни активности и веќе ја планираат следната донаторска акција. Сепак, најважната лекција што треба да се научи и во средно училиште, и на факултет, е дека среќата се множи само кога се дели.

Среќни празници за сите, од УАКС и АХСС!

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?