Connect with us

коментари

Љупчо Зиков: Слаби компании, слаба економија! Што може државата?

објавено

на

Кај ковид кризата беше важно зачувување на работните места и тоа се дефинираше како можеби една од малкуте крајни цели. Државните политики за зачувување на работните места обезбедуваа агрегатната потрошувачка да остане на стандардно високо рамниште како и пред пандемиската криза. Денес, пак, македонската економија е во своја втора и трета фаза на криза кога државните мерки за заштита на работните места нема да бидат доволни (иако многу потребни се тие мерки). Денес компаниите, директорите, управните одбори и со еден збор сопствениците и инвеститорите ќе влезат во еден „волшебен“ круг на неликвидност. Тоа веќе се случува. Инсолвентноста ќе се зголеми, поради намалувањето на ликвидноста  – отсуство и стопирање на деловната активност – нема излезни фактури!? И плус на тоа многу тешко се наплатува претходно сработеното.

Секоја изгубена компанија подразбира крај на еден производствен процес, крај на еден дистрибутивен процес, отпуштања на вработени во фабриката, во дистрибуцијата, намалување на бизнисот и проблеми за добавувачот на суровини, помалку придонеси од плата во пензиските и здравствените фондови и помалку данок во Буџетот на земјата. Следствено државата е во проблем оти има помали можности за трошење. Дали носиме заклучоци? Дали конципираме стратегии? Што научивме, или што секојдневно учиме од овие многу кризи?

Актуелна енергетската криза е проследена со зголемување на цените, страв од депресија и намалување на деловните активности кај домашните македонски компании што како последица има намалување на бројот на вработени, затворања во секторот на трговијата, се затвораат и фирми, најави за затворање на поголеми фабрики па притисок кон државата за помош и субвенции … Од тука почнува оваа анализа…

Според Светската банка не се очекува рецесија освен негативен резултат во еден квартал, но сепак тоа би можело да важи за економиите со повисоки стапки на раст. Во македонската економија она што е добро е што странски компании отвораат фабрики во зоните со релативно добро и брзо темпо. Она што не е добро е што македонските мали и средни компании кои апсорбираат над 90% од работниците во моментов се соочени со намалена ликвидност поради големите трошоци (пред се’ енергетските трошоци. Владата со два пакети тргна да ги решава со неодамнешните мерки … веројатно ќе бидат потребни уште мерки).

Заклучок: денес ликвидноста и капацитетот на отплаќање на обврските од страна на компаниите ќе биде клучниот предизвик. Оттука …

Ние денес практично сме во континуитет на ковид кризата од 2020, 2021 година. Теоретичарите на завери побрзаа овие години да ги дефинираат како „трета светска војна“!? Она што загрижува е што никој со точност не може да предвиди колку долго нестабилноста ќе трае. Некои ја врзуваат со крајот на руско – украинската војна (а никој не знае кога ќе запре агресијата на Русија). Други, пак, одат чекор понатаму и се прашуваат – што е следно?

Кај ковид кризата беше важно зачувување на работните места и тоа се дефинираше како можеби една од малкуте крајни цели. Државните политики за зачувување на работните места обезбедува агрегатната потрошувачка да остане на стандардно високо рамниште како и пред пандемиската криза. Денес, пак, македонската економија е во своја втора и трета фаза на криза кога државните мерки за заштита на работните места нема да бидат доволни (иако многу потребни се тие мерки). Денес компаниите, директорите, управните одбори и со еден збор сопствениците и инвеститорите ќе влезат во еден „волшебен„ круг на неликвидност. Тоа веќе се случува. Компаниите ќе запаѓаат во разни кризи. Инсолвентноста ќе се зголеми, поради намалувањето на ликвидноста (отсуство и стопирање на деловната активност – нема излезни фактури!? И плус на тоа многу тешко се наплатува претходно сработеното).

Сето ова од поодамна се случува во развиените економии на Европската Унија. Дури до Германија. Од таму информациите се дека секојдневно се затвораат многу фабрики. Но да не заборавиме секоја држава различно ја издржува оваа криза. Ќе има држави кои нема да издржат …

Клучни прашања

Оттука, за македонската економија и за земјите во регионот се поставуваат следните прашања …

Кои производствени ланци се неповратно прекинати, а кои ланци можат брзо да се реанимираат? Кои производства се загрозени? Кои услуги исчезнуваат? Колку компании ќе пропаднат? Колку работни места ќе се угасат? Колку БДП-а (бруто домашни производи) ќе бидат „спржени“? Има ли пари да се затнат сите дупки? Прогнозите и предвидувањата стануваат се’ понесигурни и попесимистички и тоа од час во час и од ден во ден. Многумина велат дојде време на „бела смрт на белата експертиза“! Никој не може со точност да ги предвиди одговорите на овие прашања!? Она што е важно е да се делува локално, на ниво на компанија, дејност и држава (мерки) … и тоа на многу кратки рокови. Долгорочно претпоставувам ќе планираат тие што ќе преживеат.

Во светлото на двата владини пакети од над 750 милиони евра за помош на компаниите и граѓаните, што се оценуваат за прилично фокусирани и важни за моментот, а со вредно микроекономско, а и макроекономско искуство составивме еден список на можни мерки со показатели и конкретни предлог мерки во чиј центар се – буџетски суфицит (индуциран се разбира) и високите девизни резерви на земјата.

Борбата со економската криза и падот на БДП (и според Светската банка тој пад ќе биде реалност годинава) треба оди преку промена на парадигмите за креирање политики!? Ако во 2017 година, при промената на власта (доаѓањето на Зоран Заев за премиер) беше спасуван Буџетот од банкрот за да подоцна се спаси целата економија со тоа што ќе се обезбеди силен простор за капитални инвестиции … Денес, оваа влада на чело со Димитар Ковачевски ќе мора силно да се посвети на спасување на стопанството – компаниите, за да евентуално Буџетот се спасува подоцна (пензиите, платите на администрацијата, јавните капитални инвестиции …!? Таква е оваа криза и бара сосема спротивен пристап и мерки.

Или како што во Хрватска на површина се популаризираше слоганот „држава привреди сада мора да плача, да би привреда сутра држави могла да плача„!?

Сега не е време за штедење (се’ помалку има од што да се штеди). Време е за трошење што повеќе пари е можно! „Масивен фискален стимуланс“. Како? Задолжување, се разбира. Стопанството да преживее за да може да плаќа.

Ова ќе има за последица зголемување на јавниот долг како процент од БДП и повеќе од 70%, или нешто под тоа. Најмногу пари од Буџетот државата би потрошила на покривање на минималната плата, пензии, стимулации за претприемачите. На Балканот и во Европа се повеќе се заговара мерка – отпис, а не одлагање.

За проблемите на среден рок, економисти и претприемачи предлагаат и поддршка на финансискиот сектор, на пример кај Развојната банка на Северна Македонија, со нови неколку стотици милиони евра. Пари кои директно ќе бидат пласирани во стопанството, не преку деловните банки, како секторска поддршка на посебни стопански гранки за кои ќе биде оценето дека се важни за економијата на државата.

Најважната задача на Буџетот е непосредно да ги финансира сите трошоци на борбата за намалување на економската штета. За загрозените граѓани, и деловите на стопанството кои со оваа криза ќе бидат најмногу погодени. Затоа, потребно е поагресивно задолжување на државата. Еднократно, привремено зголемување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (додека трае кризата економската и финансиската криза кои се производ и на пандемијата и на енергетската криза заедно) дури и во случај тоа задолжување и зголемување на јавниот долг биде релативно големо, под услов овие средства да се насочат рационално, одговорно и каде што треба. Стопанството мора брзо да влезе во зона на брзо закрепнување. Помошта мора да се случи веднаш.

Сите што работиме во приватниот бизнис знаеме дека покренувачите на бизниси, стопанствениците и претприемачите престануваат да плаќаат даноци и придонеси оти немаат од каде, а не затоа што не сакаат. На работниците им плаќаат колку можат, а не дека не сакаат да ја почитуваат минималната плата.

Оти, ако бидат притиснати ќе мора да отпуштаат вработени …!?

Ако не се работи и десет дена  огромен број претпријатија ги губат финансиските резерви, тешко доаѓаат до свежи пари и со тоа не можат да го компензираат недостатокот од приходи. Во нашиот случај наивно е да се верува дека претприемачите имаат некаква акумулација со која ќе ги финансираат трошоците во ваква ситуација … Тие се сами со себе! Се преиспитуваат, и ги преиспитуваат своите бизнис модели, може ќе се селат надвор, може ќе одат во стечај (едвај чекаат некои од нив) … Државата мора да го има ова предвид …

Како македонската економија ќе го финансира растот? Ако е преку задолжување, тогаш како да направиме добро задолжување?

Прво, во меѓувреме ММФ (Меѓународниот монетарен фонд) и Светската банка ни се на располагање … Тие всушност цело време, три децении, ни се на располагање … Понатаму кога ќе се создадат подобри услови во текот на следните месеци може да се оди со внатрешна буџетска резерва, задолжување на внатрешниот пазар на хартии од вредности и второ – задолжување на меѓународниот пазар на капитал. Може да се оди на лансирање на еврообврзница. Но сега не е време. Треба да се процени вистинското време за нејзино лансирање!?! Кога и колку ќе се задолжиме и по која камата?

Што и како да се финансира и помогне на малите и средните бизниси? Една мерка која, економистите и претприемачите ја сугерираат раздвижување на гарантниот фонд. Основање на повеќе такви. Банките во тој фонд да внесат неколку стотици милиони евра, а државата да ги гарантира за еден дел од тие милиони евра, пласманите кај компании, како би се финансирале малите бизниси.

Друга добра мерка, која се’ уште овде не се практикува е издавање корпоративни обврзници за големите и средните компании за силно подигање на овие компании во брзо време.

Коперникански пресврт! До каде може да се оди со државен интервенционизам?

Никој во приватниот сектор, особено големиот бизнис, не сака да се откаже од помошта на Владата. На овие простори тоа стана традиција. Главна мантра. Кај дел од стручната јавност најавите за силен државен интервенционизам предизвикуваат нервоза и паника. Некои упатуваат на прочуената мисла на Роналд Реган: „Најстрашната реченица во англискиот јазик е: Јас сум од Владата и тука сум да помогнам“.

Анализите одат во правец на јасните заклучоци дека „социјализација на загубите“ секогаш звучи деструктивно затоа што на тој начин се уништува суштината на пазарната економија. Се создава долгорочно неодржлив раст на јавните долгови, а некаде може да се стимулира и провоцира инфлација што на крајот ја плаќаат сите даночни обврзници.

Сепак, и економската наука и бизнисмените и аналитичарите, горе долу, се согласни и предлагаат мерки како и сите влади во светот: со фискални стимулации да се угасат економските, политичките и социјалните пожари.

Од друга страна, пак, познато е и на примерот на Македонија и од други примери во регионот дека компаниите особено нејзините сопственици лесно влегуваат во разни односи со политичарите. Откако и  таа „љубовна врска“ доаѓа во криза обично работите завршуваат така – политиката го става во скут претприемачот … и потоа „небото е лимит“ што се’ се случува. Што најмногу страда овде? Претприемништвото секако. Така систематски се уништува претприемачкиот дух кај помладите генерации.

Една од последиците е иселувањето (не заради немање работа или ниски приходи, туку заради отсуство на можности). Друга последица е притисокот да се влезе во јавна администрација. Гарантирано биро, интернет, компјутер, телефони, нема притисок на тоа што носи денот и годината, неподносливо чувство на преживување, а тие на крајот не можат толку малку да те платат колку што ти не работиш. А и не се така мали платите (во многу сектори на администрацијата платите се далеку поголеми од најдобрите во приватниот сектор). Ова се сериозните дефекти.

Ние во нашата паразитска економија зборуваме исклучиво за помош веќе 30 години од независноста до денес. Тогаш се поставува прашањето – како државата ќе бира приматели на помош, по кои критериуми ќе одлучува кому ќе ја даде помошта, кој тоа ќе го одлучува? Имајќи го предвид македонскиот менталитет …

Оти, големите државни субвенции можат да бидат многу плодно тло за пораст на корупцијата. Затоа прашањето е дали евентуалните мерки ќе бидат директни субвенции или евтини кредити!? Затоа што десетици и стотици милиони евра кои се споменува како долна граница на државни субвенции (!?), доволно е да Македонија биде лансирана во врвот на коруптивните држави (имајќи го предвид менталитетот на луѓето и немоќта на надлежните институции).

Одомаќинетиот принцип „рака раката ја мие“, преку евентуалните нови државни давања (нешто слично како во деведесеттите години), на среден рок, уште повеќе ќе го осиромаши населението, а од друга страна ќе им овозможи на „бизнисмените домашни љубимци“ на сите политички елити во земјата (без исклучок оти токму тие покажаа дека, без остаток можат да се „љубат“ со сите партии) да ги зголемат своите „мали задолжени феуди“.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор