Connect with us

интервју

Љупчо Николовски: Ја завршивме браната Конско, на ред е системот за наводнување – реализираме сон постар од 50 години

Љупчо Николовски, министер за земјоделство, водостопанство и шумарство

објавено

на

„Изградбата на браната Конско е најголем и најзначаен проект од национален интерес за државата и граѓаните. Тоа не е и не може да биде проект на една или друга политичка партија, туку единствено проект на граѓаните. Браната Конско е најголемиот водостопански проект реализиран во последните 20 години, но и најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на оваа брана  започнува уште од 1973 година и денес тој сон стана реалност.“

Пред околу две недели заврши изградбата на браната Конско, која што заедно со системот за наводнување кој веднаш потоа почна со изградба, ќе обезбеди квалитетно водоснабдување на цело Гевгелиско поле. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, којшто е особено горд што изградбата на браната почна и заврши во мандатот на владата на СДСМ, вели дека ова е најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50-тина години, што ќе помогне во неговиот вкупен економски развој. Со Николовски разговаравме околу значењето на проектот Брана Конско, но и за останатите крупни водоснабдувачки проекти што се реализираат во моментов.

„Овој капитален проект е посебно важен за земјоделците, бидејќи подразбира ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување, со кој се опфатени околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Инвестицијата е вредна 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра и ја обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини, во текот на целата година. Ова би значело помали трошоци и поконкурентно македонско земјоделско производство.“

Министре, деновиве заврши изградбата на браната Конско, проект реализиран во мандатот на Владата предводена од СДСМ. Колку оваа капитална инвестиција е важна за земјоделците?

Изградбата на браната Конско е најголем и најзначаен проект од национален интерес за државата и граѓаните. Тоа не е и не може да биде проект на една или друга политичка партија, туку единствено проект на граѓаните. Браната Конско е најголемиот водостопански проект реализиран во последните 20 години, но и најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион последниве 50 години. Сонот за изградбата на оваа брана  започнува уште од 1973 година и денес тој сон стана реалност.

Изградбата на браната Конско ја започнавме во 2018 година и комплетно ја завршивме во 2024 година. Низ годините на изградба соочени бевме со многу предизвици, лошо подготвен проект кој мораше во самиот тек да се менува, потоа КОВИД криза, како и светска економска криза. Желбата овој проект да успее беше огромна и ниту еден пречка не нѐ запре, секој предизвик кој го имавме беше надминат.

Овој капитален проект е посебно важен за земјоделците, бидејќи подразбира ново вештачко езеро-акумулација и нов систем за наводнување, со кој се опфатени околу 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Инвестицијата е вредна 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра и ја обезбедува потребната вода за наводнување на земјоделските површини, во текот на целата година. Ова би значело помали трошоци и поконкурентно македонско земјоделско производство. Покрај наводнувањето на земјоделските површини, со овој проект го помагаме вкупниот економски развој во овој регион, создавајќи услови за развој на рурален туризам, спортски и рекреативен риболов.

Бевте министер за земјоделство и водостопанство кога почна изградбата на браната Конско, после извршувањето и на други функции сега сте повторно министер во истиот ресор и кога проектот финишираше, па како вие лично ја доживувате реализацијата на оваа значителна капитална инвестиција?  

Лично јас браната Конско ја доживувам како нешто кое за мене ќе остави траен личен белег, но и ќе го мапира Министерството за земјоделство, како институција, која изминативе седум години постигнала огромен успех во реализацијата на водостопански објекти. Имав чест токму во 2018 година, заедно со тогашниот премиер Зоран Заев, да го притиснеме копчето кое означи старт на градбата од овој важен капитален проект за земјоделците и државата. Уште повеќе бев среќен при секое доаѓање во увид на овој објект, гледајќи го како напредува од фаза во фаза. Го следев целиот процес на градба, а имав чест да присуствувам и на тестирањето на опремата. Тогаш влегов и во тунелот пред да се затвори капакот и сведочев на почетокот на првото полнење на браната.

Во изградбата на овој капитален проект свој придонес дадоа повеќе луѓе и институции. Наша желба беше сите тие луѓе да бидат поканети на настанот кој го организиравме за свеченото заокружување од изградбата на браната Конско за да лично видат и самите што сме направиле заедно и да бидат дел од заокружувањето на овој важен проект каде имале свој придонес.

Исто така браната Конско добива нова додадена вредност, бидејќи со грант од Кралството Шпанија, предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици, со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата.

Сакам да истакнам дека ова е единствениот водостопански објект, каде веднаш по завршувањето на браната, само ден потоа, се почна и со изградба на хидросистемот за наводнување Конско, давајќи ги налозите за почеток со активностите за изградба на системот на избраниот консултант за имплементација на проектот Consulting Engineers Salzgitter.

Веднаш по објавата за завршувањето на изградбата на браната Конско, од опозицијата излегоа со реакција дека тоа бил проект на ВМРО-ДПМНЕ, а дека вие како власт три години сте доцнеле со реализацијата. Како ги коментирате овие наводи на опозицијата?

Денес кога овој сон стана реалност, браната Конско наместо да биде проект на обединување, повторно сме сведоци на делби и политиканство, дека проектот не бил на оваа, туку некоја друга Влада. Јас секогаш сакам да зборувам со факти, па така и сега сакам граѓаните и земјоделците да ја знаат вистината.

Дури од далечната 1973 година датира идејата за изградба на браната Конско. Уште тогаш се дадени првите размислувања и технички решенија, како да се искористат водите од река Конска, како би можело да се наводнува Гевгелиското поле. Па така уште тогаш се подготвува студија од страна на Заводот за  водостопанство на тогаш Социјалистичка република Македонија. Студија преку која се дефинира преградното место за формирање на акумулацијата Конско, дефинирајќи го уште тогаш овој капитален проект како стратешки објект. Реализацијата на овој важен национален проект, претставувала сон за секоја идна генерација, во насока за обезбедување на квалитетно наводнување на земјоделското земјиште во Гевгелиското поле.

Првиот главен проект за ХМС „Гевгелиско поле“, Подсистем „Конско“, Брана Конско е изработен уште во 1979 година, од страна на „Мелиопроект“ – Скопје. Потоа во 2011 и 2012 година оваа проектна документација е обновена и се подготвил нов идеен и основен проект, од страна на Градежен институт „Македонија“- Скопје. МЗШВ потоа во 2015 година спроведува ограничена постапка за доделување договор за јавна набавка на работи – Изградба на брана Конско и потпишува Договор за изведување на работите со најповолниот изведувач. Ваквиот Договор со фирмата изведувач, Министерството го потпишува, иако се знае дека реализацијата на проектот може да биде неизвесна и доведена под знак прашалник, од причини што во тој момент за проектот сѐ уште нема издадено одобрение за градење, ниту пак е извршена пренамена на шумското земјиште, со трајна е трајна експропријација на делот за изградба на објектите.

При самиот тек на изградбата, поради лошо изработениот проект имаше потреба да се вршат многубројни измени на проектот. Ваквите измени беа поради лошите геодетски испитувања на земјиштето и честите свлечишта, а секоја измена на проектот во тек на градење, предвидува одново започнување на процедурата за вадење на градежна дозвола.

Ако претходната владејачка гарнитура  имала за приоритет изградба на брани и системи за наводнување наместо статуи од бронза и фасади од гипс, можеби оваа брана ќе била готова уште порано. Она што е факт е дека реализацијата на капиталниот проект брана Конско започна со изградба во 2018 година и комплетно се заврши во 2024 година, а само ден по заокружувањето од изградбата на браната се започна со активностите за изградба на системот за наводнување Конско.

Изградивме капитален проект важен за државата. Браната Конско ќе биде запишана во историските документи и ќе биде сведок на едно време, во кое приоритетите биле државнички, за доброто на граѓаните и за иднината на сите нови генерации, кои ќе ги живеат благодетите на она што ние го градиме денес.

„Имав чест токму во 2018 година, заедно со тогашниот премиер Зоран Заев, да го притиснеме копчето кое означи старт на градбата од овој важен капитален проект за земјоделците и државата. Денес кога овој сон стана реалност, браната Конско наместо да биде проект на обединување, повторно сме сведоци на делби и политиканство, дека проектот не бил на оваа, туку некоја друга Влада. Ако претходната владејачка гарнитура  имала за приоритет изградба на брани и системи за наводнување наместо статуи од бронза и фасади од гипс, можеби оваа брана ќе била готова уште порано. Она што е факт е дека реализацијата на капиталниот проект брана Конско започна со изградба во 2018 година и комплетно се заврши во 2024 година, а само ден по заокружувањето од изградбата на браната се започна со активностите за изградба на системот за наводнување Конско.“

Само еден ден по изградбата на браната веднаш го започнавте процесот за изградба на системот за наводнување Конско, но и на уште три други системи за наводнување. Велите дека тоа е најголемата инвестиција до сега во водоснабдувањето. Кои се земјоделци имаат бенефит од овој проект и кога и какви резултати земјоделците можат да очекуваат?

Токму така, станува збор за до сега најголемиот водоснабдувачки  проект и по површина и по вредност, што досега се реализира во државата. Станува збор за проект, преку кој наводнуваме нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште, а вкупната вредност на проектот за изградба на сите четири системи изнесува 120 милиони евра.

Хидросистемот Конско е еден од четирите системи, заедно со системите Пепелиште, Страиште, и Лисиче, кои како дел од Програмата за наводнување на државата ги реализираме, инвестирајќи во изградба на цевководи со кои обезбедуваме наводнување, до нови 13.500 хектари обработливо земјоделско земјиште.

Придобивките за земјоделците од овие проекти се големи. Најголем бенефит од овие четири системи за наводнување имаат земјоделците од општините по текот на реката Вардар, а тоа се Велес, Чашка, Неготино, Демир Капија, Валандово, Гевгелија, Богданци и Дојран. Имплементацијата на проектот е од страна на Министерството за земјоделство, а истиот го реализираме со помош на кредитната банка KFW од Сојузна република Германија. Преку заем од 80 милиони евра и грант од 2.8 милиони евра за поддршка на земјоделците и земјоделските задруги во овие област, како и средства од националниот буџет на државата.

Дека како министерство и Влада сме посветени во работата да обезбедиме можности повеќе за секој еден земјоделец, за секој еден човек, говори и фактот дека само еден ден по изградбата на браната Конско се започна постапката за изградба на системот за наводнување Конско. Само за споредба, после 15 години од пуштањето на браната Лисиче, конечно денес, започнува изградбата и на системот за наводнување Лисиче. Конечно комплетирајќи ги сите три предвидени фази за работа на браната Лисиче.

Овие четири системи за наводнување се дел од Програмата за наводнување на Северна Македонија и се протегаат по сливот на реката Вардар. Станува збор за Хидросистем „Лисиче“, систем кој ги опфаќа земјоделците од општините Велес и Чашка, преку кој се обезбедува наводнување за 3.650 хектари земјоделско земјиште. Потоа Хидросистем „Пепелиште“, кој ги опфаќа земјоделците од општините Неготино и Демир Капија, со наводнување на површини од 3.000 хектари. Третиот важен проект е Хидросистем „Страиште“, кој ја опфаќа општина Валандово, наводнувајќи земјоделска површина од 1.500 хектари. Четвртиот проект е Хидросистем „Конско“, кој опфаќа наводнување на 5.500 хектари земјоделско земјиште од општините Гевгелија, Богданци и Дојран. 

Имаме потпишан договор со фирма консултант која има веќе добиени налози за започнување на активностите за изградба, односно подготовка на главни проекти за изградба на четирите проекти, подготовка на документација и распишување на постапка за изградба, надзор и имплементација на подготвените проекти за изградба на проектите. За сите овие четири проекти веќе се изработени посебни физибилити студии и проценка на еколошкото и социјалното влијание со што изводливоста и одржливоста на истите е потврдена.

„Градиме и обезбедуваме вода за земјоделците, ги зголемуваме површините, го зголемуваме производството, ја зголемуваме домашната економија. Одиме напред во секој поглед и не застануваме. Модернизацијата и вложувањето во квалитетни системи за наводнување е еден од петте главни приоритети во нашата работа како министерство. Обезбедуваме наводнување и ја ставаме во функција за производство на храна секоја земјоделска површина. Директно помагајќи ги земјоделците, обезбедуваме богат и квалитетен род домашна македонска храна.“

За реализација на овие проекти подготвен и усвоен од Владата е Акциски план за спроведување на Програмата за наводнување на Северна Македонија. Со овој план се предвидуваат сите активности за проектирање, подготовка на документацијата и изградбата на сите четири системи за наводнување да бидат завршени во рок од 60 месеци од денот на воведувањето во работа на консултантот за имплементацијата, со гарантен период од 12 месеци. 

Ваквите проекти треба да нѐ обединуваат, да бидеме горди на овие успеси. Сме докажале дека можеме подобро, дека можеме повеќе да направиме за секој граѓанин.  

Често велите дека инвестициите во водоснабдувањето се еден од приоритетите на Министерството, на кои сѐ проекти во водоснабдувањето работите во моментов?

Не може да има квалитетно земјоделско производство без редовно наводнување, без модерни системи за наводнување на земјоделските површини. Токму затоа инвестирањето во изградба на нови и реконструкција на постојните системи е еден од нашите главни приоритети во работата сите овие години. Посветено градиме модерни системи за наводнување, обезбедувајќи сигурно земјоделство.

Покрај браната Конско и изградбата на четирите системи за наводнување Конско, Лисиче, Пепелиште и Страиште, активно работиме и на многу други проекти во водоснабдувањето. Во моментов речиси на целата територија на државата имаме активни проекти за модерни хидросистеми.

Завршени се системите Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица, а во завршна фаза е системот Теарце. Тековно се градат системите  Колибари и Пумпна станица Дебар. Непречено се одвиваат работите за реализација на капиталниот проект Равен Речица и брана Речани, а оваа година ќе започне тендерска постапка за нова брана, Брана Слупчане. Во тек е и проектирањето на Втора фаза од системот за наводнување Равен Речица, во фаза на потпишување е Договор за мал систем за наводнување во Општина Сарај. Дополнително пак со средства од ИПА фондовите одобрени се уште два капитални проекти, изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци.

Градиме и обезбедуваме вода за земјоделците, ги зголемуваме површините, го зголемуваме производството, ја зголемуваме домашната економија. Одиме напред во секој поглед и не застануваме.

Често пати при теренските средби со земјоделците еден од проблемите што го посочуваат е работата на АД Водостопанство. И повторно да зборуваме со факти. Пред 2016 година успешно функционирал еден систем со тогаш водни заедници кои управувале самостојно со системите за наводнување. Систем што тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ го уништи, носејќи закон со кој функционалните водни заедници ги укинува и го централизира системот на управување со системите за наводнување преку АД Водостопанство.

На овој начин тогаш ВМРО-ДПМНЕ свесно ја има направено најголемата штета за земјоделците што ги користат овие системи за наводнување, а денес без никаков срам зборуваат за тоа, повторно без да понудат некое решение за проблемот што го направиле. За разлика од нив, ние посветено водиме грижа за земјоделците и имаме решение за овој проблем. Решение на кое овие години заедно со мојот тим во министерството напорно работевме. Подготвивме и Владата веќе го усвои,  јасен план за реорганизација и реструктурирање на друштвото кој ќе започне со спроведување, чии што основи се темелат на подобрено организациско постапување и подобрено финансиско работење, како и модернизирање и дигитализација на процесите на управување и контрола. Ние за разлика од ВМРО ДПМНЕ системски ги решаваме проблемите на земјоделците. Целта преку овој план е функционално управување со системите за наводнување, зголемување на површините за наводнување и зголемување на земјоделското производство.

Модернизацијата и вложувањето во квалитетни системи за наводнување е еден од петте главни приоритети во нашата работа како министерство. Обезбедуваме наводнување и ја ставаме во функција за производство на храна секоја земјоделска површина. Директно помагајќи ги земјоделците, обезбедуваме богат и квалитетен род домашна македонска храна. 

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа