Connect with us

економија

Ќе го „ прележи“ ли пензискиот систем корона – грипот?

Замислете ситуација во која би имало намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист.

објавено

на

Замислете ситуација во која би имало намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист. Приходите кои сам по себе ги генерира пензискиот систем ќе падна уште за околу 5%. Токму затоа улогата на Фондот, но и на МАПАС како државни институции, не треба да биде повеќе пасивна. Треба да поткренат иницијатива заедно со Агенцијата за вработување, да се потрудат ниту едно работно место да не биде непополнето. Но, и да покренат иницијатива за субвенционирање на ново отворени компании, испразнети работни позиции.

Благој Митевски
адвокат и магистер по финансиско право

Имајќи го предвид фактот дека Ковид кризата очигледно ќе трае подолг временски период, време е да се запрашаме дали нашиот пензиски систем, вклучително и првиот државен столб, но и вториот и третиот столб кои се приватни, се во состојба да ја преживеат оваа Ковид криза. Ударот, како и во секој друг сегмент од економијата, и тука ќе биде неминовен. Прашањето е колку истиот ќе биде голем и што е потребно за да се ублажи ударот? Но и големото прашање е што ако кризата потрае? Дали има опасност од целосен крах на пензискиот систем.

Време за реални анализи на состојбата

Дојдено е време за вистината. А тоа е да точно се каже колкумина има вработени во Македонија. Но и да се каже колкумина од нив се во реален сектор ( приватни компании ), а колкумина од нив се во државен сектор ( јавна администрација и локални јавни претпријатија ). Внесувањето на сувопарни податоци овде не треба да застане. Треба и јасно  да се каже кои приватни компании се ликвидни, односно на месечно ниво ги покриваат и внесуваат паричните средства за пензиско и здравствено осигурување. Треба и да се има бројка на компании кои доцнат со тоа  внесување, неколку месеци, но се трудат да бидат ликвидни.
И на крај треба да се има и бројка на компании, но и на вработени лица, за кои придонесите не се плаќаат со месеци наназад, кои официјално се водат како вработени, но пензиските фондови немаат приноси од нив со месеци. Мора да постојат и точни податоци за тоа колку секој месец пари влегуваат во првиот пензиски столб, а колку во вториот пензиски столб. Оваа анализа може да се направи и по сектори, но и по региони, како и по градови. Потребни се и релевантни податоци за тоа колку точно парични средства се исплаќаат на име на пензија, од првиот државниот столб, како и од вториот приватниот столб.

Покрај анализите кои можат да дадат точни податоци, буквално до денар, потребно е да постојат и анализи кои ќе ги предвидуваат тековите во иднина. Односно, да постои навремено собирање податоци за идни пензионери. Пензискиот систем е жива материја, која до крај не може да биде предвидена, од причини што никогаш не можете да знаете дали веќе некој утре ќе побара да го користи правото на семејна или инвалидска пензија. Но, затоа пензијата по основ на старост – старосната пензија, лесно може да биде предвидена. Оттука, изработката на анализа на ниво на подрачни единици на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во поглед на тоа кои лица во тековната година исполнуваат услови за старосна пензија, е и тоа како е потребен податок, со цел да се предвиди колку парични средства ќе биде потребно да бидат исплатени на име на пензии, веќе во следниот период. Овој податок има и друга предност. Со него можат да се предвидат и слободните работни позиции, и во соработка со други државни институции, пред се со Агенцијата за вработување, да се побара соодветен кадар и да се понуди на компаниите, со цел да работното место кога ќе биде испразнето по основ на пензионирање, да не стои празно ниту еден ден. Со тоа и Фондот да остварува добивка на име придонеси од тоа работно место.

Ковид кризата покажа до сега дека состојбите брзо се менуваат. Податоците говорат дека од почетокот на кризата 30.000 наши сограѓани останале без работни места, од кои поголем процент се млади. Тоа несомнено преставува удар и врз државниот пензиски фонд , но и за вториот пензиски столб, кај кој членови се токму релативно помладите граѓани, за кои е задолжително членувањето во овој столб. Губењето на работни места, кои процентуално се со над 95% од реалниот, приватен сектор, значи и губење значителен паричен принос за пензиските столбови. Но од друга страна еден статистички податок во оваа Ковид криза, влева оптимизам. А тоа е податокот дека процентот на затворени приватни правни лица, или фирми, е многу мал.  Само 20 –тина компании побарале да се отвори постапка за стечај за нив. Процентот на ликвидирани фирми е исто така мал.

Зошто овие податоци се битни и релевантни? Затоа што и покрај значителното губење на работни места, фактот дека компаниите не се ликвидираат и не одат во стечај, говори дека претприемачите имаат желба да продолжат да опстојуваат на пазарот. Ова укажува на тоа дека штом се создадат услови за раст на економијата, сите работни места кои сега се загубени лесно и брзо можат да бидат повратени.

Создавање нови работни места во криза

Навидум голем предизвик, но не и невозможен. Досега мерките од државните институции одеа кон тоа да се заштитат постоечките работни места. И тоа во голема мера, беше успешна мисија. Нормално и логички е да државата нема контрола во одлуките на приватните сопственици на компании, во поглед на тоа дали во следниот период истите ќе одјавуваат вработени, или ќе намалуваат обем на работа. Сепак државата може да одигра добра улога во создавање на нови работни места во иднина. И тоа на начин на субвенционирање на создавање на нови работни места. Државата субвенционира задржување на моментални работни места. Но што кога овие субвенции ќе завршат? Што доколку работното место остане непродуктивно, односно непотребно?

Овде треба улогата да ја преземат Фондот за ПИОМ и МАПАС како заинтересирани институции бројот на вработени во реалниот приватен сектор да не се намалува. Како? Едноставно, на сите поголеми работодавачи (сите кои вработуваат над 50 луѓе), да им се направи анкета, колку од работните места имаат намера да задржат по завршувањето на субвенциите. Дали имаат потреба од нов кадар. Дали имаат недостаток на соодветен специфичен кадар. Мапирањето на тоа колку работници би останале без работа во следен период, колку од нив веднаш можат на најдат работа кај друг работодавец, и дали постојат работни места кои се слободни, е многу потребни во овој момент. Фондот и МАПАС се институции кои имаат капацитет, потребни податоци, и потребен интерес кој директно задира во нивните приходи и во, дадената ситуација, обем на нивна одржливост.

Со оглед на долгиот временски период во кој кризата опстојува и го диктира пазарот на труд, потребно е да се размислува за промената на моделот на субвенционирање на работните места. Мапирање на недостаток на работници со соодветни класификации кај определени индустрии, ќе покаже кон каде треба да се насочи државата со субвенциите кои ги нуди.

На пример,  доколку имате недостаток на работници, во компании кои работат во информатичката индустрија (логички од причина што светот живее онлајн во моментот ) треба сите невработени лица кои имаат познавање, макар и основни од оваа индустрија да ги насочите кон работодавци кои нудат работни места во овој сектор. Бесплатно основање на компании или помош при потребната документација, е мерка за лица кои самостојно од дома работат како „ фриленсери “ со цел истите да се мотивираат да плаќаат придонеси. Иновациите и стартапите кои можат да понудат барем едно вработување на пазарот, заслужуваат внимание и субвенционирање. Прекомандата на работна сила од компании кои мораат да отпуштат вработени, кон компании кои имаат потреба од вработени со истите или слични класификации, е потребна. На тој начин нема ниту денар да се загуби од приходи по основ на придонеси кои ги има Фондот. Овој „вакуум “ период им дава шанса на институциите да создадат систем за во иднина со кој секое работно место ќе биде пополнето во реално време и со тоа да не се губат средства на име придонеси ниту еден ден. Ваквиот воспоставен систем е потребен за општо добро и на компаниите и на работниците, но и на државата. И овде Фондот за свое добро, мора да преземе улога на „ медијатор “ меѓу сите заинтересирани страни.

Со оглед на долгиот временски период во кој кризата опстојува и го диктира пазарот на труд, потребно е да се размислува за промената на моделот на субвенционирање на работните места. Мапирање на недостаток на работници со соодветни класификации кај определени индустрии, ќе покаже кон каде треба да се насочи државата со субвенциите кои ги нуди.

Ќе преживеат ли првиот и вториот столб ?

Вториот столб би требало да ја „ прележи „ Корона кризата без посебни  поголеми проблеми. Со оглед на начинот на кој функционира и создава профит, се’ што е потребно е досегашните парични средства да ги вложи на сигурен пазар. А сигурни пазари и во време на корона постојат. Како што се банкарските депозити, кои нема да ја зголемат активата на столбот, но ќе ја држат стабилна, до државни обврзници кои се стабилен пазар, па се до акции во големи фармацевтски, информатички, и друг вид компании кои остваруваат огромни профити и во време на корона. Инвестициските фондови , како и пензиските фондови се исто пазар кој е стабилен и може да придонесе за зголемување на активните средства на компаниите кои раководат со паричните средства од вториот столб.

Но за таа сметка државниот прв столб е во големо искушение. Прво, тој не е ликвиден. Едноставно во моментот за државата истиот претставува „ некорисен потрошувач “. Влече многу пари од Буџетот, а не придонесува за зголемување на парични средства во истиот. Второ, не постојат напори за ситуацијата да се промени. Со месеци и години наназад овој столб тоне се’ повеќе. Потребно е да се направат напори истиот да биде стабилен. Замислете ситуација во која би имало намалување на 50.000 работни места, за кои нема да се плаќаат придонеси, а бројот на пензионери да остане ист. Приходите кои сам по себе ги генерира пензискиот систем ќе падна уште за околу 5%. Токму затоа улогата на Фондот, но и на МАПАС како државни институции, не треба да биде повеќе пасивна. Треба да поткренат иницијатива заедно со Агенцијата за вработување, да се потрудат ниту едно работно место да не биде непополнето. Но, и да покренат иницијатива за субвенционирање на ново отворени компании, испразнети работни позиции.  Токму затоа и се даваат идеи во овој текст како истото да се постигне. Пасивноста на институциите кои раководат со првиот пензиски столб, во иднина, доколку оваа криза потрае, може навистина да доведе до ситуација на крах на пензискиот систем.

Затоа потребно е да се размислува за многу алтернативи. Во време на криза не би се препорачало зголемување на процентот за придонеси (иако тој „ незабележително“ се зголемува постојано, со зголемувањето на минималната плата и зголемувањето на просечната плата, кои и покрај кризата сепак се зголемени). Ваква одлука би била дополнителен удар за приватните компании и би довела до дополнително губење на работни места. Но, зголемување на процентот на уплати во вториот столб, кој е далеку постабилен е можна варијанта. Овозможувањето на управување со повеќе парични средства на компаниите кои раководат со овие фондови, може да биде паметна одлука, доколку се изнајде модел тие компании да одвојуваат определен процент од својата заработка за помош на првиот столб. Би имале вин – вин ситуација. Приватните компании повеќе пари за управување, со тоа и раздвижување на другите финансиски пазари, а од друга страна првиот столб со дотур на парични средства кои, прво би биле стабилни и постојани, второ не би биде од Буџетот.

Вака теоретски воспоставениот систем би довел до предизвици и за првиот пензиски столб, но и за вториот пензиски столб. Би се раздвижиле финансиските пазари, би се пуштиле повеќе средства во оптек , да со нив работат професионалци, а државниот систем би остварувал првпат добивка од друга страна која не е Буџетот и би имал задача и обврска да менаџира паметно со тие парични средства, и за првпат би создал и свој приход, односно би заработил пари. Или попросто објаснето, државниот пензиски столб би се откажал, односно би вложил од своите пари, пример 3 % во приватниот втор пензиски столб, и би остварувал приход, односно добивка од тие пари, или уште попросто кажано, би купил удел во приватниот столб.

Секако за оваа теорија да стане реалност и пракса, државата мора да гарантира за евентуални злоупотреби. Сепак отвореноста на пазарот и стабилноста на приватниот втор столб треба да се доволна гаранција. Еве може да се направи тест период од три месеци. И доколку  е неуспешен да се задолжат компаниите од вториот столб да ги вратат во целост парите на првиот столб. Зошто да не пробаме?

Continue Reading
менаџмент / маркетинг5 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг5 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет5 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!