1,2 милиони денари од хуманитарниот хепенинг на „Aлкалоид“ донирани за чист воздух
Објавено на од во Компании
На хунманитарниот хепенинг хепенингот кој се спроведува под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов” , кој оваа година се оддржува по девети пат, беа собрани околу 1,2 милиони денари, a парите ќе бидат донирани на граѓанската иницијатива „О2“, за да помогне во борбата за чист воздух и здрава животна средина.
alkaloid-piknikkk-28-.09.2019Здравјето е врзано со воздухот што го дишеме и со здрава животна средина е пораката од традиционалниот девети хуманитарен хепенинг на компанијата „Алкалоид”,
„Кога се решаваше прашањето за намената на годинашната донација, кај сите консултирани веднаш добивавме акламација истата да биде наменета за борба против загадувањето. Проблемот со загадувањето на животната околина е горлива тема која непосредно нѐ засега сите нас. Ако чистата животна околина значи здравје и претставува колективна одговорност, тогаш верувам дека нашиот партнер на овој настан, граѓанската иницијатива ‘О2’ е легитимно избран и дека денешната донација ќе ја искористи за една навистина благородна цел, подобрување на квалитетот на животна околина, а со тоа и квалитетот на животот воопшто”, рече Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалод”.
Од „Алкалоид” велат дека годинава на хуманитарниот настан свој придонес дале над три илјади вработени, гости и пријатели на компанијата.
Ели Пешева, претставник и основач на „О2 Иницијатива”, рече дека живееме во градови со загаден воздух, вода и почва и дека тоа влијае на сите.
“Да се заблагодарам што ‚Алкалод‘ нѐ одбра за партнер. Се обидуваме да ја зголемиме јавната свест и да ги поттикнеме институциите да преземат сериозни активности за намалување на загадувањето и последиците од него”, рече Пешева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×