1.3 трилиони долари и 7.000 работни места ја напуштаат Британија поради Брегзит
Објавено на од во Економија
Банките и другите финансиски компании префрлаат се повеќе средства и работни места надвор од Обединетото Кралство, како што земјата се движи кон Брегзит.
min to bregzitКомпаниите за финансиски услуги во Британија објавија дека планираат да префрлат 1 трилион долари (1,3 трилиони долари) во Европската унија, според консултантската фирма EY.
Многу банки имаат отворено нови канцеларии во Германија, Франција, Ирска и други земји на ЕУ за да го заштитат својот регионален бизнис по Брегзит.
Тоа значи дека тие исто така мора да пренесат значителни средства за да ги задоволат регулаторите на ЕУ. Други компании пак, префрлаат големи сретства за да ги заштитат своите клиенти од дивите пазарни промени и ненадејни промени во регулативата кои би можеле да следат по прекинувањето на односите помеѓу Британија и нејзиниот најголем трговски партнер.
Индустријата за финансиски услуги учествува со околу 12% од економијата на Обединетото Кралство, а вработува 2,2 милиони луѓе.
Консултантите од EY следеле 222 од најголемите компании за финансиски услуги во Обединетото Кралство по референдумот за Брегзит во јуни 2016 година.
Тие велат дека има “постојан пораст” во бројот на компании кои објавуваат дека ги дислоцираат вработените, операциите и средствата во подготовката за Брегзит.
Бројот на работни места кои ќе бидат дислоцирани од Обединетото Кралство во блиска иднина изнесува 7.000, според EY. Проценката е дека тоа ќе ја чини Велика Британија најмалку 600 милиони фунти (794 милиони долари) во изгубени даноци.
Oд ЕY велат дека  проценката на имотот што се пренесува во Европа е “конзервативна”. Но, тоа грубо одговара на очекувањата на Европската централна банка.
Андреа Енрија, шеф на банкарската регулатива во ЕЦБ, минатата недела за Фајненшал тајмс изјави дека централната банка очекува околу 1,2 милијарди евра средства да бидат преместени од Велика Британија во 19-те земји-членки на ЕУ кои го користат еврото.
Крајната сметка најверојатно ќе зависи од условите на излезот и кога ќе се случи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×