Connect with us

македонија

10 години dm: Останавме пример на одговорно и успешно работење со двоцифрен развој на прометот.

објавено

на

  • Остварен промет од 1,79 милијарди денари, што претставува раст од 27,7% во однос на претходната деловна година
  • На ниво на целата dm Групација во Европа е остварен промет од 13,581 милијарди евра
  • Исплатена јубилејна 15. плата на сите вработени согласно висината на стажот
  • Реализирана рекордна сума на донации – повеќе од 5,3 милиони денари донирани во општествено одговорни цели
  • 22 продажни објекти во 10 градови – нова dm дрогерија достапна и во Струга
  • Зголемена фреквенција на пазарувања во dm дрогериите за 24,5%

Скопје, 10 ноември 2022 година. Компанијата dm дрогерие маркт во изминатата деловна 2021/22 година во Република С. Македонија оствари промет од 1,79 милијарди денари, со што забележа раст од 27,7% во однос на претходната година. Со ова компанијата ја одбележа јубилејната десетта година работење на македонскиот пазар, со зголемување на фреквенцијата на своите купувачи за 24,5%. Јубилејот, компанијата го прослави и со рекордна сума на општествено одговорни донации во висина од повеќе од 5,3 милиони денари, со што уште еднаш го зацврсти и потврди веќе постоечкиот углед на општествено одговорна компанија.

Со цел да им овозможи на своите купувачи уште попријатно искуство во пазарувањето, компанијата инвестираше и во модернизација на неколку постоечки продажни објекти. Повеќе од 70 милиони денари беа инвестирани во отворање нови и реновирање на продажни објекти.

На ниво на целата dm групација во сите 14 земји  dm оствари раст на прометот од 10,7% во однос на претходната година, односно вкупен промет од 13,581 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 3.945 дрогерии, а бројот на вработените во целиот концерн надмина 71.620.

Во нашата земја, години наназад dm е препознаен како приоритетен ланец за снабдување, со комплетна понуда на повеќе од 14.500 производи.

Со понуда на повеќе од 4.700 производи, dm е и најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар. Висококвалитетните, но и ценовно достапни dm марки, како Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, и многу други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите 14 земји, каде dm е присутен на пазарот.

Во јубилејната десетта година, dm дрогерие маркт реализираше голем број општествени проекти насочени кон заедницата, во кои донираше повеќе од 5,3 милиони денари.

Одговорниот ангажман кон заедницата во изминатата деловна година беше крунисан со лансирањето на новиот еколошки проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во чии рамки компанијата во соработка со своите институционални партнери ќе посади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина. Во рамките на овој проект, dm дрогерие маркт донираше повеќе од 1 милион денари во  набавка на садници и модернизација на опремата на Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Во изминатата јубилејна десетта година, како посебен знак на благодарност кон своите вработени, компанијата исплати дополнителна 15. плата во пропорционална висина на индивидуалниот работен стаж во компанијата.

Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување, како и ваучери за приватни здравствени прегледи.

Изминатата година, вработени од компанијата за прв пат земаа и учество во концернското образование „dm Академија“ одржано во Хрватска, со што македонскиот пазар ги доби првите сертифицирани дрогеристи, со што dm одново докажа дека професионалниот развој на своите вработени и професионалното советување на своите купувачи е високо на листата на приоритетите на компанијата. 

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор