Connect with us

економија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

објавено

на

Главната мисија на BIWCF е промовирање на балканските вина и винската култура во балканскиот регион и низ целиот свет.

Десеттото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар ќе се одржи помеѓу 2-ри и 4-ти јуни годинава во Скопјe, а Балканскиот фестивал на виното ќе се одржи во Софија помеѓу 17-ти и 19-ти јуни 2021 година. Балканскиот меѓународен натпревар 2021 во Скопје ќе се одржи во организација на Здружението Вина на Македонија со поддршка од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на МАСОМ (Македонската Асоцијација на Сомелиери), како и со медиумско партнерство од страна на повеќе регионални и интернационални медиуми.

По огромниот успех на минатогодишното издание во Белград, Србија, BIWC ќе продолжи со ротација на земјите домаќини. Натпреварот има за цел подобра интеграција на винарските визби од сите балкански земји и нивна зголемена изложеност во регионот и Европа. Најдоброто вино на Балканот ќе биде избрано од престижното жири кое ќе дојде во нашата држава и оваа година ќе вклучува најмалку четворица носители на титулата Master of Wine.

“Со скоро 1,8 милиони тони вино годишно, Балканот е на 5-то место во светот, веднаш зад најголемите земји производители на вино – Италија, Франција, Шпанија и САД. Балкански интернационален вински натпревар е настан што ја обединува регионалната и  светската елита на вино за да ги откријат богатството и разновидноста на балканските вина. Голема чест и задоволство ни преставува што оваа година, кога се слави и јубилејното 10-то издание на натпреварот, ние како земја ќе бидеме домаќини. Ова преставува големо признание за македонската винска индустрија и еден од позитивните начини да ја презентираме нашата винска земја во најдобро светло – изјави Елена Младеновскa Јеленковиќ, извршен директор на Здружението Вина од Македонија.

Во 2021 година, BIWC ќе организира  и други помали настани со цел да ги промовира балканските вина во регионот на Балканот и во Европа.

„Верувам дека енергијата и инспирацијата што ги вложуваме во организацијата на Балканскиот интернационален вински натпревар ќе ни овозможат да направиме уште еден голем натпревар во Скопје. Кризата од минатата година беше неочекувана и ѝ предизвика голема штета на винската индустрија. Но, производителите на вино се луѓе кои работат со страст, амбиција и инспирација. Верувам дека настаните, како што се овој  натпревар и фестивалот на виното на Балканот, обезбедуваат платформа што винарските визби можат да ја искористат за справување со кризата! “, изјави Галина Нифороу, управен директор на BIWC.

Главната мисија на BIWCF е промовирање на балканските вина и винската култура во балканскиот регион и низ целиот свет. Претседател и жири на натпреварот традиционално е Константинос Лазаракис, Master of Wine, првиот носител на титулата Master of Wine на Балканот.

„Балканското вино е симбол на квалитет и автентичност што потрошувачите ја ценат. 10-тото јубилејно издание на BIWC ќе им помогне не само на љубителите на вино, туку и на претставниците од HoReCa секторот да запознаат повеќе регионални вина и производители “, ветува Лазаракис.

После натпреварот, ќе биде организирана изложба со сите примероци на 4 јуни на местото на одржување на BIWC во Скопје, на која ќе бидат поканети деловни претставници, сомелиери, дистрибутери и љубители на вино. Предвидена е богата програма на мастер-класови и семинари за сите вински професионалци и љубители на вино од Македонија и за гостите од странство.

Минатата година наградата „Најдобро вино на Балканот“ ѝ беше доделена на српската винарница Александровиќ за виното Trijumf Sauvignon Blanc 2019, а македонските винарници, покрај бројните златни, сребрени и бронзени медали се закитија и со следниве трофеи: Трофеј за најдобро црвено вино од локални балкански сорти беше ѝ доделен на Винарска визба Тиквеш за виното Barovo Red 2017 и Трофеј за најдобро вино од Македонија беше доделен на Винарница Камник за виното Terroir Grand Reserve 2015.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија3 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација