10 бизнис трендови што ќе ја одбележат 2015
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Новите трендови во бизнисот се појавуваат речиси секој ден. Секој бизнисмен кој сака да гледа подолгорочно мора да ги следи трендовите за да може да го управува бизнисот. Капитал направи избор од 10 трендови кои ќе одбележат 2015 година.

1.Нов вид на продавачи

Купувачите денес повеќе не сакаат трговци од стар ков. Бидејќи се многу поинформирани, сакаат и продавачот да биде добро информиран и запознаен  со производот кој го купуваат. Тие мора да бидат нешто како деловен советник. Исто така мора да бидат културни и софистицирани. Компаниите во иднина ќе вложуваат уште повеќе во оспособување на луѓето за продажба.

2.Тесна интегрираност помеѓу продажбата и маркетингот

Според спроведените истражувања, уште пред да поразговара со трговецот, купувачот е на половина пат да одлучи кој производ го сака. Тоа е причина заради која продажбата и маркетингот ќе мораат да бидат уште повеќе интегрирани, доколку сакате да водите успешен бизнис.

3.Почеста присутност на деловните консултанти

Порано деловните советници се појавуваа еднаш годишно, ќе го кажеа своето и повеќе не доаѓаа во компанијата. Тоа не носи никакви резултати. Во иднина компаниите ќе мора тесно да соработуваат со деловните консултанти, не на годишна, туку на неделна основа.

4.Поинаква презентација на цена и вредност

Постојат два начини како може најдобро да се презентираат производите  кои не се од првата лига на светски бендови. Еден е да се намали цената, а другиот е производот да се направи интересен и корисен, и да се создаде впечаток дека не станува збор за светски познат производ. Многу фирми прават грешки и своите уникатни производи ги продаваат и презентираат како второкласни, само заради тоа што уште не се глобално познати.

5.Клиентот ќе плати висока цена само за производ со проверени резултати

Трговците од стар ков сметаа дека е успех да се продаде производ по што повисока цена, независно од степенот на задоволство што купувачот ќе го има откако ќе го купи производот. Денес на продавачите им е важно купувачот да биде задоволен. Рецензијата на производот благодарение на технологијата се секаде достапни, а конкуренцијата е голема.

6.Едноставност и мобилност

На компаниите често им се случува да имаат повеќе податоци отколку што имаат време и средства за правилно да ги искористат. Понекогаш тие податоци се и некорисни. Компаниите би требало да  најдат златна средина помеѓу количината на податоци и наједноставниот изглед за нивен преглед. Пристапот треба да им биде достапен и преку мобилен телефон.

7.Нови прецизни маркетиншки стратегии

Новите маркетиншки стратегии би требало да ги привлечат вистинските клиенти, односно оние клиенти за кои производот е првенствено и наменет и од кои на крајот ќе има и најголема корист. Само да се соберат голем број на кликови се покажа дека и не е толку вредна стратегија, а рекламната кампања работена за сите сегменти на луѓе се веќе работа на минатото.

8.Подобар однос со вработени

Среќните вработени со повисоки плати и со подолг годишен одмор се одразува со поголема продуктивност и позитивна атмосфера за работа, што на крајот носи и подобри резултати за фирмата.

9.Контент маркетинг

Овој начин на маркетинг полека го заменува оној традиционалниот тип на маркетинг. Се работи за создавање и презентација на содржината на вашата работа на јавноста. Наместо само краток слоган, презентацијата или есејот стануваа се попожелен начин на рекламирање. Модерната технологија, каде што сте само еден клин одвоени од мултимедиумските содржини, кратки филмови или приказни, го забрза процесот на заживување на контент маркетингот.

10.Интердисциплинарни работилници

Во продажниот процес во иднина мора да бидат вклучени сите работници во компанијата. Отворање на вакви работилници е најдобар начин да се сослуша мислењето на сите работници и да се донесат најдобрите деловни одлуки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×