10 фирми добиле третина од општинските тендери лани
Објавено на од во НАВИГАТОР

Strumica, Vasilevo i Patot so kocka -Popovski F15Истражување

Скопските градежни фирми Вардарградба, Бауер БГ и Гранит се на врвот на листата според вредноста на добиените тендери од општините

Општините и Градот Скопје во 2016 година потрошиле 142 милиони евра на јавни набавки, што е за околу 13% повеќе од претходната година, покажа Базата на податоци што ја објави Центарот за граѓански комуникации.

Најголем број договори за јавни набавки лани склучила општина Карпош, дури 259, наспроти само еден договор за којшто известила општина Градско. Вредносно, на врвот и годинава е Градот Скопје со околу 16 милиони евра, но со значителен пад во однос на 2015 година од дури 38%. Сепак, произлегува дека едно од десет евра од општинските тендери е потрошено токму во Градот Скопје.

Доминацијата на мал број фирми во тендерите на локално ниво продолжува и во 2016 година и најдобро ја отсликува податокот дека првите десет фирми со најголемо учество во тендерите добиле дури 30% од вкупната вредност на јавни набавки на сите 80 општини и Градот Скопје, односно 42,2 милиони евра.

Околу три четвртини од парите се потрошени за работи, речиси 18% за услуги и само 8,5% за набавка на стоки.

Просечно, вредноста на еден склучен општински договор за јавни набавки лани изнесувала 35.718 евра, што е за 14% повеќе отколку во 2015 година.

Во Базата на податоци за јавните набавки на општините во 2016 година се вклучени вкупно 3.973 договори склучени од општините со 1.255 фирми.

По одделни општини, со потрошени 11,2% од вкупната вредност на општинските тендери, Градот Скопје е на врвот на оваа листа.

Втора на листата според вредноста на склучените договори за јавни набавки лани е скопската општина Центар каде што се потрошиле нешто повеќе од 13 милиони евра или 9,3% од вредноста на сите општински тендери, а потоа следува Карпош со речиси 11 милиони евра, односно 7,6% учество во вкупната сума потрошена за оваа намена кај сите општини.

Четврта на листата е Битола, со потрошени 10,4 милиони евра, односно 7,3% од вкупната сума, па потоа Куманово со 5,5 милиони евра, или 3,9% од вкупната вредност. Во првите десет се рангирани и општините Тетово со тендери од 5,1 милион евра, Гази Баба со 4,3 милиони евра, Аеродром со 4,1 милион евра, Гостивар со 3,9 милиони евра и општина Илинден со 3,7 милиони евра.

На дното, како според бројот на склучените договори, така и според вредноста е општина Градско, со вредност на тендерот од околу 13 илјади евра. Веднаш зад Градско се општините Лозово со вкупна вредност на тендерите до 17 илјади евра и Ранковце со околу 30 илјади евра потрошени преку јавни набавки.

Дури девет од десетте прворангирани компании што добиле најмногу пари од општинските тендери лани се од градежната индустрија.

На врвот според вредноста на склучените договори во текот на 2016 година е градежната компанија Вардарградба Скопје со вкупна вредност на тендерите од 9,5 милиони евра. Фирмата е добитник на 22 тендера од општините од кои вредносно најголеми се седумте тендери склучени со општина Центар за изведби и реконструкција на канализациони мрежи, улици и за изградба на основно училиште.

На второ место е лидерот од 2015 година, односно Бауер БГ Скопје. Но, иако ја загуби лидерската позиција, оваа скопска градежна компанија добила 33 тендери во вкупна вредност од 7,3 милиони евра. Трета на листата според учеството во јавните набавки на општините е компанијата Гранит АД Скопје која има добиено 6 тендери со вкупна вредност од околу 6,5 милиони евра. На четврто место е Жикол Струмица со добиен 31 тендер во вкупна вредност од 5,2 милиона евра.

Следува Пелагонија АД Гостивар со добиени 16 тендери во вредност од 2,7 милиони евра, а во групата од 10 фирми со најголемо учество во тендерите на општините се уште и фирмите Ескаватори-МК Скопје (2,4 милиони евра), Изолација Скопје (2,3 милиони евра), ЈУ-БАЈ 2 Амет Скопје (2,2 милиони евра), НБ-ЦОМПАНУ Тетово (2,1 милион евра) и Бетон Скопје (1,9 милиони евра).

Ако се спореди со бројот на жители, произлегува дека минатата година општините потрошиле по 69 евра по жител, што е зголемување за седум евра на годишно ниво.

Анализата на вредноста на општинските тендери во однос на бројот на жители, покажува дека најмногу пари по жител во текот на 2016 година се потрошиле во општина Сопиште, и тоа 475 евра. Потоа следува општина Центар со потрошени речиси 292 евра по жител. Трета на листата е Демир Капија со потрошени околу 256 евра по жител.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×