10-те најгледани YouTube канали годинава заработиле над 70 милиони долари
Објавено на од во hi-tech & business

И годинава најплатен „ЈуТјубер“ е „ПјуДиПај“, чии 50 милиони претплатници, со гледање видеа му обезбедиле заработка од 15 милиони долари, 20% повеќе од лани, објави Forbes. PewDiePie, чие вистинско име е Феликс Аврид Улф Кјелберг, годинава издаде и книга (This Book Loves You, продадена во 112.000 примероци).

Втор на листата најплатени ѕвезди на YouTube е „пранкстерот“ Роман Атвуд, кој со своите видеа со „местенки“ во 2016 година заработил 8 милиони долари.

Трета е канадската раперка и комичарка Лили Синг со корисничко име на YouTube, IISuperwomanII, со заработка од 7,5 милиони долари.

Следи каналот Smosh на комичарите Иан Хекокс и Даниел Падила, со 7 милиони; петта е Росана Пансино, која со емисијата за готвење Nerdy Nummies заработила 6 милиони долари.

Поматаму следат Markiplier (5,5 милиони долари), HolaSoyGerman (5,5 милиони), Rhett & Link (5 милиони),  Miranda Sings (5 милиони).

Forbes пресметал дека овие 10 канали, заедно, во 2016 година, заработиле 70, 5 милиони долари, 23% повеќе од лани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×