10 Успешни светски премиери на дигитална трансформација
Објавено на од во Teхнологија

leadImage_extra-fullKnow – how

Според истражувањата на Altimeter Group, 88% од компаниите во светот изјавиле дека спроведуваат дигитална трансформација. Според PWC, 85% од директорите на анализираните компании поставиле рамка од две години за да направат значителни чекори во дигиталната трансформација или ќе претрпат сериозни финансиски последици заостанувајќи зад конкуренцијата. Една четвртина пак од компаниите имаат јасно разбирање за новите дигитални трендови. Со други зборови, многу компании изјавиле дека поминуваат низ дигитална трансформација, иако доста од нив и не знаат баш многу што значи тоа и што треба да прават. Еве неколку инспиративни примери од светот на компании што направија успешна дигитална трансформација.

 

Under ArmourUnder Armour
Сакаа да бидат многу повеќе од само бренд за спортска облека кога ја промовираа платформата “connected fitness”, која што ги следи, анализира и споделува личните податоци за здравјето и кондицијата на корисниците, на нивните мобилни телефони. Оваа нова апликација обезбедува огромен доток на информации за Under Armour што им овозможува брзо да ги идентификуваат фитнес и здравствените трендови. На пример, Under Armour, која што е со седиште во Балтимор, САД, успеа веднаш да го препознае трендот на пешачење што почна во Австралија. Ова им овозможи да направат локализиран маркетинг и дистрибуција многу порано одошто нивната конкуренција.
GEGeneral Electric
Digital Wind Farm на GE e адаптибилен екосистем на енергијата на ветрот што ги поврзува турбините со дигитална инфраструктура за индустријата за искористување на енергијата на ветрот. Претходното решение на GE, Wind PowerUp технологијата, веќе беше инсталирана во 4.000 единици за производство на енергија од ветрот, и ја подобри ефикасноста на турбините за 5%, што на крајот води и до 20% поголем профитабилност на секоја турбина; новата Digital Wind Farm технологија ветува 20% зголемување на ефикасноста, што би помогнало да се генерираат и до 50 милијарди долари вредност за енергетската индустрија.
Audi_Factory_2Audi
Германскиот производител на автомобили од премиум класата го смени начинот на коишто се продаваат возила, со воведување концепт на иновативен продажен салон во 2012 година, наречен Audi City. Audi City обезбеди уникатно бренд искуство и им овозможи на посетителите да го истражат целиот каталог на моделите во понудата на самото место во салоните лоцирани во центарот на градовите, каде што голем број на возила не е возможно да се изложат. Само еден пример на ефектите од ова: во Audi City во Лондон продажбата скокна за 60% во споредба со традиционалниот начин на изложување на автомобилите како претходно. Уште подобро, во тој салон имаат изложено само четири возила, со што е редуциран трошокот за чување на голема количина возила на залиха коишто често и не ги исполнуваат специфичните барања на купувачите.
Ford-Chicago-factoryFord
До 2006 американскиот автомобилски гигант беше структуриран како “лабава конфедерација“ на регионални бизнис центри и ИТ силоси. Оттогаш наваму компанијата направи исчекор со јасни цели: да ја поедностави линијата на производи, да се фокусира на квантитативни податоци и квалитетни возила, и да ја унифицира организацијата како целина. Во ИТ делот, Ford го скрати буџетот за огромни 30%. Нивната цел, меѓутоа, не беше само да ги скратат трошоците, туку да ги ослободат ресурсите што беа заглавени во одржување на фрагментираните и комплексни системи наследени од минатото и да ги искористат за експанзија и иновација. Сите овие мерки заедно му дадоа на Ford агилност и капитал да инвестира во фантастични проекти како Ford SYNC и MyFord Touch.
 
glassdoor-logoGlassdoor
Повеќе од 450 илјади компании се покриени со истражувањата на Glassdoor, во речиси 200 земји и територии. Повеќе од 3.000 компании плаќаат за да ги користат алатките на оваа веб платформа на која што вработени и поранешни вработени анонимно ги оценуваат компаниите и нивниот менаџмент. Glassdoor ги има користено своите податоци за истражувања на пазарот на работна сила во САД; портфолио од компаниите на “Best Companies to Work For (Најдобри компании за работа)” на Fortune ги надминува по перформанси компаниите од S&P 500 за 84,2%, додека слично портфолио “Best Places to Work” на Glassdoor го “победува“ просекот на целиот пазар за 115,6%.

lego
Lego
После периодот на експанзија (1970 – 1991) данскиот производител на легендарните пластични коцки за редење претрпе драматичен пад на бизнисот (1992 – 2004) и во 2004 година беше на работ на банкрот. Допирајќи го дното, Lego почна реструктурирање и дигитална трансформација фокусирајќи се на нови извори за приходи, како филмови, игри за мобилни уреди и апликации. Компанијата постигна маргина на EBITDA (добивка пред оданочување, амортизација и даночење) од 37,1% во 2014 година, зголемување за 15% од 2007 – та. Во 2014 година филмот Lego постигна приходи од речиси 470 милиони долари за чиешто снимање беа потрошени 60 милиони долари.
 
rtx2qsbiAmazon Business
Служеше како пример за очекувањата на “дигиталниот купувач“ што транзитираа кон В2В (business to business) светот. Опциите вклучуваат: бесплатна испорака во рок од два дена за нарачки од најмалку 49 долари; ексклузивни попусти; стотици милиони продукти; интеграција на купувачкиот систем; купување без данок за специјални клиенти; напредни методи за плаќање; напредни извештаи за нарачките, итн. Amazon Business беше лансиран во април 2015 година, со преку 250 милиони продукти и повеќе холистички пазарен простор за В2В компаниите.
McDonald's Profit Rises 12%, Spurred by Sales Of Frozen DrinksMcDonald’s
Компанијата препозна огромна промена во однесувањето на купувачите. На пример, во 2015 година, McDonald’s почна со инсталација на киосци каде што купувачите можат набрзина да си состават хамбургер по своја желба. Еден од нивните мега успешни потфати беше кампањата за Super Bowl мечот во 2015 година, кога компанијата ги искористи социјалните мрежи со цел да подари производи во контекст со рекламите што се емитуваа за време на натпреварот. За McDonald’s беше важно да можат да реагираат брзо кон потрошувачите и активно да ги мониторираат трендовите на социјалните медиуми во реално време. Напорот забележа голем успех и предизвика преку 1,2 милиони ретвитови вклучувајќи и од славни личности како Тејлор Свифт и други.
 
NespressoNespresso
Со својата дигитална трансформација сакаат да привлечат нови потрошувачи, подобро да може да ги разберат своите клиенти и да изменаџираат комплексни купувачки процеси. Но, сето тоа беше водено од компаниската јасна цел: да им обезбеди на потрошувачите перфектно искуство со своето кафе. 
Иницијативите на Nespresso се поддржани од современо технолошко решение сместено во cloud, со мрежни способности. Ова решение служи како иновативна платформа со целосно структурирана продажна алатка способна да го спроведе целиот процес на купување: цени, количини и нарачки. Овие дигитални иницијативи на Nespresso се покажаа успешни. Резултатот е поголема пенетрација во новите пазари, поголеми продажби, продуктивност на продажбите и подобра визибилност на брендот за целото време на циклусот каде што се ангажирани и потрошувачите.
 
StarbucksStarbucks
Главната иновација на компанијата е нивната апликација Mobile Order and Pay. Ова во основа е стратегија што го става потрошувачот на прво место, затоа што ги адресира неговите базични желби: пријатност, избегнување на ред за чекање, итн. Сето ова комбинирано со нивната екстензивна програма за лојалност, апликацијата му дава на Starbucks перфектна основа да ги маркетира своите потрошувачи. Исто така, апликацијата обезбедува и огромни количини на кориснички податоци, што понатаму овозможува подобро разбирање на навиките и желбите на потрошувачите.

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×