11 совети од Ричард Брансон за поголема исполнетост на работа
Објавено на од во lifestyle

Ричард Брансон, основачот на Вирџин групата, е познат британски бизнис магнат, инвеститор и филантроп и е еден од најобожаваните луѓе во светот, а многумина се импресионирани од неговата кариера.  Еве што тој советува за тоа како да бидете поисполнети на работното место:

Richard-Branson

За мене, поентата на работата не е во носење одела или задоволување на акционерите. Сѐ е во тоа да бидете искрени спрема себе, своите идеи и да се фокусирате на суштината“.

 

Мојот генерален став спрема животот е да уживам во секоја минута од секој ден. Никогаш ништо не работам со чувството „О Боже, морам ова денес да го направам“.

 

Работата мора да нѐ вклучува, мора биде забавна и мора да ги тренира нашите креативни инстинкти“.

 

Претприемништвото е претворање на она што вас ве возбудува, во капитал, така што можете да работите повеќе и да напредувате“.

 

Верувам дека досадата и гледањето на часовникот се страшно издавање на тој универзален, вроден претприемнички дух“.

 

Да имате способност да се грижите за луѓето е важно. Не може да бидете добар лидер ако не ги сакате луѓето. Само така од нив можете да го добиете најдоброто“.

 

Работата едноставно е идеја да го направите животот, на другите луѓе, подобар“.

 

Моето интересирање за животот доаѓа од тоа што си поставувам сам на себе големи, очигледно неостварливи предизвици и се обидувам да се издигнам над нив“.

 

Мојата најголема мотивација  е да продолжам да се пробувам сам себе си. Животот го гледам како некое продолжено образование на факултетот кој никогаш не сум го посетувал – секој ден учам нешто ново“.

 

Над се, сакаш да креираш нешто со што си горд. Тоа отсекогаш беше мојата работна филозофија. Можам искрено да кажам дека никогаш не влегов во ниту еден бизнис само за да заработам пари. Ако е тоа единствен мотив, верувам дека е подобро тоа да не го работите“.

 

Не размислувам за работата како работа, ниту за играта како игра. Тоа сѐ е живот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×