12 карактеристики на лош шеф
Објавено на од во lifestyle

Откако минатата недела ги издвоиме карактеристиките кои го опишуваат добриот шеф, оваа недела ги издвојуваме карактеристиките кои прават еден шеф да биде оценет како лош.

Сигурно секој од нас се соочил со ваков шеф. Тип на шеф кој ја прави вашата работа неподнослива до тој степен што се чувствувате дека сакате да заминете во секој момент.

Нажалост, постојат многу лоши шефови и можат да ги направат дури и најзабавните работи да изгледаат застрашувачки.

Еве некои од карактеристиките што ги има лошиот шеф:

angry_ceo
  1. Контролирање

Постои јасна разлика меѓу шеф и лидер. Добриот лидер знае како да ги мотивира луѓето и да ги направи вработените околу него подобри. Лошиот шеф повеќе сака да контролира и да делегира работи, се фокусира само да ги оптовари со обврски вработените без да им објасни на вработените зошто го прави тоа.

  1. Неодлучни

Лошите менаџери можат да бидат неодлучни кога треба да се заврши некоја работа. Ова е поради тоа што не ја анализираат ситуацијата доволно за да видат каков би бил резултатот на крај. Тие мислат дека се потребни само „добри идеи“ и се водат само од нив, без да се разгледаат добрите и лошите страни на таа идеја.

Кога ќе ја разгледаат подобро, најчесто не се сигурни дали сакаат да продолжат понатаму, бидејќи не знаат што точно сакаат да постигнат, и доколку згрешат, се плашат дека тоа ќе биде лошо за нив.

Добриот лидер ќе ја разгледа ситуација и ќе биде во можност да знае дали одлуката ќе биде добра за компанијата. Дури и одлуката да е добра, тие не се плашат да згрешат оти знаат дека пробуваат нешто ново.

  1. Тврдоглавост

Тие секогаш веруваат дека се во право, не сакаат да слушна друго размислување, и покажуваат незаинтересираност кон потенцијална добра идеја… или на крај го земаат кредитот за истата.

Тврдоглавите менаџери може да го скршат духот на одделот во кој работат и тоа може да влијае лошо за растот на компанијата. За разлика од нив, добрите лидери се отворени за нови идеи и знаат дека секој во канцеларијата е еднаков и дека вработените може да имаат нови идеи со што ќе придонесат за компанијата.

  1.  Не сакаат промени

Слабите менаџери најчесто стагнираат и не сакаат промени во канцеларијата. Луѓето генерално не сакаат да прават нешто што бара промени, сепак, тоа што менаџерите не сакаат промени може да биде лошо по самата компанија.

Растот во бизнисот бара постојано променување на атмосферата во канцеларија и барање на нови концепти кои ќе им овозможат на вработените да работат подобро за да ги задоволат клиентите.

  1. Микроменаџирање

karanjeМикроменаџирањето е најлошото нешто што човек може да му го направи на друг човек. Шефот кој постојано ја надгледува работата што ја прават неговите подредени е лош шеф. Така ги демотивира вработените и го уништува квалитетот на нивната работа.

Најдобрите места за работа се таму каде што се поттикнува автономноста на вработените и им се дава слобода да ги завршат задачите онака како што сметаат дека треба да бидат завршени. На тој начин атмосферата е поопуштена и за менаџментот и за вработените.

  1. Водење од страв

Овие тактики можеби беа добри порано, но денес нема место за вакво однесување на лидерот. Прототипот на модерниот работен ден е многу повеќе либерален и стравот не се користи од страна на менаџментот.

Сите сме ги гледале тие стари филмови каде менаџментот му прети на вработените со отказ доколку не завршат одредена задача. Но, постои причина зошто таквите менаџери во тие филмови се лошите карактери. Таков менаџмент веќе не функционира.

  1. Без визија

Лошо е кога шефот нема долгорочни цели и се фокусира само на кратки стази. Без разлика дали се однесува на продукт или услуга, на работната околина или на конфликти. Шефот кој неможе да го менаџира времето добро и нема догорочна визија може да го сруши моралот на колегите. Добрите шефови се трудат да имаат патоказ, рамка за тоа што сакаат да постигнат во наредните недели, месеци па дури и години.

  1. Фаворизирање

Нема место за непотизам во работната средина. Лошите шефови не треба да имаат омилени ликови во канцеларијата, особено ако сакаат некого да промовираат на подобра позиција. Менаџерот може да биде пријател со вработените, но треба да знае кога треба да се одвои личното пријателство од бизнисот. Лидерите прават разлика од работата и личните работи, и тие се трудат најдобро што можат да постигнат добри односи со секој во канцеларијата.

  1. Ароганција

Слично како и тврдоглавоста, ароганцијата може да ја уништи работната атмосфера. Лошите шефови ќе го носат тоа лошо однесување што ги прави да изгледаат како најмоќните луѓе на светот. Но тоа е погрешно. Нема место за вакво однесување во канцеларијата,а добрите лидери своето его го оставаат позади врата.  Тие знаат дека посветени вработените се добиваат кога сите вработени работат како тим, без да се фрла сенка и на личните достигнувања.

10. Да бидат лути

Лошите шефови се лути. Тие мислат дека ако имаат позиција на моќ, ќе можат да им се закнуваат на другите и лошо да се однесуваат кон нив. Ова е слично како она претходното- владеете од позиција на влевање страв кај останатите. Вистинските лидери знаат да го менаџираат своето однесување и да го дадат најдоброто од себе.

11. Префрлање на вината

Ова личи на некој кој се правда цело време во канцеларијата. Овој вид на менаџер секогаш ќе сака вината да ја префрли на некој друг, место врз себе. Лидерот кој ја префрла вината секогаш ќе ги анализира работите кои не се завршиле како што треба и вината за тоа ќе им ја префрли на вработените. Добриот лидер е способен да се обвини за секоја грешка што вработените ја прават, а уште поимпресивно, најчесто ја земаат вината врз себе за сите грешки што ги прават вработените.

12. Водени се од емоции

На крајот, лошиот шеф е воден од емоции. Една работа е да се направат неколку одлуки базирани на доверба или на чувство, сепак, друго е само да се направи нешто, а да нема доволно аргументи зошто се прави тоа. Добрите лидери најчесто ги носат одлуките базирани на доволно податоци кои ги потврдуваат нивните размислувања.  Оти на тој начин  е побезбедно. Денес веќе има доста алатки и платформи на интернет за да го направите тоа.

Работата ќе биде подобра и поуспешна ако се поттикнуваат луѓето да бидат лидери. Затоа е важно е да ги мотивирате вработените и да ги поттикнувате посветено да работат како тимови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×