12 карактеристики на одличен шеф
Објавено на од во lifestyle

Веројатно сте ја слушнале онаа позната изрека дека луѓето не ги напуштаат компаниите, туку тие ги напуштаат лошите шефови. Слабото лидерство може да води до слаби резултати, а некои истражувања покажуваат дека дури 90% од вработените ќе ги напуштат компаниите во кои постои слаб менаџмент.

Токму затоа е важно да бидете одличен шеф/менаџер кој ќе ги води останатите и ќе ги прави сите околу него да се чувствуваат подобро на дневна основа.

Еве кој се 12 карактеристики на добриот шеф:

liderstvo
  1. Размислувајте позитивно

Разберете ја моќта на позитивната психологија, гледајте на секоја ситуација како можност да научите повеќе. Без разлика на ситуацијата или типот на проблемите кои моментално ги имате, запомнете, ако имате одличен лидер кој е оптимист, тоа ја прави атмосферата многу подобра за работа. Верувајте, последната работа што сакате да ви се случи е некој да ви стои над биро и да ви пренесува многу негативна енергија.

  1. Искреноста е најдобрата политика

Важно е да бидете транспарентен и искрен со вработените. Добрите шефови имаат такви вешти со кои секогаш им ја кажуваат вистината на луѓето, без разлика дали е добра или лоша. Отвореноста е тешка работа, и таа тешко се наоѓа во традиционалната работна средина, но нивите компании веруваат дека таа е основа на хиерархијата. Тие знаат дека мора сите да ги запознаат со случувањата во нивната компанија, или во спротивно ќе ја изгубат синергијата.

  1. Соодветно делегирајте ги обврските

CFOЛошо е доколку шефот само ги подели обврските кон луѓето без некој логичен редослед или организација. Она што можете да го заклучите од добрите шефови е дека тие ја делегираат работата соодветно, бидејќи тие ги знаат добрите или послабите страни на своите вработени. Тие исто така им даваат автономност на вработените со цел тие полесно да ги завршат своите обврски.

 

  1. Комуникацијата е најдобра вештина за секој лидер

Проблемите во една организација најчесто се поради недостаток од комуникација. Добрите шефови знаат кога да зборуваат, но уште поважно, кога да не зборуваат. Тие исто така знаат како да зборуваат кон своите вработени и да ги расчистат проблемите кои можат да постојат во канцеларијата.

  1. Знаат како да инспирираат

Добрите шефови знаат како да ги инспирираат вработените. Понекогаш дури и не се свесни за тоа. Како и да е, она што ги прави нив одлични е фактот што кога има голем момент, тие знаат како да реагираат и како да ги научат вработените како да реагираат во таквите моменти. Ако постои голем притисок, последната работа со која сакате да се справувате е да имате човек кој е лут и кој не може да ги мотивира останатите.

  1. Подредете го тимот

Држете го целиот тим фокусиран, и подреден кон една долгорочна цел. Важно е секој да знае што прави и кој резултат се очекува од тоа. Важно е секој вработен да е вклучен и да е организиран во однос на знаењата, визијата и целите на организацијата.

  1. Промовирајте работен баланс

liderstvo2Ова не е само карактеристика на добрите  шефови туку и на добрите компании. Дозволете им на вашите вработени да имаат баланс меѓу нивната работа и нивниот приватен живот, дозволете им да знаат дека се нешто повеќе од обичен вработен и дека се од голема вредност за самата компанија.

 

 

  1. Давајте пофалби секогаш кога тоа е потребно

Како лидер, многу е важно вработените да го добиваат респектирањето што го заслужуваат. Затоа дајте пофалби секогаш кога тоа е потребно и направете го тоа така штп ќе го препознаат вработените.

  1. Охрабрете го растот

Растот може да дојде на многу начини. Најчесто зборуваме дека не сме успеале на нашите позиции. Лидерите го поттикнува растот и им даваат до знаење на вработени дека имаат можност да учат од нивните грешки, отколку да се плашат од тоа што го направиле.

10. Ценети ги вашите вработени

Покажете дека ги цените вашите вработени, дури и за мали работи кои ги прават тие. И малку пофалба се памети на долг пат. Пофалете ги гласно и дадете им до знаење дека ги прават работите на правиот начин. Ова се смета за врвна вештина на лидерите преку кој вработените ќе станат подобро и ќе бидат со повеќе доверба.

11. Учете ги

Ако сакате да бидете одличен шеф, голем дел од вашите вештини треба да бидат и да ги учите вработени. Да се биде некој и нешто не секогаш има врска со возраста, искуството или позицијата. Ако им помогнете да успеат во нешто, а ваша задача е да ги водите кон правата насока, ги подготвувате да бидат добри како и вие, а можеби и уште подобри!

12. Бидете апсолутно искрени

Секако, некогаш менаџерот/шефот ќе биде поблизок со одредена група луѓе. Сепак, добриот шеф го респектира работното место и знае дека сите треба да бидат третирани фер, искрено и еднакво.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×