12 начини да бидете посреќни на работа
Објавено на од во lifestyle

Да се направат позитивни промени на вашето работно  место е предизвик. Во некои случаи, толку им робуваме на индивидуалните рутини што правењето промена бара волја и дополнителен напор. Всушност, понекогаш количеството на напор што е потребен да се направи таа промена, е толку застрашувачко што во поголем број од случаите се предомислуваме и остануваме на нашите навики.

Затоа е многу важно да се направат мали но значајни чекори за да се промени работниот живот на подобро. Понекогаш само единствена акција е повеќе од доволна.

Еве неколку совети:

Happy
  1. Смејте се почесто

Да се биде малку позитивен понекогаш е заразно. Не само што смеењето во канцеларија ќе го залажи вашиот ум дека се чувствувате посреќни, но тоа исто така ќе ве направи вас попозитивна личност и ќе ги охрабри останатите да го направат истото.

  1. Исчистете го вашето биро

Освен ако немате огромно биро затрупано со многу материјали, чистењето на вашето биро не би требало да ви одземе повеќе од 15 минути, што е време што секој работник може да си го дозволи. Тоа исто така ќе ви помогне да го „проветрете“ вашиот ум од стрес.

  1. Исклучете се сосема

Дури и да е само за 15-20 минути, исклучете се сосема во текот на работното време. Тоа значи да го исклучите вашиот телефон, да се исклучите од интернет и да избегнете секаква форма на комуникација. За тоа време може да се посветете само на вашиот проект или можеби да се релаксирате, а тоа ќе ве направи попродуктивни и помалку под стрес.

  1. Одете на прошетка

Земете малку свеж воздух. Тоа ќе ви помогне вашата глава да го намали притисокот кој го чувствува од стресот во канцеларијата и ќе ви помогне да донесете повеќе кислород до вашиот мозок. Така ќе се чувствувате подобро и полесно ќе работите кога ќе се вратите назад во канцеларија.

  1. Чкртајте

Земете пенкало и хартија и чкртајте нешто. Тоа не треба да биде уметничко дело, а овој вид на активност ќе ја поттикне вашата креативност и ќе ви донесе забава додека сте на работа.

  1. Разговарајте со некој непознат колега

lovejobДури и ако веќе го познавате секој колега на работа, сигурно постои некоја личност со која не разговарате така често. Одете и зборувајте со него, за било што. Тоа ќе ви помогне да мислите дека сте тимски играч, а оваа човечка конекција ќе направи да сметате дека вашата работа е одлична.

  1. Направете листа на постигнувања

Направете брза листа на работите кои сте успеале да ги постигнете во текот на целата ваша кариера. Да размислувате и да го видете тоа ќе направи да се чувствувате попозитивно и да верувате повеќе во себе.

  1. Направете листа на цели кои сакате да ги постигнете

Исто така, вие може да направите и листа на цели кои сакате да ги постигнете и на краток и на долг рок. Тоа ќе ви даде фокус и перспектива на вашиот работен ден, а може дополнително да ве мотивира особено ако се соочувате со некој тежок ден на работа.

  1. Пробајте да разберете што е она што ве онерасположува

Постојат шанси дека постои барем еден предмет на вашете биро на кој не сакате да работите. Решението е да се присилите себе си да го завршите истиот, но тоа не е лесна задачи, а и понекогаш не може да ги завршите тоа за само еден ден. Место тоа, пробајте да разберете зошто токму таа задача или тој предмет ве онерасположува. Дали ви е досадно да го правите тоа? Или можеби ве плаши таа задача? Со идентификување на проблемите ќе ви биде полесно да ги надминете

10. Изразете го она што го мислите

Без разлика колку сте задоволни од вашето работно место, веројатно постојат некои проблеми и грижи кои ви сметаат во текот на работењето. За да го подобрите вашето работење, дадете си време да ги изразите вашите грижи пред некој што ќе може да направи нешто околу нив. На тој начин или ќе си помогнете проблемот да биде решен или тоа ќе ви даде мир дека барем сте адресирале одреден проблем. Во секој случај тоа ќе ве направи да се чувствувате подобро.

11. Направете нешто подобро од вчера

Ова од вас ќе бара малку повеќе размислување и „брејнсторминг“, но тоа е одличен начин да ја подобрите вашата продуктивност на долг рок. Размислете кои задачи сте ги направиле вчера, а кои веројатно треба да ги направите и денес. Тоа може да биде нешто големо, како некое истражување, или нешто мал, како проверување на мејл. Пристапете му на тоа од сите можни агли и најдете го тој кој ќе донесе најголема ефикасност. На тој начин ќе се чувствувате дека сте поисполнителни на краток рок, а ќе си помогнете да ги завршите задачите со поголема ефикасност секој ден отсега па натаму.

12. Помогнете некому

Помошта доаѓа во многу форми; можете да работите заедно со некој ваш колега за да завршите проект или можеби само да ја придржите вратата за некого. Со таа мала дополнителна помош вие ќе се чувствувате како подобра личност. Тоа исто така ќе ве прикаже како тимски играч, а ќе ви помогне да си создадете и подобри односи со вашите колеги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×