Connect with us

свет

120 дена

објавено

на

Овој број на Капитал излегува на 24 јуни, точно четири месеци откако Русија ја нападна Украина, на 24 февруари, после упорно убедување на светот  дека нема да го стори тоа и дека претходните стравувања околу нејзината инвазија биле измислица и пропаганда на Западот. Според некои извештаи на меѓународните организации, во овие изминати 120 дена војната во Украина предизвика преку 4.000 цивилни жртви, иако точната бројка тешко може да се утврди и веројатно е многу поголема. За неброените жртви меѓу војниците и на двете страни, подобро и да не спомнуваме. Оваа безумна војна предизвика и масовни уништувања на инфраструктурата, станбени и деловни објекти во Украина, што ќе ја врати економијата на земјата со години, ако не и децении назад во времето. Последиците пак, по светскиот мир, безбедност и економија, ги чувствуваме сите секојдневно – цените на храната, енергенсите и многу други производи вртоглаво растат од ден на ден. Овие две дечиња на фотографијата, снимени во украинскиот град Бородјанка како се лулаат во паркчето спроти разрушена од гранатирање зграда, веројатно е една од ретките сцени на „нормалност“ што може да се види во земјата во моментов, своевидна надеж дека радоста на животот ќе го победи на крајот злото на уништувањето.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас