122 земји членки на Обединетите Нации гласаа за забрана на нуклеарното оружје, САД, Британија и Франција се против  
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

French nuclear weapons testing in MoruroaОбединетите Нации во петокот минатата недела ја донесоа првата уредба со која се предлага тотална забрана за употребата на нуклеарното оружје.
Станува збор за историска одлука која е прв мултилатерален договор за нуклеарно разоружување. “Светот чека на ваква одлука веќе 70 години”, пишува магазинот Time.

Оваа одлука доаѓа во време кога Северна Кореја отворено продолжува да ги тестира својот арсенал на интерконтинентални балистички ракети способни и за нуклеарни боеви глави и заради тоа многумина сметаат дека е точно навреме темпирана.

Во март годинава околу 2.500 научници од над 70 земји потпишаа петиција со која се бара забрана за нуклеарното вооружување.

Со оваа Одлука станува илегално поседувањето, употребата, производството и трансферот на нуклеарно вооружување. Оваа одлука, која е резултат на 10 годишни подготовки од страна на многу национални и меѓународни организации, е изгласана и потпишана од страна на 122 држави членки, што претставува две третини од земјите членки на ОН. Но, ниту една од државите кои имаат нуклеарно вооружување, како САД, Русија, Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, не присуствувале на гласањето, што се смета за своевиден бојкот за овој чекор. Овие земји сметаат дека треба да има само зајакнување на сегашната одредба со која само на пет држави ( САД, Русија, Британија, Франција и Кина) им се дозволува да имаат нуклеарно вооружување.

По изгласувањето на одлуката на ОН за забрана на нуклеарното вооружување, САД, Британија и Франција објавија заедничка изјава во која велат дека не планираат да ја потпишат, ратификуваат или да станат дел на било кој начин во оваа одлука.

“Донесувањето на одлука за забрана на нуклеарното вооружување која истовремено не ги допира безбедносните закани кои го прават нуклеарното вооружување неопходно, не може да резултира со негова елиминација и нема да ја зголеми безбедноста на ниту една држава, ниту, пак, меѓународниот мир и безбедност”, се вели во изјавата на трите држави.
Оттука, се поставува дилемата дали оваа историска одлука на Обединетите Нации за забрана на нуклеарното оружје е само залуден обид. “Ако светот се обедини во поддршката за нуклеарната забрана, државите кои се нуклеарни сили ќе мораат да го почитуваат тоа, без разлика дали тоа ќе се случи сега веднаш или малку подоцна”, вели Беатрис Фин, извршен директор на Meѓународната кампања за забрана на нуклеарното вооружување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×