Тајната на секој успех е во искрените намери!
Објавено на од во Интервју
Искра Малинковска, сопственик на ЛУКС

Бизнисот со осветлување пред да се поима како машки бизнис, оти најчесто го поврзуваат со технички решенија за кое е потребна машка рака. Исклучок од тоа правило направи г-ѓа Искра Малинковска која направи невообичаен, но многу успешен спој меѓу осветлувањето и дизајнот. Но, таа не застана тука. Во последните години бизнисот го прошири и во областа на мебелот со што го заокружи дизајнирањето на цел еден интериер. За нејзините успеси, размислувања и начин на водење на бизнисот Капитал разговараше со Малинковска која ја открива својата тајна на водење на успешен бизнис

1. Почитувана г-ѓа Малинковска, вие сте сопственик на ЛУКС, компанија која е лидер за осветлување, а последните години проширена и во областа на мебелот и нуди безвремени дизајни кои ја надминуваат модата и трендовите. Што значи да се води еден ваков бизнис?

Тоа представуваше голем предизвик за мене уште од мојата младост, а јас со целиот мој ентузијазам навлегов во светските трендови на дизајнот и архитектурата.
Сето ова бара континуирана посветеност на работата, посета на саеми како и едукација, се со цел да се пренесе дел од светските трендови во Македонија. Дизјанот представува еден динамички процес и поради тоа самиот бизнис е доста активен и бара константна посветеност.

2. Вие соработувате со глобални лидери од оваа област. Колку е тешко да се придобие и оправда нивната доверба? Која е тајната на вашиот успех?

После многу години посветеност, желба за успех и искрена верба во дизајнот, глобалните лидери го препознаа тоа во ЛУКС , така што почнувајќи со некој од големите брендови останатите се надоврзаа
А тајната на секој успех е во искрените намери…

Malinkovska-Iskra-LUX-01

3. Дали фактот дека сте жена ви помага или одмага во бизнисот?

На почетокот беше голем хендикеп затоа што во областа на осветлувањето работеа исклучиво мажи. Тие осветлувањето го гледаа како техничко решение, додека јас го дадов нов пристап. Во осветлувањето не е важен само интензитетот на светлината туку тоа е склоп на функционален дизајн и интеракција со останатиот интериер.
Сепак би сакала да додадам дека суптилниот женски пристап во работата ми помогна во многу проекти.

4. Кои се предизвиците, како жена бизнисмен, со кои се соочувате?
По многу успешно реализирани проекти сеуште имам предизвик за нови идеи и елан за користење на нови технологии и дизајн. Следен предизвик беше мебелот со кој почнав пред три години со цел да ја заокружам сликата во ентериерот за да може моите идеи да се остварат во целост.

5. Што според вас е најважно за успешност на бизнисот?

Искренот пристап кон инвеститорите, добриот тим на вработени што со години се формирасе во Лукс и секако мојата голема љубов во работата.

6. Имате ли мото кое го применувате во професионалниот и личниот живот?

никогаш да не се задоволувам со моменталниот успех и знаење како и постојана потрага по нови и оригинални идеи.

7. Како ги менаџирате обврските меѓу бизнисот и приватниот живот?

На моменти се осеќам како жонглер и несакам да ги испуштам од рака бизнисот и приватниот живот затоа што се подеднакво вредни на свој начин и сум се вложила во нив. Семејството многу ме поддржува во мојата работа а кај нив сум ја наметнала желбата за создавање и ценење на убави нешта. Тоа ме прави особено среќна затоа што живееме во време на изместени вредности.

8. Како го поминувате вашето слободно време? Што е она што ве исполнува?

Слободното време го користам за патувања каде што можам да видам и вкусам убави и нови работи кој ми даваат дополнителна енергија за новите проекти

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×