14,8% зголемен извозот во првите пет месеци
Објавено на од во Економија
Во периодот од јануари до мај македонските компании на странските пазари продале производи во вредност од 2,6 милијарди евра. Извозот во првите пет месеци е поголем за 14,8% во споредба со извозот во истиот период лани.
roba-kamioniУвозот во истиот период е зголемен за 14,1% и достигна вкупна вредност од 3,5 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извозот достигна 75,8%. Ако се гледа пак покриеноста, пак, на увозот со извозот само во мај таа е уште повисока и достигнува рекордни највисоки досега 78,4%.
Раст на извозот се бележи речиси во сите сектори. Извозот на хемиски производи, кој има најголема вредност од близу 640 милиони евра е зголемен за 18,5%. Извозот на нафтени деривати бележи раст од 41,7%. Извозот на храна во првите пет месеци годинава достигна 148 милиони евра и е поголем за 27,5% во споредба со истиот период лани.
Раст од 14,6% има и кај извозот на пијалаци и тутун кој во првите пет месеци изнесувал близу 77 милиони евра. Раст од 14,1% има и кај извозот на метални производи, а извозот на машини и транспортни уреди достигна рекордна вредност од 877 милиони евра и е зголемен за 17,8% во првите пет месеци.
На страната на увозот најголем раст од дури 34,7% има кај увозот на суровини, што укажува дека следува засилена економска активноста кај компаниите.
Ако се гледа по групација на земја, најголем дел од извозот или 82,5% бил кон земјите од Европската унија (ЕУ), кој бележи раст од 12,7%.
Втор најголем извозен пазар за македонските извозни компании биле земјите од Западен Балкан каде во првите пет месеци годинава се извезени производи во вредност од 281 милиони евра . Во  споредба со истиот период лани извозот во Западен Балкан е зголемен за 18,7%.
Голем раст на извозот од дури 260% се бележи во земјите од Азиско-пацифичкиот регион, кој во првите пет месеци годинава изнесувал надмина 41 милион евра.
Гледано по земји, најголем дел од извозот или дури 49,3% бил насочен кон Германија, каде во првите пет месеци се продадени производи вредни 1,3 милијарди евра и тоа главно од извозот на автомобилски делови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×