14 години успешно работење на ПроКредит банка во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Месецов се одбележаа 14 години успешно работење на ПроКредит банка во Македонија, како специјализирана банка за развој и модерна банкарска услуга на мали и средни претпријатија и физички лица.

Во последните година значително вложуваме во иновации, софтверски решенија и усовршување на електронското банкарство, во сигурносни системи и апликации. Дополнително инвестициите во 24/7 Зони, ја прават банката подостапна од било кога.
Бидејќи живееме динамичен живот и бидејќи луѓето немаат време да чекаат ред во банка, се стремиме кон директно банкарство и со тој концепт ја доближуваме банката уште поблиску до клиентите секаде и во секое време, до нивната канцеларијата, дом и мобилен телефон на клиентот. На клиентите им нудиме 24/7 пристап до нивните средства како најголема предност како и едноставно и практично електронско банкарство, дизајнирано според потребите на клиентите.
ПроКредит Банка е 100% Германска, сигурна банка, избор број еден заштедите на клиентите.

Настанот беше прославен со коктел за клиентите и огномет, кој е дел од регионалната пракса на ПроКредит Банките. Небото се бои во илјада бои, глетката е спектакуларна поради тоа што огномет од ваков тип може да се види само на светските настани. Огнометот е сертифициран според ИСО стандарди.

Од страна на банката се обезбедени сите потребни дозволи од надлежните органи за организирање на настан на отворено и користење на пиротехнички материјали: Град Скопје, Општина Карпош, Полициска станица Карпош, Подрачната единица на МВР и МВР – Сектор за оружје и експлозивни и пиротехнички материјали за увоз и превоз.

Настанот беше навремено најавен 1 месец однапред, преку масовни медиуми, радио, постери на околните згради, Кејот на Вардар, преку летоци во сандачиња, како и известувања до околните болници, спортски терени, како и Зоолошката градина.
Теренот е целосно исчистен следниот ден по настанот. Банката е и останува општествено одговорна институција препознатлива по еко иницијативите во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×