14 сесија на Клубот на истражувачи на НБРМ: Неопходна е поголема координираност помеѓу фискалната и монетарната политика
Објавено на од во Банки и бизнис

Сè додека не се создадат услови за релаксирање на монетарната политика, фискалната експанзија преку зголемување на расходите треба да биде посебно внимателна, бидејќи во спротивно може делумно да биде неутрализирана од монетарната реакција.

 

Како да се креира оптимална економска политика во Македонија во услови на глобална криза и Проценка на трошочната ефикасност на на банкарскиот сектор на Балканот со посебен осврт на Македонија беа двете главните теми за дискусија на 14 сесија на клубот на истражувачи на НБРМ која се одржа минатиот петок во Скопје.

Според заклучоците и препораките на двајцата овогодишни презентери др. Борче Треневски и Викторија Атанасовска Новевски сè додека не се создадат услови за релаксирање на монетарната политика, фискалната експанзија преку зголемување на расходите треба да биде посебно внимателна, бидејќи во спротивно може делумно да биде неутрализирана од монетарната реакција.

Во поглед на банкарскиот сектор истражување на Атанасовска Новевски покажува дека банките во Македонија имаат помала трошковна ефикасност од оние во Хрватска и Словенија, а поголема од Србија и Црна Гора. Исто така потврдено е дека банките со странски капитал во земјава имаат повисока трошковна ефикасност од оние со домашен капитал, а дека помалите банките во последниот период ги надминуваат големите според оваа ставка. Генерално се очекува влезот во ЕУ да ја подобри трошковната ефикасност на банките во Македонија според примерот на останатите земји кои веќе се дел од унијата.

Клубот на истражувачите е формиран во јули 2011 година, во рамки на активностите за подршка на развојот на истражувачите и аналитичката работа. Овој клуб е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политиката и макроекономијата. Согласно со досегашната практика сесиите на тримесечна основа, во март, јуни, септември и во декември.

Државата треба да внимава со зголемувањето на расходите

„Иако Македонија има ниско ниво на јавен долг и потреба од поекспанзивна фискална политика, сензитивноста на нејзината економија условена од концентрираноста на македонскиот извоз, концентрираноста на земјите во коишто тој се реализира, увозната зависноост и отвореноста на земјата, огромната детерминираност на растот на домашниот БДП од странската ефективна побарувачка сензитивноста на приливите и одливите на капитал се доведува во прашање значајноста на јавните обврски и одржливоста на јавниот долг во иднина“ ова е еден од клучните заклучоци на истражување на доцент др. Борче Треновски околу тоа Како да се креира оптимална економска политика во Македонија во услови на глобална криза.

Понатаму Треновски предупреди дека иако фискалната и монетарната политика во Македонија се однесуваат како стратешки супститути, оваа координација често придонесува за намалување на економската активност – го отвора прашањето за нивото на нивната координираност или некоординираност.

„Во оваа насока е неизбежна препораката за зголемување на координираноста на двете политики, во случајот водење попрудентна фискална политика (имајќи предвид дека монетарната политика значајно ги вклучува фискалните варијабли во својата реакциона функција) – ова поконкретно би значело дека сè додека не се создадат услови за релаксирање на монетарната политика фискалната експанзија преку зголемување на расходите треба да биде посебно внимателна, бидејќи во спротивно може делумно да биде неутрализирана од монетарната реакција, а во тој случај е поважна тенденцијата за намалување на економската активност“.

Треновски како значајна ја потенцира и потребата потребата од извесни промени/реформи кои ќе придонесат за зголемување на ефикасноста на фискалниот мултипликатор во дражавата, во спротивно тој предупредува дека фискалната власт треба да се воздржува од зголемувањето на јавните расходи имајќи го предвид нивното негативно влијание врз економската активност

„Зголемувањето на ефикасноста на фискалната политика/мултипликаторот на јавните расходи може да се подобри преку: преструктурирање на јавните расходи во насока на зголемување на делот на развојната компонента/капиталните расходи, насочување на фискалниот стимул кон домаќинствата/бизнисите кои нема да го заштедат, туку ќе го потрошат/инвестираат, поголема координираност со монетарната политика со цел – зголемувањето на јавните расходи да не предизвикува притисок на девизните резерви и на општото ниво на цени. И секако треба да се води сметка за очекувањата на економските субјекти, кои доколку во иднина очекуваат поголема фискална контракција како резултат на денешните зголемени јавни расходи, ќе реагираат со зголемување на штедењето и намалување на инвестициите“.

Монополската позиција на пазарот ги прави големите банки лежерни

Откако постојат официјални податоци за концентрацијата на банкарскиот сектор во Македонија (од 2004, Извештај за работењето на банките, НБРМ), Herfindahl-Hirschman индексот сугерира прифатлива концентрација. Меѓутоа, доколку се погледне концентрација на трите најголеми банки мерена спрема вкупната актива истата сугерира прилично висока концентрација, што може да значи искористување на пазарна моќ на трите најголеми банки или пак произлегува од високиот степен на нивната ефикасност.
„Врз основа на извршената анализа за трошковата ефикасност на банкарскиот сектор во Македонија може да се забележи дека иако големите банки бележат пониски нивоа на ТЕ споредено со останатите, сепак нивното пазарно учество останува речиси непроменето, што упатува дека конкурентноста банките не е резултат од нивото на ефикасноста. Оваа слика на македонскиот банкарски сектор може да се објасни преку теориите на пазарна моќ што се користи од страна на големите банки за зачувување на нивно пазарно учество и/или со теоријата на трошоците при промена на депонентна банка“ вели Викторија Атанасовска Новевски во своето истражување за Трошковната ефикасност на банките.
Според останатите податоци трите најголеми банки имаат просечна трошковна ефикасност во периодот 2000-2012 од 89% (минимална- 87%, а максималната -91%), додека кај останатите банки просечната ТЕ исто така изнесува 89% (минимална- 85%, а максимална- 90.5%). ТЕ кај трите најголеми банки е прилично константна со осцилации во периодот 2000-2012, т.е. пад за време на конфликтниот период (2001-2002) (2000:91% и 2002:87.4%) и за време на финансиската криза (2008:88.6%, 2009:88.1% и 2010:87.1%).

Според Атанасовска Новевски ова сугерира дека ефектите од кризата во Македонија се почувствуваа со задоцнување од речиси една година, што е очекувано имајќи предвид дека нашиот банкарски сектор сѐ уште се придржува на традиционалното банкарство, т.е. не работи со софистицирани производи и не „отворен„ на примарниот пазар.

„ Ако се земе предвид фактот дека профитабилноста на овие банки во периодот 2000-2012 е значително висока, може да се претпостави дека големите банки уживаат пазарна моќ, а профитабилност резултира од нивната монополска позиција. Уште повеќе, оваа група на банки се чини ја практикува хипотезата на „тивок живот“ на Hikcs, според која менаџерите лагодно се однесуваат на пазарот, бидејќи максимизирањето на профитот не е резултат од минимизирањето на трошоците, туку од монополската позиција на пазарот“.

Атанасовска Новевски за крај констатира дека практично, по финансиската криза останатите банки континуирано ја подобруваат ТЕ и во овие години се поефикасни од трите најголеми банки.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×