15 -та Меѓународна академска конференција на УАКС, на 21 мај
Објавено на од во Економија
Универзитет Американ Колеџ Скопје на 21 мај, четврток, ја организира  15-та меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“, која ќе се одржи на онлајн платформата Webex. Конференцијата ќе може да се следи на следниов линк, а програмата на настанот може да ја погледнете овде
UAKS konferencija
 Конференцијата ќе ја отвори претседателот  Стево Пендаровски, а ќе се обрати и  евроамбасадорот во земјава  Самуел Жбогар.
 Од организаторот УАКС велат дека како специјални говорници на конференцијата, свое учество потврдиле:
-        заменик министерот за животна средина и просторно планирање,  Јани Макрадули,
-        претставничката на Фридрих Еберт Штифтунг за Република Северна Македонија,  Ева Елерајт,
-        директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов, како и
-        добитничката на наградата за животна средина „Голдман“ за 2019 г., Ана Чоловиќ Лешоска.
Во име на организаторите, свое обраќање ќе имаат д-р Марина Андева, Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Со оглед на протоколот од страна на Кабинетот на претседателот Пендаровски, како и со оглед на тоа дека станува збор за онлајн конференција, од организаторот замолуваат  новинарски прашања да се пратат пред почетокот на конференцијата најдоцна до 20 мај 2020 г., до 16.00 часот., односно  за секое прашање да е наведено за кој гостин се однесува и од кој медиум е поставено.
За дополнителни информации, како и за техничките аспекти на конференцијата, контактирајте ја Рахела Евтимова, тел: 078 455 149; e-mail: rahela.evtimova@uacs.edu.mk, conference@uacs.edu.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×