18-та Годишна конференција на Македонска берза: Домашниот пазар на капитал заживува, но политичката криза го кочи растот
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Оптимизам поради закрепнувањето на домашниот пазар на капитал, но и загриженост за влијанието на политичката криза врз одлуките на инвеститорите, искажа директорот на Македонската берза на денешното отворање на 18-та Годишна берзанска конфернеција, Иван Штериев.

„Минатата година берзанскиот промет само во класично тргување изнесуваше 38 милиони евра, за 12% повеќе во однос на 2015 година. Берзанскиот индекс МБИ 10 порасна за 16%, а годинава, исто така, имаме добар прв квартал, што влева оптимизам. Вкупната добивка на котираните компании во 2016 година изнесуваше 185 милиони евра, што е дури за 25% повеќе во однос на годината претходно. Компаниите делат дивиденди, некои и од акумулираните добивки од претходните години, со принос од 5-10%, што е одлично во услови на историски најниски каматни стапки. Меѓутоа, останува неизвесноста поради долготрајната политичка криза што ги воздржува инвеститорите, особено странските, во донесувањето одлуки“, рече Штериев.

glavna

Тој истакна и дека Берзата во соработка со уште неколку регионални пазари на капитал ја направила потребната инфраструктура во насока на зголемување на тргувањето со хартии од вредност, и дека сега на потег се инвеститорите.

„Регионалната платформа SEE Link во моментов опфаќа 5 берзи, 585 хартии од вредност, 30 банки и брокерски куќи, а се преговара со уште 4 регионални берзи за вклучување во проектот. Сепак, ова ќе биде еден долгорочен процес зашто е потребно време бизнисите и инвеститорите да ги сфатат можностите и потенцијалите што ги нуди оваа платформа“, додаде Штериев.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Елизабета Чингаровска, при поздравниот говор истакна дека тие како регулатор ќе сторат сѐ во насока на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на пазарот на капитал, и подобрување на финансиската едукација на граѓаните со цел поголема динамика во развојот на пазарот на капитал.

„Подготвуваме нов кодекс за корпоративно управување, два нови закони во делот на финансиски инструменти, за да се создаде подобар амбиент за заживување на македонскиот пазар на капитал. Во таа насока сакам уште еднаш да ја потенцирам нашата заложба за формирање на единствен интегриран регулатор на небанкарскиот финансиски сектор, што ќе ги обедини функциите и надлежностите на неколкуте актуелни регулатори, за да се постигне поголема ефикасност, транспарентност и одговорност на домашниот пазар на капитал и негов побрз развој“, истакна Чингаровска.

Берзата и оваа година традиционално ја додели наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентна компанија, а првата награда за 2016 година ја доби АД Алкалоид Скопје. Второто место го освои Комерцијална банка, а третото НЛБ Банка.

Viktor

Претставникот на АД Алкалоид Скопје, Виктор Стојчевски, ја прима наградата за најтранспарентна компанија во 2016 година

Годинава за првпат се доделуваат и наградите за овластени учесници на пазарот за хартии од вредност, при што првата награда ја доби брокерската куќа Илирика Инвестмент, втората Комерцијална банка, а третата Еурохаус.

Годишната конференција продолжува со повеќе панели посветени на потенцијалите на пазарот на капитал во однос на таканаречениот asset management; public vs private компании; нови трендови во финансирањето стартапи и т.н., за што „Капитал“ ќе подготви опширна тема.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×