Connect with us

банки

20 години пример за одговорност – ПроКредит Банка

објавено

на

На 20-годишнината на ПроКредит Банка, славиме две децении одговорно банкарство, одржливост и дигитализација

„ Дали твојата банка го гледа светот на ист начин како и ти?“ е прашањето кое ПроКредит Банка го поставува во новата кампања по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, и кое отвора нови хоризонти. Преку слоганот „Пример за одговорност“, ПроКредит преку лични примери покажува дека општествената одговорноста не е само една голема донација, туку е систематизиран принцип на работа кој се провлекува низ конкретно дефинирани одговорни практики.

ПроКредит Банка низ одговорниот принцип на работа остава пример за вистинските вредности кои неретко остануваат заборавени во трката за профит. Фокусирајќи се на одржливиот развој, банката гордо може да се пофали со најголема застапеност на еко портфолио во банкарскиот сектор од 20% и 150 инвестиции во фотоволтаични централи, покажувајќи низ пример дека природата е важна.

ПроКредит Банка, уште од своите почетоци е развојно ориентирана банка, па така со својот фокус на поддршка на мали и средни претпријатија, изминатите 20 години успеа да го даде својот значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на извозот и креирање на нови работни места. Посветеноста на бизнисите е евидентна и низ бројка – 90% од кредитното портфолио на банката е насочено токму кон овој сектор.

Но, одговорноста на банката можеби и најдобро се распознава преку подготвеноста да се откажат од дополнителен профит, во име на долгорочен одржлив развој. Па така, преку строго дефинирана листа на бизниси кои и штетат на животната средина или на општеството, ПроКредит транспарентно ги објавува бизнисите кои не ги финансира, како што се градежни активности во национални паркови, ископини на руда, казина и обложувалници, компании кои произведуваат пластика за еднократна употреба и сл. На тој начин, оставаат позитивен пример водејќи се по правилото дека  она што го правиме за наше добро, треба да биде еднакво добро и за иднината!

Низ континуирана едукација ПроКредит ги води своите клиенти кон паметни решенија за нивните финансиски одлуки верувајќи во идејата дека помалку, помудро и одговорно може да биде подобро. Промовирајќи ја културата на штедење пред консумеризмот – ПроКредит Банка во своето портфолио не поддржува, промовира и нуди ненаменски потрошувачки кредити.

Горди сме што сме лидери во одговорните практики и одржливоста во банкарскиот сектор, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Преку нашите дела инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата, што е од особена важност за креирање на одржлива иднина. Соочени со предизвиците на денешницата сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да работиме на истото. Нашиот главен фокус продолжува да биде остварување позитивното влијание во општеството, но истовремено наша цел е преку наш пример да поттикнеме дискусија и акција на тема која е важна за сите, не само за банките. Прославувајќи ја нашата 20-годишнина, им изразуваме благодарност на нашите клиенти и соработници за нивната лојалност и поддршка. Продолжуваме заедно да чекориме одговорно и во наредните децении кои се пред нас!“ изјавија од ПроКредит Банка.

Нудејќи професионална и комплетна банкарска услуга, ПроКредит Банка ја потврди довербата кај клиентите, кои ја одбираат ПроКредит како прв избор, пред сè поради квалитетната услуга, но и поради фактот што веќе 20 години се синоним за транспарентност, стабилност, иновативност и инклузивност.

Фокусирани кон вас и вашите потреби, ПроКредит продолжува да делува како банка која поставува стандарди за одржливост, одговорност и етичност, позитивен економски раст и развој и со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

20 години Пример за одговорност – YouTube

Комерцијален ПР текст

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал