20 милиони луѓе го напуштиле регионов во последниве 25 години
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Негативните демографски движења и недостатокот на стручна работна сила ќе претставуваат сѐ посериозен проблем за сите европски транзициски земји.

Со исклучок на Турција, регионот брзо се празни, е тврдењето што директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Пол Томсен, го изнесе на неодамнешната конференција на ММФ во Дубровник, како што пишува хрватски Вечерњи лист.

Економистот од Данска 35 години работи за ММФ, и важи за одличен познавач на состојбите во средна и во источна Европа, каде работел како шеф на мисиите за Русија, за Македонија, за Словенија, за Србија, за Романија и за Полска.

Последните 25 години југоистокот на Европа го напуштиле 20 милиони луѓе, односно 5,5% од популацијата, но интензивната емиграција продолжува и натаму, особено на младите и на образованите.

Да немало ваков одлив на кадри, Томсен смета дека БДП на регионот во просек би бил 7% поголем отколку денес.

Според истражувањата на ММФ, потенцијалниот раст во регионот е преполовен во однос на периодот пред кризата 2008 година, што ќе го забави приближувањето кон развиените западни држави.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×