Connect with us

економија

Специјален прилог „Осигурување“: 2022 беше одлична за осигурителниот сектор, какви се прогнозите за понатаму?

Година на раст

објавено

на

Вложувањата во осигурување лани надминаа вредност од 208 милиони евра. При тоа пазарот за неживотно осигурување порасна за 9 отсто, а пазарот на осигурување живот се зголеми за 14 отсто. Вкупната вредност на исплатените штети од сите осигурителни компании надмина 83 милиони евра и тоа е за 10% подобар резултат од претходната 2021 година, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Минатата, 2022 година, е рекордна од аспект на вложување во осигурување и од аспект на исплати на осигурени штети, односно најдобрата година во корпоративната историја на осигурувањето во Македонија. Вкупната вредност на исплатените штети од сите осигурителни компании надмина 83 милиони евра и тоа е за 10% подобар резултат од претходната 2021 година, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Од АСО велат дека и покрај значителниот пораст на исплатените износи на надомест на штети кон осигурениците, осигурителните компании се ликвидни, солвентни и имаат подобрување на општата профитабилност. Според нив,  тоа е потврда дека осигурителниот пазар расте и се развива во насока на подобрување на квалитетот на осигурителните услуги за сите граѓани на општеството.

Рекордни се и вкупните уплатени бруто премии во друштвата за осигурување во 2022 година. Вложувањата во осигурување лани надминаа вредност од 208 милиони евра. При тоа пазарот за неживотно осигурување порасна за 9 отсто, а пазарот на осигурување живот се зголеми за 14 отсто.

„Релативно брзо осигурителната индустрија ја надмина кризата од ковид и пост-ковид периодот. Соочени со овој уникатен предизвик и ние од АСО како регулатори на пазарот за осигурување активно работевме и обезбедивме услови и мерки за компаниите полесно да излезат од тој кризен период. Компаниите за осигурување излегоа посилни од ковид кризата, а ги збогатија и своите понуди за осигурување.“, вели претседателот на Советот на експерти на АСО, д-р Крсте Шајноски.

Конкретно, според него, приватното здравствено осигурување доживеа интензивен раст откако започна ковид кризата, а продолжи да расте и успешно да го подобрува своето место во палетата осигурителни производи. Во пост ковид периодот интензивен раст има и кај патничкото осигурување, зелената карта, а евидентен е и раст кај каско осигурувањето и задолжителното автомобилско осигурување.

Генерално гледано, раст има кај најголем дел од осигурителните производи што ги нудат компаниите за неживотно осигурување.

Дури поизразен е трендот кај друштвата за осигурување живот со особен аспект на ризико осигурување и на јунит линкд продуктот кој е најнов тип на осигурување присутен на нашиот пазар.

„Сите горенаведени податоци и тенденции се уште една силна потврда на потенцијалот за раст што го има пазарот за осигурување. За нас како регулатор е значајно заедно со растот и развојот на пазарот да се зголемува информираноста и едуцираноста на населението за осигурителните производи.“, додава Шајноски.

Во 2022 година приватното (дополнителното) здравствено осигурување  е трет најпродаван осигурителен производ во кој се вложени над 11 милиони евра што е за 68 отсто повеќе од 2021 година. Приватно здравствено осигурување во 2022 година имаат над 93.000 граѓани и нивниот број е зголемен за 43 отсто во однос на 2021 година.

Пазарно портфолио

Инаку, пазарното портфолио во секторот осигурување на крајот на 2022 изгледа вака: Неживотното осигурување зафаќа 82.2% од вкупниот пазар, а 17,8% е животното осигурување. Бруто полисираната премија (БПП) кај неживотното осигурување е без малку 171 милион евра минатата година, додека кај животното осигурување изнесува 37 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци што се на располагање во извештајот на АСО.

Порастот на БПП кај неживотното осигурување е 9,2%, додека кај животното е 13,7%. Кај класата неживотно осигурување најголем удел се’ уште има осигурувањето на моторни возила, од 59%, во чиишто рамки пак, уделот на задолжителното осигурување од автоодговорност е приближно 85%, додека на каско осигурувањето отпаѓа 15%.

Осигурувањето на моторни возила има пораст од 8,3% во 2022, при што кај автоодговорноста скокот е 7,7%, додека кај каското 11,7%.  Во делот на бруто исплатени штети кај осигурувањето на моторни возила, лани имало пораст од 5,5%, односно исплатени се штети во вкупна вредност од речиси 45 милиони евра.

Втората најголема класа во неживотните осигурувања, имотното осигурување лани има пад на БПП од 2,75%, на 34,4 милиони евра, и пазарен удел од 22,5%. Кај останатите класи од неживотното осигурување забележан е раст од дури 30,5% во 2022 година и пазарно учество од 15,4%.  Сите останати неживотни осигурувања имаат вкупна БПП од 31,5 милиони евра.

Приватното здравствено осигурување шампион според растот

Како што истакна претходно првиот човек на АСО, д-р Крсте Шајноски, приватното здравствено осигурување е шампион според растот во 2022 година.

Фактот дека континуирано и интензивно растат вложувањата во дополнителното (односно приватното) здравствено осигурување потврдува дека тоа е производ во кој вложуваат и од кој многу очекуваат и осигурениците и осигурителните компании.

„Неговото место во палетата осигурителни производи ќе го илустрирам со следниве факти: во 2022 година е трет најпродаван осигурителен производ во кој се вложени над 11 милиони евра што е за 68 отсто повеќе од 2021 година. Приватно здравствено осигурување во 2022 година имаат над 93.000 граѓани и нивниот број е зголемен за 43 отсто во однос на 2021 година.“, вели Шајноски.

Лани за медицински трошоци осигурениците наплатиле 6,9 милиони евра што е двојно повеќе од претходната година. Токму овој показател потврдува дека осигурителните компании навремено и на ниво ги исполнуваат своите превземени обврски по договорите за приватно здравствено осигурување.

Токму добриот имиџ на здравствените услуги што ги нудат приватните медицински установи, кои ги вршат прегледите покриени со приватното здравствено осигурување, ги мотивира осигурениците макар и во превентивни цели прекумерно да го употребуваат овој производ, забележува нашиот соговорник.

„Веројатно дел од нив се водени од љубопитност да искористат нешто што е ново и го имаат на располагање, а е во интерес на нивната добра здравствена состојба. Но тоа е нормално и на крај и корисно затоа што на кој начин се гради и јакне свесноста за потребата и значењето на осигурувањето воопшто.“, смета Шајноски.

Тој нагласува и дека индиректно приватното здравствено осигурување му помага и на јавното здравство со тоа што го превзема, а со тоа и намалува товарот и притисокот врз јавното здравство како материјално-технички така и финансиски.

Кој е кој на пазарот

Триглав осигурување е компанијата што ја заврши 2022 година со најголема БПП од околу 25 милиони евра во делот на неживотното осигурување и воопшто на целиот осигурителен пазар, што е за речиси 14% повеќе во однос на 2021 година, и пазарното учество на компанијата е 14,4%, пораст од 13,8% за годината претходно. Бруто исплатените штети кај Триглав исто така пораснале лани, за без малку 12% на 10,4 милиони евра.

Со пораст од 11,6% во 2022, на второто место е Уника, која ѝ го зеде „среброто“ на Еуролинк, која што е сега трета, со пораст на БПП од само 0,09% лани. Најголем пораст на БПП кај компаниите за неживотно осигурување има Кроација неживот, од цели 41%, на 15,3 милиони евра, додека пад има само кај Халк осигурување, и тоа за 30,2%, на 11,3 милиони евра.

Кроација неживот има и најголем скок во износот на бруто исплатени (ликвидирани) штети, речиси двојно во споредба со 2021 година, односно 94,2%, на 7,9 милиони евра, додека кај Халк и кај Граве неживот има пад во исплатата на штетите, за 6,7% и 17% респективно.

економија12 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија13 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки14 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија14 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата