25 години од падот на Чаушеску (1/4)
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како и зошто  падна  Николае Чаушеску? Прашањето е сега актуелно, поради фактот што од погубувањето  на романскиот диктатор се одбележуваат  25 години, а во меѓувреме во јавноста излегоа некои работи што долго време “почиваа“ во архивите.  Каков човек всушност бил Чаушеску? Зошто сакал да исели 7.000 села населени со припадници од унгарското малцинство во Романија? Дали народот по четврт век жали по својот претседател? Ова и уште многу интересни познати и непознати факти за животот на Чаушеску прочитајте во четири продолженија.

Романскиот Унгарец Ласло Текеш го почна уривањето на Чаушеску
Ласло Текеш

Ласло Текеш

А, кој бил бекграундот на целата оваа ситуација што всушност доведе до конечен пад на Чаушеску?  Клучен лик е протестантскиот свештеник Ласло Текеш од Темишвар, денес пратеник во Европскиот парламент. Како припадник на бројното унгарско малцинство во Романија, тој во своите проповеди ја критикувал т.н. систематизација на земјата. Имено, Чаушеску имал план да уништи 7.000 села за да изгради на нивно место гигантски земјоделски комбинати. Населението требало присилно да се всели во станбени блокови по градовите. Текеш рано препознал дека овој план го загрозува опстанокот на унгарското малцинство и отворено настапил против Чаушеску. Незадоволството го изразил  и во едно интервју што тајно го дал на двајца канадски новинари – разговорот е емитуван летото 1989 година на една унгарска телевизија. Токму тоа интервју ја вознемирило романската комунистичка врхушка. Односот помеѓу Романија и Унгарија – историски веќе доволно оптоварен – сега бил на границата на ескалација. Чаушеску зборувал за завера од Будимшепта и наредил Ласло Текеш да биде прогонет од Темишвар во едно мало село.

Чаушеску сакал
да гранатира унгарска нуклеарка!?

Но, на 15 декември 1989 година пред куќата на Текеш се собрале неколку стотини луѓе за да го заштитат од агентите на тајната служба Секуритате. Брановите на поддршка се прошириле  и во градот Темишвар, потоа во цела Романија, и веднаш прераснале  во масовни протести против диктатурата. “Од религиски мотивиран револт никнал политички, од унгарска работа станала сероманска“, вели Раду Преда, професор по теологија кој што во Романија го води Институтот за истражување на комунизмот. Чаушеску во тие моменти наводно на својата војска и наредил да впери ракети кон Унгарија, во случај ако оттаму дојде војна акција. Ова го тврди  унгарско-канадскиот новинар Арпад Сечи, по долгогодишно копање низ архивите на унгарските и романските тајни служби, кој што вели дека информацијата за ракетите ја прибележал еден офицер на унгарската тајна служба, а ја потврдил тогашниот премиер на земјата Миклош Немет. Според тие информации се работело за седум ракети од кинеско производство, кои што комунистичката Романија наводно ги набавила преку арапски посредници. Ракетите биле насочени кон унгарската нуклеарна централа Пакс. Инаку, претходно споменатиот, Миклош Немет,  дал голем придонес за падот на Железната завеса. Во разговор со новинарот Сечи тој потврдил дека во 1989-та постоело стравување дека ракетниот удар на нуклеарната централа можел да доведе до катастрофа која би ги надминала размерите на Чернобил. Затоа Немет го алармирал полското и советското раководство, со Горбачов  ги разгледувал начините како Чаушеску да се тргне од власта. Исто така, стапил во контакт со романскиот генерал Виктор Станчулеску, кој што подоцна ќе одигра клучна улога во симнувањето на диктаторот. NikolaeCausesku_lider1

Чаушеску, диктатор кој сакаше
финансиска независност што народот ќе ја плати

Како што стареел, Чаушеску станувал мегаломански диктатор, окружен со заслепени луѓе кои се обидувале да ја искористат неговата моќ. Тој започнал големи скапи градежни проекти како Палата на народот и имал амбиција да го исплати целиот надворешен долг на Романија.

Палата на народот

Палата на народот

Но, се се вратило со голема цена. Народот се повеќе осиромашувал, а нивниот живот станал мизерен. Романскиот народ гладувал и живееел со рестрикции во снабдувањето со греење, гас и вода во нивните домови. Дополнително на ова, тајната служба на комунистичкиот режим следеле се и казнувале се што сметале дека е закана за режимот. Постои шега дека Чаушеску дури и неговата жена ја сметал за “закана”. … (Продолжува утре…)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×