25 години од падот на Чаушеску (2/4)
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како и зошто  падна  Николае Чаушеску? Прашањето е сега актуелно, поради фактот што од погубувањето  на романскиот диктатор се одбележуваат  25 години, а во меѓувреме во јавноста излегоа некои работи што долго време “почиваа“ во архивите.  Каков човек всушност бил Чаушеску? Зошто сакал да исели 7.000 села населени со припадници од унгарското малцинство во Романија? Дали народот по четврт век жали по својот претседател? Ова и уште многу интересни познати и непознати факти за животот на Чаушеску прочитајте во четири продолженија.

Последниот новинар што го интервјуираше Чаушеску

Српскиот новинар Мирослав Лазански е последниот новинар што го има интервјуирано Чаушеску, а во своја колумна тој се сеќава на настанот:

„Јас бев последниот странски новинар кој разговараше со претседателот на Романија Николае Чаушеску. Во август 1989 година, јас патував од Белград во Букурешт.. На аеродромот “Отопени” ме пречека црн службен “Мерцедес”. Пасош? Каков пасош, никој не ми побара такво нешто. Ме сместија во хотел каде што отседнуваат највисоките партиски и државни функционери од Романија, па ме однесоа на вечера во хотелот “Палас  Атена” каде што беше, како што подоцна се испостави, тајното седиште на тајната служба “Секуритате”. Следното утро ме однесоа во летната резиденција на Чаушеску, 70 км северно од Букурешт. Во 16 часот почна моето интервју, коешто траеше 160 минути. Сешто го прашував. Од тоа зошто сопругата и семејството ги експонира во политичкиот живот, зошто држи политички затвореници, па се до тоа како со маршалот Тито застрелале дива коза во лов. На сите прашања ми одговараше. За сопругата рече дека се веќе 50 години заедно, дека се запознале во партијата и дека таа е исто политички активна и исто мисли. Изнесуваше податоци за романската економија без да гледа во тефтер.  После интервјуто следуваше ручек. Тогаш го прашав како Михаил Горбачов има резервиран став кон Романија. Му ветив дека тоа нема да го објавам, туку сакам да знам заради моја лична информираност. Чаушеску се загледа во мене, малку се двоумеше, а потоа почна:

„Знаете, јас знам дека мене Горбачов веќе ме отпиша, ме пушти низ вода во договор со Американците.“

-        Каков договор?

„На состанок меѓу Буш и него, двајцата се договорија за мојата, но и за судбината на Варшавскиот пакт и Советскиот сојуз.“

-       Па ако тоа го знаете, зошто не го објавите, сите медиуми се ваши?

“Прво, јас сум комунист, а некои нешта, валкани алишта никогаш, никогаш не се изнесуваат пред јавноста. Ние се уште сме семејство, барем формално. И второ, мислам дека е премногу доцна,  нека си оди историјата по својот тек“.

Се изненадив од неговите зборови. За време на интервјуто беше енергичен, а на ручекот веќе беше друг човек, уморен старец помирен со судбината.

Николае Чаушеску

Николае Чаушеску

 

Валентин Чаушеску: “Советниците на татко ми ја криеја вистината од него!“

“Последниот комунистички диктатор Николае Чаушеску беше лажен од неговите советници и се уште силно веруваше дека граѓаните на Романија се уште го обожаваат дури и часови пред неговиот пад”, вели неговиот единствен жив син Валентин Чаушеску.

Во едно од ретките интервјуа што го има дадено во неговиот живот, Валентин за Асошиетед прес вели дека советниците на неговиот татко го држеле во темнина и со тоа придонеле тој погрешно да го процени бесот кај граѓаните за неговото владеење.

„Тој не беше информиран за големината на незадоволството“, вели Валентин за Асошиетед прес. „Од него се чуваа сите информации кои се сметаа дека нема да му се допаднат“.

Во интервјуто Валентин вели дека повеќе би сакал да го види својот татко убиен веднаш оти стотици невини лица загинaле во меѓувреме.

Инаку Валентин, кој сега има 66 години, две децении работел како нуклеарен физичар на Институтот за нуклеарна Физика во околината на Букурешт. Тој вели дека го следел судењето на неговите родители преку телевизија додека бил во притвор уапсен поради поткопување на државната економија.

„Го гледав тоа и се чувствував посрамено што сум од Романија. Не чувствував дека тоа се моите родители. Едноставно требаше да ги убијат“, откако беа заработени на 22 декември, вели тој.

За тоа што се случуваше подоцна, откако неговите родители беа симнати од власт, Валентин вели дека „тоа не беше револуција во нормална смисла. Беше нередие“.

За моменталната состојба во која се наоѓа Романија, Валентин вели: „луѓето се надеваа за нешто подобро после револуцијата, но всушност не го добија. Гледам многу лица кои живеат во илузија и тоа не ги прави среќни“.

(Продолжува утре)

***********************

Тука може да го прочитате првиот дел од четирите продолженија “25 години од падот на Чаушеску”:

Романскиот Унгарец Ласло Текеш го почна уривањето на Чаушеску
Чаушеску сакал да ракетира унгарска нуклеарка!?
Чаушеску, диктатор кој сакаше финансиска независност што народот ќе ја плати

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×