25 години од падот на Чаушеску (3/4)
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како и зошто  падна  Николае Чаушеску? Прашањето е сега актуелно, поради фактот што од погубувањето  на романскиот диктатор се одбележуваат  25 години, а во меѓувреме во јавноста излегоа некои работи што долго време “почиваа“ во архивите.  Каков човек всушност бил Чаушеску? Зошто сакал да исели 7.000 села населени со припадници од унгарското малцинство во Романија? Дали народот по четврт век жали по својот претседател? Ова и уште многу интересни познати и непознати факти за животот на Чаушеску прочитајте во четири продолженија.

Можело да се избега од Чаушеску… за 50.000 долари

Од режимот на Николае Чаушеску многу Романци сакале да се извлечат емигрирајќи на Запад. И самиот комунистички лидер тоа легално го дозволувал, но под услови што истото го правеле неизвoдливо. Имено, постоел декрет со кој на Романците им се дозволувало да ја напуштат земјата, но тој вклучувал услов заинтересираните прво да ѝ го вратат на државата сето она што таа го вложила во нивното образование, во здравствената грижа, со задолжителна конфискација на имотот што го поседуваат. Јасно е дека многумина ги разбудиле од емигрантскиот сон сметките за излез од земјата кои по лице се движеле од 20.000 до 50.000 долари.

Шампионката, светската гимнастичка ѕвезда, Наѓа Команечи, веќе на 16 година добила орден на јунак на социјалистичкиот труд, заедно со привилегии од видот на викендичка, автомобил со личен возач, зимувања и летувања во луксузни хотели, дипломатски пасош… Дури можела да стане и снаа на Чаушеску – неговиот син Нику ја симпатизирал гимнастичаркатата уште од школските клупи. Но, и покрај сето ова, Команечи илегално пребегала во САД, и го оставила размазениот Нику на неговите фрустрации.

Коменичи и Белодедиќ

Коменичи                                                                                                                           Белодедиќ

Според пишувања на медиуми меѓу бројните инциденти што ги направил синот на Чаушеску се вбројува и барањето на Нику да се стрела познатиот фудбалер Миодраг Белодедиќ поради неговото заминување од букурешка Стеауа во белградска Црвена Ѕвезда.

„Дворец на пролетта“

Резиденцијата наречена „Дворец на пролетта“, која располагала со земјиште од 14 хектари ја проектирал архитектот Чезар Лазареску во текот на 1964/65 година, под директна контрола на брачниот пар Чаушеску. Елена Чаушеску лично ги одбирала лустерите и мозаиците, а зградата имала и базен, солариум и сауна, вклучувајќи и златни чешми. Во тој дворец брачниот пар Чаушеску ги поминал последните 25 години од животот.

Дворец на пролетта

Дворец на пролетта

За луксузот на Чаушеску покажуваат и аукциите спроведени изминатите години на кои се најдоа и подароци и други негови лични предмети, вклучувајќи и леопардска кожа, сребрени гулаби и бронзен јак. Кожата од леопард достигнала цена од 3.750 евра, а бронзениот јак што бил подарок од кинескиот комунистички лидер Мао Цетунг, достигнал вредност од 12.000 евра. Освен тоа, на аукциите нудени се и постери од добата на комунизмот, медали, фотографии и знамиња, некои стари и по 70 години. Двата сребрени емајлирани гулаби биле подарок од покојниот ирански шах Реза Пахлави.

Сепак само мал број на Романци знаат што точно се случувало во ерата на Чаушеску.

„Се почесто слушам дека е интересно односно ’кул’ да се раскажува за комунизмот, но вистината е дека тоа воопшто не беше ’кул’ период“, велат познавачи на состојбите.

Чаушеску и неговата сопруга во моментот кога се предале живееле во вистински луксуз додека поголем дел од Романија била загушена во сиромаштија соочена со постојан недостиг на струја и надзор и контрола од тајната полиција.

Половина Романци си го сакаат диктаторот

Речиси половината Романци сметаат дека Николае Чаушеску беше политичка личност која одигра позитивна улога во историјата на Романија, покажуваат резултатите од една анкета на романскиот институтот INSCOP направена пред неколку месеци. Според неа, 47,5% од испитаниците мислат дека Чаушеску бил позитивна, за 46,9% бил негативна личност, а 5,6% од нив не одговориле или не го знаеле одговорот.

Кога станува збор за сопругата на Чаушеску Елена, дури 80,2% од Романците сметаат дека сопругата на некогашниот претседател имала негативно влијание на романската историја, за 12,1% граѓани нејзиното влијание било позитивно, а 7,7% немаат став.
Анкетата била спроведена од 7 до 14 ноември минатата година на примерок од 1.055 луѓе, при што најмладиот учесник имал 18 години.

Романскиот комунистички диктатор и неговата сопруга стрелани се на 25 декември 1989 година после тридневно судење пред специјален воен суд, откако се случија силни демонстрации на народот незадоволен од неговото владеење.

(Продолжува утре)

***********************

Тука може да го прочитате првиот и вториот дел од четирите продолженија “25 години од падот на Чаушеску”:

Романскиот Унгарец Ласло Текеш го почна уривањето на Чаушеску
Чаушеску сакал да ракетира унгарска нуклеарка!?
Чаушеску, диктатор кој сакаше финансиска независност што народот ќе ја плати
Последниот новинар што го интервјуираше Чаушеску
Валентин Чаушеску: “Советниците на татко ми ја криеја вистината од него!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×