25 години од падот на Чаушеску (4/4)
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Како и зошто  падна  Николае Чаушеску? Прашањето е сега актуелно, поради фактот што од погубувањето  на романскиот диктатор се одбележуваат  25 години, а во меѓувреме во јавноста излегоа некои работи што долго време “почиваа“ во архивите.  Каков човек всушност бил Чаушеску? Зошто сакал да исели 7.000 села населени со припадници од унгарското малцинство во Романија? Дали народот по четврт век жали по својот претседател? Ова и уште многу интересни познати и непознати факти за животот на Чаушеску прочитајте во четири продолженија.

10 факти кои веројатно не ги знаете за Николае Чаушеску, диктаторот кои ја доведе Романија на колена

Комунистичкиот режим во Романија беше доста строг, и дури сега, тајните на Николае и Елена Чаушеску може да ја видат светлината. Еве 10 интересни факти за оваа фамилија, кои веројатно не ги знаете:

1. Чаушеску се образувал само четири години од својот живот- тој учел само во основно школо. Тоа е се од неговото образование. Во неговите тинејџерски години, тој работел како чевлар. Нешто подоцна, како млад човек, бил уапсен и притворен за комунистичка пропаганда која во тоа време била илегална.

NikolaeCausesku_mlad

2. Се вели дека Николае Чаушеску бил доста срамежлив во друштво на жени. Едно време, кога бил во Африка, две топлес танчерки дошле да го импресионираат, но тој не можел ниту да ги погледне в очи. Членовите на неговиот персонал велат дека секогаш бил сериозен и дека кажал само еден виц за цело време додека владеел.

3. Елена Чаушеску била многу љубоморна жена и не можела да поднесе да има други жени околу нејзиниот маж.

4. Николае Чаушеску бил навлечен на “лажен лов“. Неговиот персонал ги хранел мечките со таблети за спиење ставени во мед пред ловот да започне со цел диктаторот да може да убие што повеќе животни. Исто така, било забрането останатите да убијат повеќе мечки од диктаторот.

Николае Чаушеску на лов

Николае Чаушеску на лов

5. Елена Чаушеску станала национален научник додека нејзиниот сопруг бил диктатор во Романија. Но се тоа било измама. Всушност, таа едвај знаела како да пишува. Таа  барала од други научници да пишуваат научни трудови во нејзино име. На меѓународни научни средби таа одела со преведувач кој ги давал вистинските одговори во нејзино име, без разлика што зборувала таа.

6. Чаушеску имал доста балансирана диета, тој јадел најмногу зеленчук и диетални продукти. Тој во исто време ги земал оброците и не пиел никакви пијалоци. Мразел чоколадо. Не пушел и имал навика да има попладневна дремка… секој ден.

7. Во еден момент, оваа двојка сакала да се пресели во замокот Пелес, најубавата палата во Романија. Но,  луѓето кои се грижеле за споменикот се плашеле дека тие двајца ќе ја уништат палатата. Затоа почнале со гласини дека таму има смртоносна мувла. Ова не било вистина, но двајцата поверувале.

8. Неговите последни зборови пред да биде убиен биле: Долго да живее Социјалистичка Република Романија. Историјата ќе ме одмазди!

CauseskuSilueti

9. Николае Чаушеску умрел пеејќи ја химната на комунистичките земји, Интернационалата.

10. Иронично, целиот свој живот, Николае Чаушеску се плашел да не биде убиен.

(крај)

 Тука може да ги прочитате претходните три продолженија од “25 години од падот на Чаушеску”:

Романскиот Унгарец Ласло Текеш го почна уривањето на Чаушеску
Чаушеску сакал да ракетира унгарска нуклеарка!?
Чаушеску, диктатор кој сакаше финансиска независност што народот ќе ја плати
Последниот новинар што го интервјуираше Чаушеску
Валентин Чаушеску: “Советниците на татко ми ја криеја вистината од него!“
Можело да се избега од Чаушеску… за 50.000 долари
„Дворец на пролетта“
Половина Романци си го сакаат диктаторот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×