Десетгодишната визија на Марк Закерберг
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

z3Facebook доминација

За време на мај 2012 година акциите на Facebook паднаа уште на вториот ден од излегувањето на социјалната мрежа на берзата. Тогаш инвеститорите, брокерите и новинарите изразуваа сомнеж за способноста на компанијата и основачот Марк Закерберг да ја материјализираат огромната база на корисници. Четири години подоцна Facebook се проценува на 315 милијарди долари што го прави четврта најголема технолошка компанија во светот. И одамна не се нарекува проста социјална мрежа. Денеска е еден од највлијателните технолошки гиганти, новински портал и рекламен колос. Амбициите на Зукерберг се уште поголеми за во иднина. Според кажаното за време на годишната конференција на Ф8, Facebook наголемо ќе се занимава со воведувањето на вештачка интелигенција, дронови, виртуелна реалност и други иновации.

 

Во моментов Facebook може да се пофали со огромен аудиториум, желба на секој маркетинг агент. Социјалната мрежа има 1,6 милијарди долари месечни корисници, од кои 83,6% се надвор од Северна Америка. Во исто време 900 милиони луѓе го користат Facebook Messenger додека WhatsUp- чат услугата која што беше купена за 22 милијарди долари пред две години уште 1 милијарда луѓе. Корисничката база на Instagram e поголема од 400 милиони луѓе. Facebook  навистина одамна не е социјална мрежа. „Повеќе е холдинг компанија за различни комуникациски платформи“.

Според врвните светски аналитичари и медиуми нема друга компанија во светов со исклучок на Google, која што располага со толкав број корисници и знае толку многу за нивните онлајн навики и може да ги таргетира така успешно. Во истото време се забележува одлив од социјалните навики на корисниците на Facebook. Па така онлајн изданието The Information објави дека од средината на 2015 година досега обемот на споделени информации на Facebook е намален за 5%. Паѓањето на постирањето на лични информации е уште поголемо и изнесува 21% на годишно ниво.

Официјалниот одговор на Facebook е дека корисниците се уште поминуваат многу време на платформата и дека статистиките се приближно еднакви на минатата години. И додека многумина сметаат дека има причина за загриженост, стратегијата на Зукерберг е далеку поамбициозна од контакти со пријатели, допаѓањена постови и приватни снимки.


z1Извршниот директор на Facebook верува дека виртуелната реалност ќе го промени начинот на кој комуницираме и го гледаме светот. Во моментов во процес на проектирање е камера од 360 степени и сензори преку кои луѓето ќе можат да се сретнат со секого и во секое време во било кој дел на светот. Според Закерберг, сето тоа набрзо ќе биде возможно.


Десетгодишниот план на основачот на компанијата сака да ги промени комуникациите меѓу луѓето во светот. Тоа вклучува три етапи- првата е подобрување на целиот екосистем на Facebook во следните три години, вториот е окрупнување на Instagram , WhatsUp, Messenger и други продукти во следните пет години,  а третиот е разработка на виртуелна реалност, вештачка интелигенција и глобална поврзаност во следните десет години. Логично последната фаза привлекува најголем интерес.

Виртуелен од прв поглед

Закерберг јасно покажа доверба во иднината на виртуелната реалност уште пред две години кога плати  две милијарди долари за Okulus, компанија која тогаш просто ветуваше револуционерна виртуелна реалност. Извршниот директор на Facebook верува дека виртуелната реалност ќе го промени начинот на кој комуницираме и го гледаме светот.

Во моментов во процес на проектирање е камера од 360 степени и сензори преку кои луѓето ќе можат да се сретнат со секого и во секое време во било кој дел на светот.

Според Закерберг, сето тоа набрзо ќе биде возможно. „Многу од работите кои ги гледаме како физички објекти денес, на пример, телевизорот во скоро време ќе бидат достапни за само еден долар, најавува основачот на Facebook. Според него, технологијата ќе биде помогната од создавањето на нови очила, кои по ништо не се разликуваат од сегашните  обични наочари со диоптер.

Вештачки интелигентни ботови

Според визијата на Закерберг во иднина корисниците ќе комуницираат со вештачка интелигенција преку Facebook Меssenger, таканаречени ботови кои ќе доставуваат секакви корисни информации за сообраќајот, времето или пазарењето. За прв пат таков бот веќе корист CNNMessenger и препорачува статии и новини според интересите на корисниците.

Ботовите нема да имаат право да зборуваат со корисниците,  ако тоа стриктно не се бара од нив. „Луѓето немаат ништо против да контактираат со фирми и различни услуги преку Messenger. Тоа ги прави продуктите поважен дел од животот на корисниците“ Ботовите ќе им предлагаат на клиентите различни можности, ќе можат да распознаваат снимки и ќе обработуваат нарачки.

Првично Facebook нема да прави пари од системот во со време може да воведе бизнис модел.


z2Најголемата и веројатно најтешко остварлива амбиција на Закерберг е да ги сврзе кон мрежата две третини од населението на планетата кое во моментот нема постојан пристап до интернет. За целта на компанијата ќе се користат дронови, ласери и бесплатна претплата. Facebook за таа намена создаде авион напојуван од сонцето кој тежи помалку од една кола и може да лета на височина од 20.000 метри со месеци и да шири бесплатен интернет сигнал преку ласери.


Цел свет на Facebook

Најголемата и веројатно најтешко остварлива амбиција на Закерберг е да ги сврзе кон мрежата две третини од населението на планетата кое во моментот нема постојан пристап до интернет.

За целта на компанијата ќе се користат дронови, ласери и бесплатна претплата. Facebook за таа намена создаде авион напојуван од сонцето кој тежи помалку од една кола и може да лета на височина од 20.000 метри со месеци и да шири бесплатен интернет сигнал преку ласери. „Ако некој некогаш ми кажеше, дека Facebook ќе направи авион ќе речев дека тој е луд“, изјави Закерберг.

Што ќе се случува во скоро време…

Некои од овие проекти може и да не се случат, но јасно ја покажуваат желбата на Закерберг да биде визионер како други технолошки магнати пред него.

Во прво време компанијата секако треба да ја исполни првата фаза од десетгодишниот план. Дел од неа цели да ги задржи потребите кои ги имаат од социјалната платформа. А најсигурен начин да ги натераш луѓето да поминат повеќе време на Facebook е да ги привлечеш со разнообразни и интересни содржини. За време на таа година Facebook покажа нови две услуги од кои една од нив треба да биде центарот на новиот фокус на компанијата – стриминг на видео во реално време. Facebook толку многу се залага за овие услуги што дури им плаќа на водечките медиуми и извесни личности да создадат содржина.

„Работиме со некои партнери и во некои од случаите тоа вклучува финансиски стимул“, вели Фиџи Симо директор за продукти на Facebook. Компанијата објави дека стриминг услугата веќе е достапна за сите корисници и се очекува да се популаризира во наредните месеци. Од сето ова може да се заклучи дека во првата етапа од десетгодишниот план на Закерберг, целта на Facebook е да го запази статутот на главна социјална платформа.

На таков начин иднината на социјалната мрежа е розова во услови кога луѓето остануваат на Facebook без разлика дали толку објавуваат лични информации како претходно. Од друга страна, ова не го загрозува бизнис моделот на Facebook да собира лични податоци од своите корисници, за да ги продава на маркетинг агенциите и ќе продолжи да го прави тоа. Со овој двоен бизнис модел патот кон глобална комуникациска доминација им е отворен.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×