32 милиони денари владина поддршка добиле 164 компании лани
Објавено на од во Uncategorized

На средба организирана од Министерството за економија во соработка со УСАИД беа промовирани мерките за поддршка на мали и средни претпирјатијa (МСП) во Македонија. Марина Арсовска, раководител на секторот за претприемништво и конкурентност на МСП, ги претстави минатогодишните резултати од овие мерки за кои вели дека се одлични и ја најави програмата за оваа година чии огласи се објавени и може да ги најдете тука.  

Untitled

Во 2018 година Владата со мерките за поддршка на МСП успеала да стимулира 164 компании, од кои 41,6% се од скопскиот регион. Вкупната вредност на поддршката била 32 милиони денари кои 80% биле искористени за поддршка во производствениот и околу 20% во услужниот сектор.

Овие пари најмногу биле дадени за набавка на опрема, за што се пријавиле 99 компании. Следат мерките за ISO и HALAL стандарди и обука на вработени.

Во рамките на проектот биле финансирани и 9 здруженија на граѓани во вредност од 2 милиони денари, како и еден техничко- технолошки парк во склоп на универзитетот „Мајка Тереза“.

За 2019 година, мерките остануваат исти и се однесуваат на четири категории:  мерка за поддршка на конкурентноста и претприемништвото на занаетчиски и стопански комори, мерка за директни субвенции на МСП и женско претприемништво, мерка за интернационална поддршка во имплементација на ISO и HALAL стандарди и закуп на саемски штанд во странство и мерка за стручно усовршување.

Повеќе информации за националната стратегија на МСП погледнете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×