33 евро-пратеници ги поддржаа Ципрас и Заев за Нобеловата награда за мир
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
“Мора сериозно да ја разгледате наградата за постигнувањата на двајцата премиери, кандидати за Нобеловата награда за мир во 2019 година”, посочуваат во писмото, 33-цата евро-пратеници, со што ја поддржаа од свое име номинацијата од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Видед Бушамауи.
Заев Ципрас33 пратеници од 16 земји и целиот политички спектар, со исклучок на екстремната десница, кои припаѓаат на шест политички групи во Европскиот парламент (левица, социјалистите, зелените, Европската народна партија, конзервативците и либералите) напиша писмо до Норвешкиот Нобелов комитет препорачува премиерите на Грција и Северна Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, за Нобеловата награда за мир 2019 година.
“Ова е првпат да се постигне таков пионерски договор на Балканот (…) Нивната номинација (номинацијата за грчки премиер Алексис Ципрас и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев) за Нобеловата награда за мир ја пренесува пораката дека храброста и прогресивно размислување надвор од националните границите треба да бидат наградени “, се вели во препораката од 33-цата пратеници кои потпишаа писмо упатено до Нобеловата комисија, предлагајќи премиерите на Грција и Северна Македонија да бидат номинирани за Нобеловата награда за мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×