34% од американските економисти очекуваат рецесија до 2021 година
Објавено на од во Економија
Голем број американски економисти се доста загрижени за ризиците што ги носат економските мерки на претседателот Доналд Трамп.
economic-crisisТриесет и четири проценти од економистите анкетирани од Националното здружение за бизнис економија (NABE) изразија уверување дека економското забавување ќе се претвори во рецесија во 2021 година.
Процентот на економисти кои се уверени во скора рецесија е поголем отколку на анкетата во февруари, кога 25% од анкетираните имаа такво мислење.
Само два проценти од анкетираните очекуваат рецесијата да започне оваа година, додека 38% очекуваат тоа да се случи во 2020 година.
Тие претходно изразија стравувања дека царините на Трамп и поголемите дефицити во буџетот може на крајот да го задушат економскиот раст.
Кога станува збор за изгледите за успех во последната рунда разговори меѓу САД и Кина, американските економисти исто така изразија скептицизам, се наведува во истражувањето на NABE.
Само пет проценти рекоа дека преговорите ќе резултираат со сеопфатен трговски договор, 64% рекле дека е можен некаков површен договор, а скоро еден четвртина очекувале двете земји да не се согласат за ништо.
Истражувањето, спроведено помеѓу 14 јули и 1 август, опфати 226 испитаници, кои претежно работат за корпорации и трговски здруженија.
Во принцип, одговорите на економистите се критика на целокупниот пристап на Трамп кон економијата.
Сепак, повеќето економски индикатори засега изгледаат цврсти. Работодавците постојано создаваат нови работни места, стапката на невработеност е близу минимум 50 години, а потрошувачите се оптимисти.
Податоците за малопродажба на САД, објавени минатиот четврток, покажаа дека продажбата на мало скокна најмногу во јули за последните четири месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×