37% од новите автомобили во Норвешка се на електрична енергија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Norveska

Употребата на електрични превозни средства достигна нов рекорд во Норвешка, кога стана јасно дека електромобилите држат дури 37% во пазарот на нови автомобили.

Норвешка е една од земјите кои работат засилено на промоцијата на еколошки превозни средства, повеќе од било која друга земја во светот. Во арсеналот на мерки со кои се поттикнува употребата на еколошки автомобили е и ослободувањето од плаќање на ДДВ, кој во Норвешка изнесува 25%, за сите нови автомобили со еколошки предзнак.

Во декември дури 100.000 автомобили во Норвешка биле со нулта емисија, а се очекува нивниот број до 2020 година да се зголеми до 400.000. За земја која има 5,2 милиони жители , тоа не е воопшто малку.

Како една од мерките на кои размислуваат норвешките власти за по 2020 година е и целосна забрана на автомобилите кои користат нафтени деривати. Цените на еколошките превозни средства во последните неколку години постојано се намалуваат, а се очекува тој тренд да продолжи и понатаму, откако сите поголеми автомобилски комапнии, вклучително и од Кина, влегоа во овој сегмент.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×