4.500 откази во државна служба во еден ден во Шведска
Објавено на од во Политика
Околу 4.500 вработени од шведскиот завод за вработување останаа без работа. Поради буџетски заштеди и сеопфатни реформи на пазарот на трудот, престануваат со работа десетици канцеларии низ Шведска, објавува index.hr.

riksdagДржавниот буџет за 2019 година, усвоен во парламентот во средината на декември, предвиде околу 630 милиони круни помалку плата за вработените и дури 2,5 милијарди помалку за програмите за вработување. Оваа одлука за едно од најголемите истовремени укинувања на работните места во историјата на Шведска е единствената можна последица за намалување на буџетот.
Заводот за вработување во 240 канцеларии низ Шведска вработува околу 13.500 луѓе, што значи дека без работа ќе остане третина од сегашната работна сила. Најмногу откази ќе има во провинциските центри, а најмалку во големите градови. Сите досегашни вработени ќе останат на своето работно место до април, односно до завршувањето на преговорите помеѓу синдикатот и директорот на заводот за вработување, за да се договорат околу условите за отпуштање.
Многу држави во време на тешка рецесија не се одлучиле за масовни отпуштања на државни и јавни службеници, но шведските политичари воопшто не се двоумат за вакви потези, без оглед на тоа колку непопуларни ќе станат. Иако намалувањето на трошоците на заводот за вработување е последица на буџетот што во парламентот успеале да го изгласаат централно-десничарските партии, незадоволството од моменталната функција на заводот за вработување го дели и владејачката коалиција.

Социјаледмократскиот премиер Стефан Лофвен за отказите ги обвини политичките противници од десницата, кои пред неговите избори во јануари, со помош на гласовите од „отпадничките“ центристички партии, го усвоиле државниот буџет што сега го обврзува министерката за труд Илва Јохансон да го спроведе. Сепак и Илва Јохансон изјави дека во секој случај, следело нешто слично.

-Дури и по евентуалниот ребаланс на буџетот во април, не верувам дека би имало пари со кои би се надоместил овој недостаток. Партиите со кои влеговме во коалиција за буџетот немаат таква амбициозна политика на пазарот на трудот и јасно е дека ова ќе влијае и на државниот буџет во годините што доаѓаат – изјави Илва.

Реформите одат во насока на дигитализацијата и токму затоа се случуваат отпуштањата. Најавено е дека комуникацијата со невработените во иднина ќе се одвива преку „Скајп“, што значи дека учесниците во разговорите би можеле да бидат оддалечени и стотици километри. Поголема улога на пазарот на трудот треба да добијат приватните компании, а заводот за вработување би ја задржала контролната функција. И понатаму ќе биде задолжена за спроведување на мерките за поттикнување на вработувањето, а шведските мерки се насочени кон младите луѓе без средно образование и новодојдените странци.

Стапката на невработеност во Шведска во моментов изнесува околу 6 отсто. Меѓу граѓаните родени во Шведска невработеноста е само 3,6 отсто (така што, работат сите оние кои сакаат да работат), додека кај странците е 19,9 отсто. Во такви релативно поволни пазарни и економски услови и шведската јавност и шведските политичари сметаат дека времето за реформи што заводот ќе го претвори во помалку важна, поевтина и поефикасна установа фокусирана на решавање на проблемите, а не на посредување за вработување на луѓе кои и сами без потешкотии би пронашле работа.

Сето ова укажува дека Шведска го следи норвешкиот пример и се насочува кон спојување на заводот за вработување, заводот за здравствено осигурување и даночната администрација во една институција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×