4 инспиративни и мотивирачки TED говори кои би требало да ги погледне секој претпримемач  
Објавено на од во lifestyle

TED платформа е место на кое можете да најдете бројни експерти од деловниот свет кои преку нивните говори даваат одговори на некои прашања кои и денес ги мачат бројни претприемачи, менаџери и деловни луѓе.

Водени од своите искуства и знаења кои ги добиле и истражувања на кои работеле, тие преку своите говори споделуваат многу тајни кои мотивираат многу луѓе кои се занимаваат или кои планираат да се занимаваат со бизнис.

Во продолжение издвојуваме четири одлични говори на различни експерти кои зборуваат за работи и проблеми со кои и вие сигурно се среќавате во своето секојдневие.

Предлог број 1

Зошто Мартин Лутер Кинг предводел движење за зголемување на граѓанските права? Кое е тој шаблон кој им помага на најголемите и најинспиративни луѓе и организации на светот да инспирираат луѓе околу себе? Што е тоа златен круг и зошто тоа е наједноставна идеја на светот која е заедничка на големите лидери?

Предлог број 2

Грант зборува за тоа зошто луѓето со најоригинални идеи се всушност луѓето кои направиле најмногу грешки и зошто нивните грешки воедно се и доказ дека тие најмногу се труделе? Овој психолог зборува за сите сегменти на креативноста, што ја поттикнува и како да ја развивате?

Предлог број 3

Мисијата на Скот Динсмор е да го промени светот со едноставна супермоќ-помагајќи на луѓето да откријат и градат кариера работејќи ја работата која ја сакаат. На тоа го поттикнало истражувањето кое го спровел, а кое открива дека дури 80% од возрасните луѓе работат која не ја сакаат. Како да пронајдете работа која ја сакате и која ќе ве инспирира?

Предлог број 4

Етнографот и експерт за лидерство, Симон Сеак открива сокриена динамика која се крие помеѓу довербата, водството и инспирацијата и ја објаснува разликата помеѓу луѓето кои се авторитет и луѓето кои се лидери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×