4 начини да се надмине стравот за да можете да ги достигнете вашите соништа
Објавено на од во lifestyle

Стравот: тоа е реалност што сите ја делиме. Без разлика кој сме, стравот е дел од тоа да се биде човек. Но тоа што не прави различни е начинот на кој секој од нас избира да го менаџира стравот. Тие што потпаѓаат под милоста на стравот не успеваат да го постигнат својот потенција, додека тие што избираат да го надминат стравот многу поверојатно е дека ќе ги остварат своите соништа.

Ако сакате да ги достигнете вашите соништа и цели, потребно е да научите како да го менаџирате стравот, оти тоа е основна навика што треба да ја научите и да ја практицирате.

Прво, важно е да запомните дека стравот е анатомско искуство. Кога чувствувате страв, вашиот мозок се блокира. Престанувате рационално да размислувате, и во тој момент не сте во можност да го решете проблемот ефективно, како кога не сте под чувство на страв. Вие треба да препознаете кога тоа се случува и да имате стратегија да го надминете тоа.

Еве четири чекори кои можете да ги употребите денес за да го надминете вашиот страв следниот пат:

Fear-of-Failure

 

1. Идентифицирајте што е она што ве прави да чувствувате страв: Секој пат кога чувствувате дека сте под напад на страв, запишете си што е она што тоа го предизвикува. Најдете го коренот на вашиот страв. Тоа всушност може да биде и нешто многу едноставно како „Не ја постигнав посакуваната цел“. Што е тогаш специфично во тој момент што ве тера да чувствувате страв?

2. Успорете: Направете нешто што ќе ве успори и ќе направи вашиот систем повторно да се врати во состојба на рационалност. За мене, ова значи играње, медитирање, или одење на прошетка. Најдете нешто што вам ќе ви помогне.

3. Прашувајте прашање: Дали овој страв е рационален? Кое е најлошото сценарио? Кои се клучните акции кои можат да се преземат ако има најлошо сценарио? Дали ова се случило во минатото? Доколку е така, како сте го решиле тогаш? Постои ли издржан доказ дека најлошото сценарио може да се случи? Дали верувате дека вие сте способни да го надминете тоа?

4. Преземете акција: Акцијата помага да ги најдете податоците што ви требаат за да го надминете стравот. Фаќајте забелешки од сите реалности и достигнувања кои докажуваат дека вашите стравови се само во вашата глава. Во средината на акцијата, сетете се на она што ги докажува вашите способности. Акцијата ви помага да се движете низ непознатото.

Чувството на страв нема никогаш во целост да го наминете. Никој не е имун на тоа, без разлика што гледате или читате по социјалните мрежи. Тогаш кога ќе прифатите дека стравот ќе биде присутен, може да почнете да гледате на тоа како на чекор кој ве вади од вашата комфорна зона и со тоа почнувате да растете. Тој ви кажува кога вие ги поместувате границите на можностите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×