Connect with us

економија

40 ученици од странство во посета на БРАКО во потрага по информации која идна професија да ја одберат за себе

објавено

на

Брако

Ученици од основни училишта од Германија, Норвешка, Естонија, Романија и од Северна Македонија, ја посетија велешката фабрика БРАКО, во рамките на програмата „Еразмус +“ и проектот „Професии за иднината“.

40 ученици од основни училишта од Германија, Норвешка, Естонија, Романија и од Северна Македонија, ја посетија велешката фабрика БРАКО, во рамките на програмата „Еразмус +“ и проектот „Професии за иднината“.

За време на посетата, еден од инженерите во БРАКО, Костадин Атанасоски, ги запозна учениците со работењето на фабриката и ги охрабри да го продолжат своето понатамошно образование во некоја од техничките струки.

Инженерот Атанасоски им пренесе на учениците што значи директно да се учествува во развивањето на нови производи со висока додадена вредност и да се подобруваат веќе постоечките, и со нив да се биде конкуренција во светски рамки.

Атанасоски го нагласи примерот со возилата за одржување јавна хигиена, од кои единственото возило од оваа категорија во светот кое работи на погон на водород е целосно развиено и произведено во БРАКО, како и 5 нови модели на возила на електричен погон,  и сето тоа е направено од страна на инженерскиот тим во фабриката, што носи голем професионален успех и лична сатисфакција за секој кој учествувал во проектот.

Организатор на посетата во рамките на проектот, „Професии за иднината“ беше основното училиште “Методија Митевски Брицо” од Лозово, кое го избра БРАКО како компанија која може да им помогне на учениците во нивната одлука за идната професија, со оглед на тоа што БРАКО е светски познат македонски бренд кој постојано следи и инвестира во нови современи технологии,иновациите, истражување и развој. 

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор